Герасимовски: Социјални пакети за 50 пензионери во социјален ризик, Центар продолжува грижата за повозрасните граѓани
1Герасимовски: Социјални пакети за 50 пензионери во социјален ризик, Центар продолжува грижата за повозрасните граѓани
МакедонијаРеакција од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролката на СДСМ Богданка КузескаСудиите и обвинителите се сè уште тие што СДС ги избра, доколку има нешто против законски за Христовски први ќе го повикаат за разговор.СДС да не заборава дека судиите и обвинителите се истите тие кои они ги донесоа од тефтерите на бироата во Зајас и Муртино. Заврши времето на „овој ми е брат“ или „од партија е не го чепкај“, сега секој еден без разлика на партиска, верска или етничка припадност, ќе си одговара за одредена работа доколку има докази за истото. Повторно СДС растура пердуви и секој ден пресовите им се на база на тоа, кој ќе напише полош текст – истиот да се објави. Го повикуваме обвинителството да го провери случајот, а доколку испадне дека нема вистина во истото, СДС јавно да се извини. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Социјални пакети за 50 пензионери во социјален ризик, Центар продолжува грижата за повозрасните граѓаниГрадоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со Црвениот крст, подели социјални пакети со прехранбени производи на 50 пензионери со минимални пензии.„Солидарноста и грижата за повозрасните граѓани треба да бидат наша секојдневна обврска. Во време кога изостанува потребната социјална грижа од државата, ние како локална самоуправа сме тука да помогнеме. Годинава ја зголемивме еднократната финансиска помош за пензионерите на 5.000 денари, како што и ветивме. Со овие пакети сакаме да им дадеме дополнителна поддршка на нашите пензионери, особено во пресрет на новогодишните празници. Ова е дел од низата хуманитарни активности што ги подготвуваме во овој период“, порача Герасимовски. Со оваа акција Општина Центар ја потврдува посветеноста на социјална поддршка за најранливите категории граѓани. Преку соработката со Црвениот крст, општината продолжува да ја поттикнува солидарноста и хуманоста, затоа што и малата помош може да значи многу за оние на кои им е најпотребна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЗдравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, откриена е цената за метар квадратенНајголемата балканска музичка ѕвезда Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, но се уште не може да се всели во него. Сега е отркиена и сумата која популарниот Чола ја „искеширал“.Пред три години, Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, иако сè уште не се вселил во него. Изградбата на комплексот, кој гледа кон морето и марината, е во тек; се очекува првите две згради да бидат завршени во пролетта 2027 година. Популарниот Чола, го купил имотот во 2023 година, кога становите во комплексот се продавале по цена од приближно 5.500 евра за квадратен метар. Проектот, лоциран на возвишено место над брегот, опфаќа пет планирани згради со вкупно 150 станови. Агенцијата за недвижности задолжена за продажбата соопшти дека становите во првите две згради се речиси целосно распродадени. Сè уште се достапни станови во приземјето со површина од 50 квадратни метри, по цена од 5.800 евра за квадратен метар. За преостанатите три згради, постапката за добивање градежни дозволи е сè уште во тек. Дополнително, во соработка со „Хрватске шуме“ (Hrvatske šume), се подготвува решение за уредување на зелената падина под комплексот. Според проценките на агенцијата, сите пет згради би требало да бидат завршени до 2028 година.Тагови: здравко чолиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканМајка во грција продала дете за 3.500 евра Две жени во Грција се под истрага и се соочуваат со обвиненија за незаконско посвојување, откако полициските проверки откриле сомнение дека новороденче било продадено од неговата мајка на друга жена во замена за пари.Според информациите објавени од грчката државна телевизија ЕРТ, 40-годишната мајка се сомничи дека на почетокот на оваа година го предала своето новородено бебе на 32-годишна жена од Аспропиргос, населено место западно од Атина. За продавањето на детето, наводно, добила 3.500 евра, а сомнежите се дека парите ги искористила за да купи автомобил.Тагови: грција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook