Реакција на ЗНАМ по соопштенијата на СДСМ и ДУИ - Канал 5

Реакција на ЗНАМ по соопштенијата на СДСМ и ДУИ

Секојдневните заложби на функционерите од редовите на Движењето ЗНАМ се во насока на почитување на Уставот и законите, истите да важат и да се спроведуваат еднакво за сите.

Реакција на ЗНАМ по соопштенијата на СДСМ и ДУИ

Принципиелноста и владеењето на правото не се само апстрактни идеали, тие се темелот врз кој е изградено Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, темелот врз кој стои целата наша политичка борба.

Ниту денес, ниту утре, нема да отстапиме од тие идеали.

Кога министерот за правда, Игор Филков, бара одговорност со име и презиме, не станува збор за мешање во правосудството, туку обид да се врати довербата што беше разнишана во годините кога СДСМ и ДУИ создаваа механизми на селективна правда, кога институциите беа алатки на партиски интереси, а не на граѓаните.

Имено, кога СДСМ се дрзнува да зборува за „сценарија“ и „дилови“, тие всушност се обидуваат да избегаат од сопственото политичко минато. Лесно е да се фрли сомнеж, но тешко е да се одговори за сопствените одлуки.

Велат дека постои сценарио за враќање на Груби и некаков договор меѓу други политички субјекти. Но ако во оваа држава некој има историја на политички сценарија, договори зад затворени врати и обиди за контролирани враќања - тоа е токму коалицијата СДСМ/ДУИ.

Да се потсетиме: бегството на Никола Груевски се случи во време кога СДСМ/ДУИ ја водеа Владата.

Институциите беа под нивна надлежност. Системот беше под нивна одговорност.

Токму во нивниот мандат почнаа и разговорите за можни „решенија“, за начини на негово враќање, за политички формули со кои ќе се затвори едно прашање што тежеше врз системот.

Нивното владеење се одбележа и со укинување на член 353 од Кривичниот законик, под изговор на усогласување и реформи, клучната одредба за гонење злоупотреба на службена положба, интервенција директно под покровителство на СДСМ/ДУИ, со која се релативизираше одговорноста на функционери.

Со едно гласање се затворија или се доведоа до застарување повеќе предмети, спроведоа одлука со длабоки последици, направија амнестија спакувана како европска реформа.

Кога зборуваат за морал и правда, нека одговорат и за скандалот со вакцините - за доцнењата, за сомнителните договори, за посредниците и милионските обврски во време кога граѓаните се бореа за здравје и живот.

Нека одговорат за аферата со марихуаната, каде што лиценци се делеа во сенка на политички врски.

Нека одговорат за ТЕЦ Неготино, за притворите и сомнежите за штетни договори.

Нека одговорат и зошто во кривичната пријава против Артан Груби се споменува и поранешниот премиер и тогашен претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски?!

Дали можеби токму таму лежи вистинската причина за нервозата што ја гледаме?!

Поранешниот вицепремиер Артан Груби беше главниот благајник на коалицијата СДСМ–ДУИ, човек преку кого поминуваа кадровските поделби, крупните инфраструктурни договори и политичките компромиси.

Во негово време и директно под негова контрола се туркаше договорот со Бехтел и Енка за Коридор 8 со специјален закон и авансни исплати, што отвори сериозни сомнежи за провизии и нетранспарентност.

Лице осомничено за проневера од над осум милиони евра во случајот со Државна лотарија.

И кога се отвора прашањето за негово расчистување, наместо со факти, раководството на ДУИ одговара со драматизација, но во суштина стравуваат од целосно и неселективно расчистување.

Од една страна, разбирлива е чувствителноста и нервозата кога станува збор за поранешни високи функционери што со години биле во самиот врв на одлучувањето.

Главниот оперативец на коалицијата СДСМ/ДУИ, Груби, е жива архива на политички и финансиски шеми што долго беа скриени од јавноста.

Дали ДУИ се загрижени дека доколку Груби проговори ќе се отвори пандорината кутија?

Дали стравуваат дека тој може да стане заштитен сведок и да ги открие сите шеми, договори и улоги што го одржуваа нивниот систем на моќ?

Затоа инсистираме, институциите мораат да ја завршат својата работа темелно, транспарентно и без селекција. Правдата не смее да биде алатка на партиите, ниту законите да се кршат за политички потреби. Ако некој мисли дека може да создава магла и сцени пред да се појават фактите, тогаш не го разбира времето во кое живееме.

