Во продолжение целото соопштение од Иницијатива за Реформи во ИВЗ
Иницијативата за реформи во ИВЗ реагира на обезличувањето, деинститунацијализацијата и нападот на достоинството на ИВЗ, односно на муслиманите на Република Македонија, и тоа од самата ИВЗ, Уставниот Суд на Република Македонија и ДУИ.
ИВЗ незнаејќи како да го реши реалниот проблем со средното теолошко ушилиште “Иса Бег Медреса”, така што фатена во тесно, измислува други виновници. Впрочем овој проблем се појави во 2008-ма година, кога во Република Македонија средното образование стана задолжително за сите деца подеднакво, но за жал овој закон наместо да донесе позитивни резултати, тој стана причина за многу негативни последици во секој домен на државата, а тие негативни последици не го поштедија и средното исламско теолошко училиште “Иса Бег Медреса“. Во тој период “Иса Бег Медреса“, наместо да остане да функционира и работи точно за она што беше формирано пред 600 години, како специјално училиште за припремање на исламски теолошки кадри, Медресата на широко ги отвори своите врати и почна да запишува ученици на кои, исламската теологија не им беше цел, туку едноставно да завршат средно училиште, па после тоа да се запишуваат по разноразните државни и приватни универзитети и да се стекнат со посакуваната диплома Меѓутоа, ИВЗ потфрли и воопшто не се соочи со ова ситуација. Во таа немоќ, Шаќир Фетаху искористувајќи го премиерскиот мандат на Талат Џафери, со една никаква владина одлука, го укинува 600-тини годишното исламско теолошко училиште “Иса Бег Медреса“, и со исто име формира приватна гимназија “Медресеја Иса Беу“. Среќна околност за Шаќир Фетаху, е тоа што, во Македонија не владее шеријатскиот закон. Заради ваквата состојба, преполна со манипулации и лаги на Шаќир Фетаху Иницијативата за Реформи во ИВЗ, неколку пати досега, од новата влада има побарано целосна или темелна измена на законот за црква, верска заедница и религиозна група, како и трансформација на Комисијата за Односи со Верските Заедници. Ние веруваме дека само со измена на законот за црква, верска заедница и религиозна група и со трансформација на комисијата во активна, ефективна и одговорна институција, ќе се реши и проблемот со средното исламско теолошко училиште “Иса Бег Медреса“. Всушност, само на овој начин на училиштето ќе му се врати авторитетот меѓу припадниците на исламот и пошироко, квалитетот на наставата, и секако квалитетот на кадрите што ќе се припремаат и излезат од тоа училиште, односно училиштето да се врати да функционира за тоа за што е формирано и за ништо друго, а за да се постигне квалитетот, неминовна е и акредитацијата на училиштето од страна на државата, затоа што квалитетот на ова училиште е многу важен, и тоа не само во границите на Македонија туку и многу пошироко.
Изјавата на претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски „ФАЛА МУ НА БОГА ШТО ПРЕТХОДНИТЕ УСТАВНИ СУДИИ ЈА ЗАЧУВАА СЕКУЛАРНОСТА НА ДРЖАВАТА“ многу јасно и недвосмислено кажува за неукоста и неписменоста на уставните судии, односно „според судијата-известител Ана Павловска-Данева, Уставниот суд со својата одлука донесена со мнозинство гласови и овој пат, како и во повеќе наврати претходно со своите одлуки донесени во различни судиски состави, ЗАСТАНА НА БРАНИКОТ НА СЕКУЛАРНОСТА НА ДРЖАВАТА“, впрочем мнозинството судии и овој пат гласале паушално и спротивно на уставот и сите закони за образование, како и спротивно нз законот за црква, верска заедница и религиозна група. Тука би го потенцирале фактот дека Уставните судии воопштто немаат појма за значењето на принципот на секуларноста, односно, доколку претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, не би му се заблагодарил на Бога, искрено ќе помислевме дека во него реинкарнирал Енвер Хоџа, или пак Неџмие Хоџа во случајот на судијата Ана Павловска-Данева, но за жал, ова е реалноста на Уставниот суд на Македонија, просто неписмени со дипломи.
Конечно и ДУИ се огласи во „одбрана“ на ИВЗ и муслиманите, меѓутоа Иницијативата за Реформи во ИВЗ, нема да се впушти во коментирање на последната и досега единствената реакција на ДУИ во однос на ИВЗ и муслиманите, впрочем 22-те години власт на ДУИ не го решија овој проблем, а во меѓувреме имаше полно непоправливи проблеми и понижувања кон ИВЗ и муслиманите, поготово од 2013 година, кога ДУИ во целост ја зароби ИВЗ, односно ја превзеде во целосно владение, состојба која трае и денес.
Иницијатива за Реформи во ИВЗ
Проф. Др. Бејадин Амети