МакедонијаРеакција од МНР на прес-конференцијата на СДСММакедонската дипломатија не е и нема да биде ничија партиска сопственост. По години на политичка злоупотреба, ја враќаме дипломатијата на државата – институционално, професионално и во согласност со законот.Автентичното толкување на член 39 став 3 од Законот за надворешни работи е легитимна, уставно заснована постапка, донесена од Собранието – единствениот орган со надлежност за толкување на законите. Министерството нема ниту овластување, ниту влијание врз овој процес. Членот на Комисијата за надворешни работи од СДСМ, Фатон Бејта, го упатуваме на предметот Уставно право на кој било правен факултет во државата, каде што ќе може да се потсети дека државата се темели врз начелото на поделба на власта – законодавна, извршна и судска. Целта на ова толкување е да се воведе дополнителен демократски филтер и јавна отчетност при изборот на амбасадори – не да се одземе уставната надлежност на Претседателот, туку да се зајакне транспарентноста пред граѓаните. Собраниската процедура, спроведена пред Комисијата за надворешни работи составена од пратеници од сите политички партии, е доказ за инклузивност и независност на процесот. Наместо да одржуваат безпредметни прес-конференции, СДСМ треба да одговори зошто нивните амбасадори со години беа апатични, невидливи или отворено политизирани, а именувањето на дел од нив беше спроведено спротивно на Законот за надворешни работи. Нашата цел не е партизација, туку системска професионализација. За првпат по долг период се воспоставуваат јасни критериуми, јавни постапки и механизми за унапредување на кариерните дипломати. Најсилна потврда за ова се измените на Законот за надворешни работи, кои неодамна беа усвоени во Собранието, а чија главна цел е токму професионализацијата на дипломатијата. Амбасадорите што чесно и професионално ја извршувале својата функција немаат од што да се грижат. Но оние што амбасадите ги третираа како партиски трофеи – нивниот мандат завршува. Оваа влада гради модерна, отчетна и компетентна дипломатија – со амбасадори што ја претставуваат државата, а не партијата. Не враќаме наназад – конечно се движиме напред.Тагови: МНР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Технологија„Signal“ го блокира снимањето на екранот„Signal“ воведува нови ограничувања за снимање на екранот со цел да ги спречи агентите со вештачка интелигенција да пристапуваат до размените на пораки на мобилните телефони.Овие нови поставки ќе бидат овозможени по дифолт и ќе ги блокираат обидите за снимање на екранот, со што ќе им се отежне на системите со вештачка интелигенција да ги читаат пораките преку визуелен пристап до содржината на апликацијата, пренесува Ројтерс. Кога „Signal“ ќе открие обид за снимање на екранот или пристап до него преку „AI“-асистент, до корисникот ќе стигне известување кое нуди можност за исклучување на оваа заштита. Оваа одлука доаѓа како одговор на сè почестата употреба на агенти со вештачка интелигенција – системи кои можат да ја гледаат содржината на екранот на корисникот, да собираат информации од различни апликации и самостојно да извршуваат задачи, како што се одговарање на е-пораки, закажување состаноци или вршење онлајн купувања. Истовремено, од „Signal“ предупредуваат дека сè поголемата интеграција на вештачката интелигенција во уредите претставува сериозна закана за приватноста на корисниците. Од „Signal“ се особено загрижени што ваквите можности сè повеќе се вградуваат директно во оперативните системи, вклучително и во оние што ги поддржуваат „Siri“ и „Gemini“. „Signal“ користи енд-ту-енд енкрипција (E2EE), што значи дека само учесниците во разговорот можат да ја читаат неговата содржина. Сепак, агент со вештачка интелигенција кој има пристап до екранот би можел да направи снимка од пораката, да го препознае текстот и да го пренесе во сопствените системи. Извор: Б92Тагови: Signal Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРусите наводно платиле двајца Данци да убијат украински раперДвајца дански државјани се осомничени дека планирале убиство на украински рапер, по налог на руската разузнавачка служба, пред неговиот настап во Данска. Оваа информација ја објави данската телевизија ДР, повикувајќи се на податоци од судското рочиште, пренесува Ројтерс. Полицијата спречила обид за атентат и уапсила двајца мажи непосредно пред концертот на раперот познат како „Киевстонер“. Настапот бил закажан за 25 септември, но бил откажан по апсењата. Данската телевизија известува дека двајцата мажи пред судот изјавиле оти не се чувствуваат виновни. Поради сомневањата за планиран атентат, најавени се прес-конференции на Данската безбедносна и разузнавачка служба (PET), министерот за надворешни работи Ларс Локе Расмусен и министерот за правда Николај Вамен. Нејасни детали од истрагата Данската безбедносна служба „PET“ уште во септември предупреди дека Русија се обидува да регрутира дански државјани за планирање саботажи против одбранбени компании кои соработуваат со Украина. Сè уште не е познато како полицијата ги идентификувала двајцата осомничени, кои биле запрени во возило во кое имало повеќе парчиња оружје. Не е разјаснето на кој начин руските разузнавачки служби наводно ги регрутирале двајцата дански осомничени. Извор: Индекс.хрТагови: Данска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаГолем штрајк предизвика немири во Италија: Демонстранти запалија картонски тенкВо неколку италијански градови избија инциденти за време на генералниот штрајк.Во Милано беше запален тенк од картон, во Џенова беа фрлани димни бомби и јајца, а во Рим беа прекриени таблите со цените на горивата. Генералниот штрајк, на кој денеска повика синдикатот „CGIL“, се одвива низ цела Италија, а во него учествуваат работници од јавниот и приватниот сектор, пренесува „Adnkronos“. Во акцијата се вклучија и синдикатите „COBAS“ и „USB“, како и други работнички организации, при што се организирани протести на околу 100 јавни плоштади низ целата земја. Azione dimostrativa contro il riarmo a Milano. Gli studenti hanno dato alle fiamme un carro armato di cartone e le effigi di Trump e Netanyahu. https://t.co/6cLJayTjDA — Local Team (@localteamit) November 20, 2026 Штрајкот опфаќа различни сектори, од транспорт и образование до јавни услуги. Во Милано, за време на студентски марш, демонстрантите запалија картонска реплика на американски тенк во близина на Конзулатот на САД. На чело на поворката беа носени фигури на американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, прикажани како држат пушки. Демонстрантите го изразија своето противење кон милитаризацијата и војната, извикувајќи: „Влада што поттикнува војни – не ги сакаме вашите војни“. Во Џенова, студенти кои учествуваа во марш против милитаризацијата фрлаа јајца кон седиштето на „Конфиндустрија“ (Генерална конфедерација на италијанската индустрија) на улицата „Виа Фјуме“. Пред влезот беше поставен картонски ковчег со натпис „тројца работници дневно“, а беа фрлени и димни бомби. Во Рим, двајца млади мажи со качулки се приближија до бензинска пумпа за време на студентскиот марш и ги прекрија таблите со цените на горивата со налепници на кои беше испишана бројката нула. Маршот започна на плоштадот „Пјацале Остиенсе“, при што учесниците протестираа против државниот буџет, војните, повторното вооружување и високите трошоци за живот. Протестот продолжи со пароли како: „Ние нема да ја плаќаме војната“. За време на маршот, пред Колосеумот, студентите им оддадоа почит на работниците кои загинале на своите работни места, оставајќи жолт заштитен шлем испрскан со црвена боја – што ја симболизира крвта на жртвите. Во Рим се појавија и графити насочени против премиерката Џорџа Мелони и настанот „Атреју“, организиран од политичките сили од десниот центар. Главниот протестен марш, организиран од синдикатот „CGIL“ во Рим, започна во 9:30 часот на плоштадот „Виторио Емануеле II“. По завршувањето на собирот на улицата „Деи Фори Империјали“, синдикатот соопшти дека на маршот учествувале 50.000 луѓе. На протестот учествуваа генералниот секретар на „CGIL“, Маурицио Ландини, заедно со лидерката на Демократската партија, Ели Шлајн, и лидерот на Движењето „Пет ѕвезди“, Џузепе Конте. Во Торино беа организирани два одделни протестни марша. Едниот, организиран од „CGIL“, собра илјадници работници и пензионери кои пристигнаа од различни делови на покраината. Вториот марш обедини стотици студенти од колективите „Оса“ и „Камбиаре Рота“, како и членови на синдикатот „USB“. Учесниците протестираа против повторното вооружување, високите трошоци за живот, кратењето на средствата за јавниот сектор и несигурните форми на вработување. Според медиумските извештаи, штрајкот може да предизвика нарушувања во јавниот превоз – вклучувајќи ги автобуските, трамвајските и метро линиите – при што конкретните услови и времетраењето на прекинот на работа се разликуваат од град до град. Штрајкот влијаеше и врз училиштата, каде што синдикатите, исто така, организираа протестни активности.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook