Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Шукова - Канал 5

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Шукова

Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави" дипломатијата не може да зборува за надворешна политика.

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Шукова

Андреј Жерновски, човекот кој не избламира пред земја членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор не може да зборува за дипломатија.

Жерновски кој седеше со месеци во Букурешт без да предаде акредитивни писма, слуга на Заев не може да кажува како треба да се работи.

Жерновски е уште еден потрчко на патлиџан дипломатијата на Заев, кои ја сфаќаа дипломатијата како ,, Бојко љубави, имаш поздрави од Зоки".

Жерновски глуми дипломат, а всушност се работи за човек кој е следбеник на дипломатијата, ,, еден народ, две држави".

СДС пред да зборува за дипломатија, треба да се извини за Заев, и за сите уназадувања кои ги причини тој, на национален план.

СДС ги урна Македонските позиции, нешто кое наиде на фрапираност и кај најголемите шовинистички кругови во Бугарија.

СДС е директно виновен за се негативно на дипломатски план.

А Владата на ВМРО-ДПМНЕ, веќе една година поправа грешки од СДС и ниже успеси.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Сојузот на средношколци ќе избира нов претседател, кандидати се двајца ученици

Сојузот на средношколци денеска во Собранието на Република Македонија ќе одржи 25. Генерално собрание и 4. Конгрес, на кој ќе се избира нов претседател на Сојузот

Сојузот на средношколци ќе избира нов претседател, кандидати се двајца ученици

Сојузот на средношколци денеска во Собранието на Република Македонија ќе одржи 25. Генерално собрание и 4. Конгрес, на кој ќе се избира нов претседател на Сојузот и ќе бидат презентирани активностите и резултатите од двегодишниот мандат на досегашниот, Берин Мухамед.

-Ќе се избира претседател на Сојузот на средношколци – позиција со клучна улога во застапувањето на средношколските интереси на национално и интернационално ниво, наведува Сојузот на средношколци.

Има двајца кандидати за претседателската функција: Виктор Јакимов - ученик од средното приватно училиште „НОВА“ во Скопје, кој оваа година завршил втора година средно, и Иво Маркиќ – ученик од средното приватно училиште „Јахја Кемал“ - Скопје, кој во јуни завршил прва година средно образование.

Вардар, Работнички и Силекс стартуваат во квалификациите во Конференциската лига

 Вицешампионот Силекс, третопласираниот минатата сезона во домашното првенство Работнички и освојувачот на македонскиот Куп, Вардар, денеска ги стартуваат квалификациите за пласман во групната фаза во Конференциската лига на УЕФА.

Вардар, Работнички и Силекс стартуваат во квалификациите во Конференциската лига

Силекс од 20 часот му гостува на црногорскиот претставник Дечиќ во Тузи, додека во истиот термин Работнички ќе му гостува на белоруски Торпедо – Белаз на неутрален терен во унгарскиот град Сомбатели во својот прв натпревар на европската сцена по пауза од седум години.

По седумгодишна пауза во европските купови се враќа и најтрофејниот македонски клуб Вардар, кој вечерва од 20:30 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ја пречекува Ла Фиорита од Сан Марино.

Реванш натпреварите се закажани за идниот четврток.

Македонскиот првак Шкендија во вторникот одигра без голови против велшки ТНС на гостински терен во првиот натпревар од воведното квалификациско коло во Лигата на шампиони, пред реваншот идниот вторник на Aрената во Скопје.

Лондон и Париз ќе ги координираат нуклеарните сили за одвраќање на Русија

Велика Британија и Франција се договорија да нарачаат дополнителни крилести ракети „Сторм Шадоу“, додека паралелно разговараат за заеднички развој на нивен наследник, како дел од обновениот одбранбен пакт.

Лондон и Париз ќе ги координираат нуклеарните сили за одвраќање на Русија

Велика Британија и Франција се договорија да нарачаат дополнителни крилести ракети „Сторм Шадоу“, додека паралелно разговараат за заеднички развој на нивен наследник, како дел од обновениот одбранбен пакт, објавија британските медиуми по посетата на францускиот претседател Емануел Макрон на Лондон.

Ракетата „Сторм Шадоу“, или СКАЛП како што ја нарекуваат Французите, има долг дострел и веќе се користи од страна на Украина за напади во длабочина на руската територија. Двете држави со години разговараат за развој на нова генерација ракети, но сега, со оваа посета, официјално започнува следната фаза од проектот.

Заедничкиот развој ќе обезбеди над 1.300 работни места во Велика Британија, соопшти Владата во Лондон.

На третиот ден од државната посета на Макрон, тој и британскиот премиер Кир Стармер ќе потпишат и договор за продлабочување на нуклеарната соработка. Двете земји – единствените нуклеарни сили во Европа – ќе изразат подготвеност за координација на нивниот нуклеарен арсенал со цел одвраќање од потенцијални закани како Русија.

Оваа декларација доаѓа во момент кога администрацијата на Трамп во САД бара од европските сојузници во НАТО да преземат поголема одговорност во безбедноста на континентот.

- Од војната во Европа, до зголемени нуклеарни ризици и секојдневни сајбер-напади – заканите растат. Како блиски партнери во НАТО, Британија и Франција имаат долга традиција на одбранбена соработка, а новите договори го подигнуваат ова партнерство на ново ниво, изјави Стармер.

- Ова партнерство ја зајакнува нашата лидерска позиција во Европа, обезбедува континуирана поддршка за Украина и испраќа јасна порака до нашите противници – заедно сме посилни, додаде британскиот министер за одбрана, Џон Хили

Како надградба на договорите од Ланкастер Хаус од 2010 година, двете држави ќе го засилат и заедничкиот воен капацитет „Обединети сили“, како и соработката во одбранбената индустрија – особено во областа на вештачката интелигенција и оружја со директна енергија – преку нова програма наречена „Индустриска Антанта“.

притисни ентер