Времето на тајни договори, контролирани институции и политички заштити заврши!

Али, Зоки, Венко - нема потреба од драматизација, ниту од паника.

Без разлика колку ќе се препелкате со соопштенија, обвинувања и конструкции - правдата сигурно ќе ве стигне.

Исходот сите го знаете.

На крајот, правдата секогаш наоѓа пат…

Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ирачкиот премиер тврди дека го видел американскиот план за инвазија врз Иран преку Ирак

Ирачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп.

Ирачкиот премиер тврди дека го видел американскиот план за инвазија врз Иран преку Ирак

Ирачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп, кој предвидува влез на американските сили во јужен Иран преку Ирак.

Ова го пренесува весникот „Ал-Мада“, повикувајќи се на анонимни извори блиски до владата.

Според овие наводи, планот содржи три сценарија. Едното предвидува копнен упад на САД во Иран, додека другото вклучува можност Иран да изврши притисок врз Багдад за да дозволи влез на иранските сили во Кувајт преку ирачкиот град Басра. Третото сценарио не е опишано. Оваа информација не е независно потврдена, а ниту Белата куќа, ниту кабинетот на ирачкиот премиер не ја коментираа.

Според истиот извор, Ал-Заиди предупредил дека вооружените фракции ќе бидат уапсени доколку се вклучат во војната на страната на Иран. Наводно, Вашингтон бара од Багдад да преземе конкретни мерки во однос на групите блиски до Техеран, стравувајќи дека Ирак би можел да стане појдовна точка за напади или одмазда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дијаспората се обедини: Голем собор на Македонците во Волонгонг

Голем собор на Македонците во Волонгонг: Дијаспората се обедини на Митровден.

Дијаспората се обедини:  Голем собор на Македонците во Волонгонг

СО ТОРЖЕСТВЕН СЕНАРОДЕН СОБОР ВО ВОЛОНГОНГ БЕШЕ ПРОСЛАВЕН ПРАЗНИКОТ МИТРОВДЕН И БЕШЕ ОДБЕЛЕЖАНА ХРАМОВАТА СЛАВА

Споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски, освен во татковината свечено со векови е прославуван од нашиот македонски народ во дијаспората. Традиционално и оваа година во далечна Австралија, во Волонгонг во присуство на многуброен народ од сите краишта на Австралија беше свечено прославен патрониот празник на храмот.

Чествувањето започна во предвечерието на празникот на ден 07. 11. 2026 година со Вечерна богослужба.

Утредента на 08. 11. 2026 година, во 23 недела по Педесетница, на самиот ден на празникот чествувањето на светиот Димитриј продолжи со Утрена богослужба и Света божествена литургија предводена од страна на отец Гаврил (Галев) од манастирот „Свети Климент Охридски“ во Мелбурн во сослужение на пречесните отци, старешината на храмот славеник, протојерејот Борислав Лазов и со пензионираниот свештеник, о. Климент Џепароски.

На Литургијата присуствуваше голем број верен народ од Волонгонг и околината на Илавара и Сиднеј, кои дојдоа да се помолат и да се поклонат на честицата од моштите на светиот Димитриј и да се причестат со Светите Христови Тајни.

Пред присутните на Литургијата со свое празнично слово посветено на светиот Димитриј се обрати отецот Гаврил. Во беседата тоу укажа на значањето секој православен верник да се преобразува и да го следи примерот на светителите, кои се наши застапници и молитвеници пред Бога на патот на спасението.

По Литургијата беа осветени славските колачи.

Од страна на црковната општина „Свети вмч. Димитриј Солунски“ известија дека на овој торжествен ден беа особено удостоени со присуството на Амбасадорот на Република Македонија, г-дин Стојанче Китаноски, како и на отец Гаврил од манастирот „Св. Климент Охридски“ од Кинг Лејк, Мелбурн.

А исто така дека на оваа значајна духовна и празнична радост ѝ се придружија и претставници од повеќе сестрински Македонски црковни општини од Мелбурн, Сиднеј и Њукастел. „Нивното присуство претставуваше посебна чест и радост за нашата црковна заедница, сведочејќи за единството, братската љубов и заедништвото што нè поврзуваат во верата и во нашата Македонска православна традиција“ – известија од страна на црковната општина.

По литургиската прослава следуваше празничен ручек и богата културно-уметничка програма. По благословот на трпезата, пригосни говори одржаа парохискиот свештеник, о. Борислав Лазов и Претседателот на црковната општина, г-дин Петар Лозенковски, кои како домаќини им посакаа топло добредојде на гостите. Потоа збор им беше даден на гостите.

Пред присутните се обрати и заменик претседателот на Австралиско-сиднејската епархија, г-дин Дејан Змејкоски, кој во својот поздравен говор ја истакна важноста од сплотеноста на македонскиот народ во Австралија и во практикувањето на верата, традициите и во чувањето на јазикот, културата и идентитетот далеку од својата татковина во земја која на демократски начин овозможува развој на мултикултурализмот. Змејкоски ги пренесе поздравите од членството на Управата на најстариот храм во македонската дијаспора „Свети вмч. Георгиј и Пресвета Богородица“, како и од верниот народ при оваа општина во Епинг укажувајќи дека сите црковни општини под Австралиско-сиднејската епархија се во значителен подем и развој и дека е од особена важност тој заенички епархиски успех и во иднина да се сочува и надградува.

Македонскиот амбасадор, Н.Е. Стојанче Китаноски исто така се обрати пред собраниот народ, искажувајќи дека тој како новоназначен амбасадор ќе се труди да биде блиску до сите наши луѓе, а исто така и Амбасадата која секогаш ќе биде отворена за секој еден наш иселеник. Амбасадорот Китановски им ја честиташе храмовата слава на Управата и верниците при црковната општина во Волонгонг и им се заблагодари за целокупниот труд кој го вложуваат за зачувувањето на врските со нашата заедничка земја и татковина Македонија.

Од страна на Управата во знак на благодарност на Амбасадорот му беше доделена плакета, која му ја додели Претседателот, г-дин Петар Лозенковски.

Во продолжение пред собранието, кратки поздравни говори имаа и претседателот на Црковната општина „Успение на Пресвета Богородица“ од Њукастел, г-дин Сашо Стојчевски, по што беа разменети пригодните подароци.

На настанот присуствуваа и секретарот на ЕУО, г-дин Александар Младеновски, како и преставници од црковните општини од Рокдејл и од Силванија.

Ваквата прослава беше прекрасна можност македонската заедница од Австралија да се собере на едно место за што Му благодариме најнапред на Бога за неговиот благослов и на светиот Димитриј, а на сите присутни гости, сослужители, верници и пријатели им упатуваме искрена благодарност за нивното присуство и споделената празнична радост, велат од црковната општина.

По молитвите на Светиот великомаченик Димитрија Солунски, Господ да ги чува, укрепува и благословува нашите семејства, нашата црква и целиот македонски православен народ, каде и да се наоѓа!

За многу години празникот!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повредена целата прва петорка на Денвер

Кошаркарите на Денвер Нагетс се во многу лоша ситуација бидејќи повеќето од нив мака мачат со повреди.

Повредена целата прва петорка на Денвер

Нагетси досега имаат остварено пет победи и три порази во сезоната 2026/27, а во ноќта меѓу понеделникот и вторникот, во 2 часот и 30 минути по полноќ (според наше време), ги очекува дуел со Хјустон Рокетс.

Како што пренесуваат американските медиуми, а потврди и самиот тим од Денвер, Нагетс се соочуваат со сериозен проблем, бидејќи постои можност натпреварот да се одигра без ниту еден од клучните играчи на тимот од Колорадо.

Вклучен е алармот – Никола Јокиќ се наоѓа на листата на повредени поради повреда на десниот лакт, поради што е можно воопшто да не настапи на натпреварот против Хјустон!

Извештајот за здравствената состојба во тимот на Нагетс ги загрижи сите навивачи на Денвер, бидејќи на него се наоѓаат речиси сите важни играчи. Единствено сигурно е дека Џулијан Стротер нема да настапи против Рокетс поради повреда на левото колено. Како што веќе беше споменато, Јокиќ има проблеми со десниот лакт, Кристијан Браун со листот на левата нога, а Арон Гордон, Кем Џонсон и Демар Дерозан исто така имаат проблеми со нозете, додека Џамал ​​Мареј има повреда на потколеницата на левата нога.

Настапот на секој од нив е неизвесен, а ситуацијата дополнително се усложни поради доцнењето на летот при враќањето од Мексико Сити, каде што Нагетс играа во саботата навечер. Поради тоа, целата стартна петорка се наоѓа на списокот на играчи чиј настап на следниот натпревар е неизвесен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер