Мисајловски: Градењето национална отпорност, подготвеноста на институциите, како и сојузничката солидарност во НАТО се клучни за справување со современите кризи
1Мисајловски: Градењето национална отпорност, подготвеноста на институциите, како и сојузничката солидарност во НАТО се клучни за справување со современите кризи
МакедонијаРеакција од ВМРО - ДПМНЕ на ставови на Венко Филипче-СДС измислува анкетиСДС измислува анкети, Филипче си ги лечи фрустрациите со лажни бројки.Венко Филипче, министерот кој ја остави државата без лекови и граѓаните без здравствен систем, сега се обидува да ја третира реалноста со анкети по негова мерка – лажни, невалидни и политички наредени. Повеќе од јасно е дека болката од катастрофалниот пораз сè уште го држи буден, па наместо да се соочи со вистината, си измислува падови каде што има раст. Ако има елементарна пристојност – каква што очигледно нема – Филипче треба да покаже барем една релевантна анкета каде СДС има повеќе од 6%. Само една. Без вашиот партиски „анкетен софтвер“, без вашите партиски портали и без вашиот кујнски штаб. Да видиме, дали постои барем едно истражување на јавноста кое ја потврдува фантазијата што ја продава Филипче овие денови? Вашите анкети покажуваа и пред изборите лани дека ќе победите и дека ќе формирате влада со сите албански партии, нудејќи им сè живо и диво на ДУИ. Оттука ги разбираме обидите на Филипче да ги „раздвижи“ и мотивира и оние малкумина поддржувачи што ви преостанаа. Не се сомневаме ни дека истите анкетари кои ви ги правеа тие анкети денес се и политички советници кај Филипче, па мора да си ја оправдаат платата и да му сервираат секакви глупости. А тој, како неврохирург, го разбираме зошто се доведува во ситуација да им верува. Но, се ближат избори и повторно ќе се увери дека го лажат – или, пак, неговото членство, она што остана, ќе се увери дека тој ги лаже нив. Вистината е една – ВМРО-ДПМНЕ има стабилна поддршка, а СДС продолжува да биде во слободен пад и со празни митинзи. Народот не заборава: здравствениот криминал, тендерите и неспособноста се синоними за времето на Филипче и Заев. Времето на лагите помина. СДС и нивните „анкетари“ остануваат длабоко во минатото. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаМисајловски: Градењето национална отпорност, подготвеноста на институциите, како и сојузничката солидарност во НАТО се клучни за справување со современите кризиМисајловски говореше на тема „Национален хуманитарен систем, градење отпорност, можности и предизвици од членството во НАТО“Министерот за одбрана, Владо Мисајловски денеска се обрати на настанот „Хуманитарната дипломатија како инструмент за обликување на иднината на Црвениот крст на Република Македонија и националниот хуманитарен систем“, на покана на генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, Саит Саити, а под покровителство на Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, д-р Беким Сали. Во своето обраќање пред присутните, министерот Мисајловски говореше на тема „Национален хуманитарен систем, градење отпорност, можности и предизвици од членството во НАТО“, при што ги истакна клучните столбови за заштита од денешните современи кризи, нагласувајќи дека воените конфликти, климатските промени, природните катастрофи, хибридните и сајбер-заканите не познаваат граници и ги надминуваат капацитетите на поединечните институции. „Современиот концепт на национална отпорност подразбира покрај способноста да одговориме на кризите, истите навремено да ги предвидиме со цел да ги намалиме последиците и што побрзо да го вратиме нормалното функционирање на општеството. Подготвеноста не започнува во моментот кога ќе се појави кризата, туку се гради многу порано преку заедничко планирање, развој на капацитетите и меѓусебна доверба“, истакна Мисајловски, потсетувајќи на мислата на американскиот претседател Џон Кенеди „Времето да се поправи покривот е додека сонцето сјае“. Осврнувајќи се на улогата на Министерството за одбрана и Армијата во националниот систем за справување со кризи, Мисајловски посочи дека македонската Армија покрај својата примарна мисија, одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата, претставува витален капацитет за поддршка на цивилните институции. Тој нагласи дека, поддршката, е клучот во справувањето со непогодите и кризните состојби, бидејќи ниту една институција не може да дејствува изолирано, и токму затоа е неопходна координацијата и со Црвениот крст, граѓанскиот сектор и волонтерските друштва. Во тој контекст министерот Мисајловски додаде дека системот на солидарност и помош на земјите сојузнички во рамки на Алијансата, за нашата држава претставува дополнителна гаранција и поддршка за градење отпорно општество и побрз одговор при големи катастрофи. Како потврда за оваа двонасочна солидарност беа посочени македонските армиски тимови кои помагаа по разорниот земјотрес во Турција и поплавите во Словенија, но и итната сојузничка помош за време на трагедијата во Кочани преку поддршката со медицинска евакуација, опрема и лекување на повредените, како и преку ангажирањето на 10 воздушни тимови за гаснење на пожарите во 2024 година. Мисајловски на крајот додаде дека, градењето национална отпорност е континуиран процес во кој секој сектор има своја одговорност, а преку зајакнување на партнерството меѓу државните институции, Црвениот крст и граѓанскиот сектор се создава поефикасен и поодржлив систем за заштита на граѓаните.Тагови: Владо Мисајловски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКонески: Станови за млади брачни парови до 35 години со цени за 20 проценти пониски од пазарнитеНула комуналии за изградба на дом и студентска картичка со 20 проценти попусти за услуги преку апликацијата М-услуги.Почитувани, 35-тата годишна конференција на УМС е добар повод да зборуваме за младите. А кога зборуваме за иднина на младите, тоа значи да ги засукаме ракавите и да се работи за секој еден млад човек. Ние како УМС велиме дека иднината не се чека, иднината се гради, а ние како ВМРО-ДПМНЕ постојано без застој работиме на подобро утре за младите. Сега, во оваа прилика, како што кажа и претседателот Христијан Мицкоски, имаме три мерки кои се клучни и кои ги решаваат прашањата на младите, како тоа за егзистенција и домување. А нашите мерки се конкретни проекти кои ќе ги преточиме во законски решенија и кои точно се знае како ќе се спроведуваат. Првата мерка се однесува на младите брачни парови до 35 години и предвидува најмалку 20% попуст на пазарната цена за станбен простор и за реализација на истото ќе се донесе закон. Ова значи дека секоја градежна компанија која сака да гради, за да добие дозвола ќе биде обврзана да оддели минимум 10% станбена површина за брачни парови до 35 години, по цена која ќе биде најмалку 20% помала од пазарната цена. Понатаму, тука е и втората мерка која исто така предвидува млади до 35 годишна возраст во оваа ситуација кога кои сакаат да градат свој дом. Практично со оваа мерка, секој млад брачен пар до 35 години кој сака да гради дом нема да плаќа на општината за комуналии. И за оваа мерка се предвидува законско решение. Третата мерка е за студентите. Секој студент ќе има студентска картичка со која ќе има низа поволности и пониски цени за 20% за сите услуги што ќе ги користи преку апликацијата М-услуги. И за реализација на оваа мерка во координација се сите надлежни институции со цел да им обезбедат на студентите не само она што подразбира усогласување со инфлацијата за студентскиот оброк, туку поволности и за други услуги. Почитувани, Ние, како Унија на млади сили, кога зборуваме за иднина зборуваме за можностите, а тоа освен овие мерки што ги наведов, работиме и на тоа секој млад човек да има можност за квалитетно образование, услови за професионална кариера, можности за сопствен бизнис, да создаде семејство и да живее достоинствено. За сето ова, добро е што имаме реален партнер. Тој партнер е Владата на Република Македонија која е предводена од проф. д-р Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕТагови: Тодор Конески Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВодата во Скопје безбедна за пиењеНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 16.11.2026 до 20.11.2026 зема 196 примероци за физичко-хемиска и 196 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter