Реакција на тренерот на Макпетрол Заборски за случувањата во Карате федерацијата - Канал 5

Реакција на тренерот на Макпетрол Заборски за случувањата во Карате федерацијата

Реакција од тренерот д-р Бошко Заборски , тренер на македонскиот најтрофеен клуб во карате Макпетрол –Скопје.

Реакција на тренерот на Макпетрол Заборски за случувањата во Карате федерацијата

Со овој допис сакам да ја информирам Македонската спортска јавност и Македонските спортски институции: Агенцијата за млади и спорт, Македонскиот Олимписки комитет и сите клубови кои се членови на КФРСМ, дека јас Бошко Заборски, во моментов член на ИО на КФРСМ и Потпретседател на истата , не се согласувам, и се спротивставувам на веќе изгласаниот Правилник за работа и избор на државните репрезентации. Не ја подржувам и политиката која се наметнува од страна на новото раководство на КФРСМ. Во периодот додека бев зафатен со учество на Европска универзијада во Полска, беа испратени бројни дописи до КФРСМ, потоа дописите почнаа да се испраќаат и до спортските медиуми за да биде појасна работата се одлучив и јас да испратам допис, најнапред до сите клубови во КФРСМ, а сега и до спортските медиуми во нашата држава

ЈАВНО ГО ИЗНЕСУВА СВОЈОТ НЕПОКОЛЕБЛИВ СТАВ, НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ СО ПРАВИЛНИКОТ ЗА РАБОТА И ИЗБОР НА ДРЖАВНИ РЕПРЕЗЕНТАЦИИ КОЈ Е ИЗГЛАСАН ЕЛЕКТРОНСКИ И БЕЗ КОНСУЛТАЦИЈА СО НАШИТЕ АФИРМИРАНИ КЛУБОВИ И ТРЕНЕРИ. НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ СО ПРАВИЛНИКОТ ОД СЛЕДНИТЕ ПРИЧИНИ:

Правилникот за избор и работа со државните селекции претставува најважниот правен документ во Федерацијата, со добро составен правилник кој има јасни критериуми за избор и со негова помош се контролира целата работа на клубовите и тренерите. Изготвувачот на Предлог Правилникот, најнапред без никаква најава и консултација ова го направил тајно, плански смислено и во тесен круг на свои истомисленици, кои се во моментов функционери и ја предводат Федерацијата. Вака изгласан Правилник, единствено ќе помогне за зголемена и комплетна контрола и приватизација на КФРСМ.

Ќе се прашате зашто сега приватизација и од каде до тоа се стигнало во размислувањата. Приватизација на федерацијата ќе се постигне не веднаш, но за година две, со систематска и добро планирана реализација на проектот, еден клуб Репрезентација, односно со воведување на овој Правилник во сила, сите клубови кои имаат репрезентативци посебно во сениорска , У21 и јуниорска конкуренција, ќе бидат комплетно зависни само од страна на еден човек, а тоа се селекторите на тие селекции, блиски на новоизбраниот Претседател на КФРСМ.

Суштински и најважно од се е тоа што, со овој Правилник, на селекторите им се даваат неограничени права и можности за избор на репрезентативците и составот на селекциите. Стариот правилник комплетно се отстранува, со сите досегашни критериуми и ништо не важи со донесување на новиот Правилник.. При тоа, тие, предлагачите можат во секој момент да предложат спортисти-ки и тоа врз основа на лични оцени, кои секако дека ќе изобилуваат со субјективни, неаргументирани и дискриминативни проценки и оценки (а тоа е напишано во Правилникот), каде што без вистинска критериумски вредности може да се врши избор на репрезентативците. Во овој Правилник, едноставно не постојат Критериуми, по кои ќе се избираат репрезентативците, односно може секогаш врз основа на субјективна забелешка да се измисли критериум, по кои поквалитетниот спортист може да се отстрани од националниот тим и за тоа клубот и спортистот и неговите најблиски, да не можат да имаат никаква забелешка на изборот на селекторот. На овој начин во секој момент за лични цели селекторот може да прави НЕГАТИВНА СЕЛЕКЦИЈА на спортисти-ки, за избор во селекциите.

Аргументи за неговата проценка и избор нема да бидат потребни, и затоа јас викам, ќе се направи ПРИВАТИЗАЦИЈА на КФРСМ.

Загрижувачки е податокот, имено имаме директна реакција на десетина клубови, а од страна на новото раководство се нема слух, да се слушнат мислењата на тренерите и клубовите, кои се најзасегнати со донесувањето на новиот Правилник.

Со овој Правилник, се наруши комплетно рамнотежата во Федерацијата, Рамнотежа едноставно нема да има, таа и до сега не постоеше, но сепак имаше критериуми по кои се избираа најдобрите спортисти.

Да се вратам на Правилникот, зошто е НЕПРИФАТЛИВ:

v Правилникот во многу делови е Субјективен, односно дава можност за неизмерна и неконтролирана субјективност при изборот на репрезентативците во сите селекции.

v Дискриминативен е во секој поглед и ваков каков што е ќе биде прогласен за таков и од страна на Комисија за Дискриминација на РСМ.

v Нема јасни Критериуми за избор на репрезентативците, што е најважно, едноставно во многу делови остава можност за манипулација, необјективност, пристрасност, субјективност, тој ќе одговара само за спортисти од клубот или клубови блиски до селекторот.

v Правилникот, во себе содржи преголеми права кои им се даваат на селекторите, за избор на спортисти, за казнување, за одлучување, за поведување дисциплински постапки, до сега никогаш селекторот немал вакви неограничени права во досегашната карате историја. Освен во еден период , но затоа тогаш имаше два паралелни сојузи (федерации), големи кавги , подвоеност, дисфалификации од светска и европска сцена и многу неправилности во тогашното владеење со Федерацијата

v Селекторите со овој правилник, не мора, ама ќе можат да вршат уцени на спортисти, клубови и тренери за влез во репрезентација (им се дава можност)

v Селекторите не мора, ама ќе може да вршат уцени директно на клубовите , за нивни спортисти да бидат дел од репрезентацијата, (им се дава можност)

v Во секој момент само врз сопствена проценка на визуелизација или на нивно мислење се дозволува смена на спортист ( односно државниот првак, во секое време може да биде заменет дури и со трето четврто или петто пласиран спортист), близок до клубот на селекторот односно Претседателот.

v Со индиректна и директна присила може да се принудуваат клубовите и спортистите да бидат добри извршители, полтрони и послушници и се остава голем простор да бидат уценувани ако не се ,,послушни,, и не ја следат политиката на Претседателот и селекторите, бидејќи ќе немаат репрезентативци, КФРСМ ќе биде едноставно приватизирана.

v Со овој правилник или со негова помош се врши комплетна Контрола и Приватизација на КФМ, од одредена група на луѓе, блиска до Претседателот. Групата на владетелите и управувачите е позната на сите клубови кои реагираат и сакаат да помогнат овој правилник навреме да се отстрани

v Со овој Правилник, Репрезентацијата во скоро сите возрасни категории од напред ќе биде составена, едноставно се губи основната смисла на одржувањето на Државните првенства, изборните првенства и контролните турнири.

v Овој Правилник, ќе овозможи голема привилегија и недопирливост само на одредени спортисти кои ќе бидат Фаворизирани од страна на раководството и селекторите.

v Привилегија, да се облече националниот дрес ќе ја имаат само спортисти кои се блиски до Претседателот и групацијата на селектори кои сами се избираат

v Власта управувањето и раководењето со Федерацијата , повторно ќе биде само во 3-4 луѓе, само тие ќе одлучуваат за сите прашања кои се поврзани со интересите на спортистите, тренерите и клубовие

v Сега овој дел е еден од најважните, бидејќи вој начин на работа ќе придонесе да се користат еднострано и строго контролирано и управувано заедничките финансии од КФРСМ, финансии за кои придонесуваат сите клубови , преку уплата на годишни членарини, регистрации на клубови, регистрации на спортисти, добивање на Ваучери за федерација, Ваучери за клубови, Ваучери за спортисти, средства од АМС, кои се добиваат по план и програма за работа а тие средства ќе ги користат само блиските клубови до Претседателот, тие кои ќе ја пратат неговата политика на припадност и нееднаквост, бидејќи само од тие клубови ќе бидат избирани селектори , помошници тренери и репрезентативци и само тие ќе имаат можност за добивање на поголем клупски и спортски ваучер

v Правилникот ќе се претвори во Оружје за присила, односно со него ќе се постигне целта, за вршење на притисок на клубовите тренерите и спортистите, или си со нас или нема да имаш квалитетен спортист и клуб

v Само луѓе од потесното раководство, се тие кои ќе патуваат на сите натпревари со заедничките финансиски средства, тие истите ќе ја водат репрезентацијата на сите натпревари и во секое време ако нешто не им одговара ќе можат да ги казнат сите останати и за тие Одлуки ќе бидат покриени со Правилник кој го изгласаа електронски.

v Поголемиот дел од вистински квалитет на спортисти ќе бидат маргинализирани и неправедно отстранети од националниот тим, а такви ќе има многу, поради новонастанатата состојба во која ќе имаме привилигирани клубови и тренери, затоа ќе имаме масовно откажување на спортисти од активно тренирање и настапување во карате федерацијата.

v Клубовите и тренерите ќе немаат никакво Објаснување за своите спортисти, во делот зашто нивниот спортист е отстранет од репрезентацијата, тренерите нема да бидат во можност да им објаснат на спортистите зашто се отстранети од репрезентацијата, едноставно сите спортисти кои се поинтелигентни а такви се сите, веднаш ќе се откажат од тренирање и натпреварување, а со тоа КФРСМ ќе загуби многу квалитетни спортисти, такви примери имаше и до сега.

v Сега со овој Правилник, Вие кои извршивте "ОКУПАЦИЈА НА КФРСМ,, ќе имате можност, овој рецепт да го применувате каде сакате и во која возрасна категорија сакате да направите промена, вие ќе ја направите а за тоа да бидете покриени со Правилник , кој самите си го изгласавте без дозвола и расправа со сите клубови кои партиципираат во составувањето на репрезентациите

Јас, сега за сега овде ќе застанам, иако има уште многу да пишувам за оваа работа, јасно и гласно кажувам, не смеевте да си дозволите изгласување на овој Правилник, бидејќи во неговата изработка не побаравте мислење од ниту еден докажан и заслужен клуб или тренер, кој има направено повеќе за федерацијата до сега, од колку сите вие заедно. Такви тренери и клубови постојат, но вие очигледно заслепени од моменталната власт не ги сметате за рамноправни чинители.

Немавте консензус и договорна рамка и согласност за предлагање и прифаќање на овој Правилник, од сите клубови и тренери кои несебично досега придонесуваа за Афирмирање и постигнување на резултати во КФРСМ. Напротив имате, секојдневно бројни дописи во кои клубовите Ви посочуваат дека одите во погрешна политичка насока во нашата Федерација.

Запомнете еднаш дека КФРСМ, не е ваша приватна своина, дури и столчињата на кои седите во канцеларијата се купени од наши пари, поради тоа ние клубовите и тренерите кои работиме и сме засегнати ќе се бориме за нашите права и за нашата Федерација:- заврши Заборски

Д-р сц Бошко Заборски

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пропаднаа преговорите меѓу Нетанјаху и Ајзенкот за формирање влада на Израел

Новите преговори меѓу ривалските израелски страни се тргнати од маса откако двајцата лидери се обидоа да ги решат „значајните разлики“ што ги разделуваат.

Пропаднаа преговорите меѓу Нетанјаху и Ајзенкот за формирање влада на Израел

Ќор-сокакот дојде откако технички премиерот Бенјамин Нетанјаху и лидерот на опозицијата Гади Ајзенкот денес се обидоа да најдат излез од политичкиот ќор-сокак создаден по изборите минатиот месец, пишува Би-Би-Си.

Десничарската Ликуд на Нетанјаху и центристичката партија Јашар на Ајзенкот објавија во заедничка изјава дека одржале „деловни“ разговори за влада на национално единство. И покрај ова, хебрејските медиуми објавуваат дека сè уште има големи несогласувања и дека е одлучено преговарачките тимови повеќе да не се состануваат. На октомвриските избори, блокот на Нетанјаху освои 53 мандати, а алијансата на Ајзенкот од четири партии освои 48. Ова значи дека ниту една партија нема потребно мнозинство во Кнесетот, кој има 120 претставници.

Според извори на весникот „Хаарец“, Ајзенкот одлучил да ги продолжи преговорите за формирање влада со партиите во рамките на неговиот блок, но ја оставил отворена можноста Ликуд да им се придружи подоцна. Рокот за формирање влада истекува за една недела, на 6 декември.

Нетанјаху: Мојата лидерска одговорност диктира да ставам сè настрана

Денешните разговори беа претходени од предлогот на Нетанјаху за формирање влада со ротирачки премиерски мандат, во кој нема да бидат вклучени арапските партии. Тој потврди дека ќе се согласи Ајзенкот да биде првиот премиер, но не прецизираше колку долго ќе трае тој мандат.

„Мојата лидерска одговорност диктира да ставам сè настрана, вклучително и принципот дека мандатот ѝ припаѓа на најголемата партија“, напиша тој на X. Додаде дека се согласил Ајзенкот „да биде првиот премиер, додека јас би бил заменик-премиер на почетокот на мојот мандат“.

Ајзенкот, поранешниот началник на Генералштабот на израелската армија, одговори повикувајќи го Нетанјаху на „искрени и брзи преговори“. Само завчера, тој го обвини Ликуд за намерно одложување на коалициските преговори со цел да предизвика нови избори.

По изборите на 27 октомври, израелскиот претседател Исак Херцог одржа консултации со сите партии и му го довери на Ајзенкот мандатот за формирање влада во рок од 28 дена. Оттогаш, тој се обидува да состави коалиција за да го замени Нетанјаху и постигна одреден напредок со потпишување договор со две партии.

Сепак, неговите напори се попречени од противењето на соработката со арапските партии, како и од тешкотиите во преговорите со ултраортодоксните партии. Два арапски сојуза, Обединетата арапска листа и Заедничката листа, заедно освоија рекордни 19 мандати на изборите благодарение на големата излезност на нивните гласачи.

Ова им дава потенцијал да одлучат кој ќе ја формира новата влада, но речиси сите еврејски партии пред изборите објавија дека нема да влезат во коалиција со нив. Нетанјаху го објасни својот предлог за влада на единство со постоењето на „голема егзистенцијална закана“ и ризикот од формирање влада „која нема да може да се справи со оваа закана“.

Од 2019 до 2022 година, беа одржани дури 5 избори

„Ако Ликуд е подготвен за вистинско единство, подготвен сум да ја проценам сериозноста на нивните намери во следните 24 часа“, одговори Ајзенкот. Ниту една партија во Израел никогаш не освоила апсолутно мнозинство сама.

Затоа сите влади досега беа коалициски. Политичката нестабилност е илустрирана и со периодот од 2019 до 2022 година, кога беа одржани дури пет избори бидејќи Нетанјаху и неговите ривали не успеаја да се договорат за формирање влада.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно и студено време со температура од минус 8 до 4 степени

Утре времето ќе биде променливо облачно и студено, во текот на денот со сончеви периоди, информираат од УХМР. 

Утре променливо облачно и студено време со температура од минус 8 до 4 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС)

-6 Попова Шапка, -5 Маврови Анови, -3 Крушево, -2 Крива Паланка, Берово, Лазарополе, 0 Битола, Прилеп, Виница, Кавадарци, 1 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Велес, Демир Капија, 2 Скопје-Петровец, Штип, 3 Охрид, Струмица, Гевгелија, 4 Претор.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа до 16 часот во (l/m2)

13 Крушево, 11 Демир Капија, 10 Битола, Гевгелија, 8 Маврови Анови, 6 Прилеп, 5 Пожаране, Ѓуриште, Попова Шапка, 4 Тетово, Штип, Велес, Струмица, 3 Претор, 1 Крива Паланка, Виница, Берово, Лазарополе.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 16 часот во (cm)

42 Крушево (во 13 часот), 33 Ѓуриште, 31 Маврови Анови, 20 Попова Шапка, 14 Лазарополе, 13 Тетово, 11 Битола, 7 Гостивар, 6 Демир Хисар, 5 Берово, 4 Крива Паланка, 2 Прилеп.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Денеска времето беше облачно со врнежи од снег, а во пониските места во јужниот дел од Повардарието со врнежи од дожд и снег. Дуваше слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Попладнево ќе се задржи облачно со повремени врнежи од снег, кои постепено ќе се повлекуваат кон југ и до крајот на денот ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно и студено, во текот на денот со сончеви периоди. Во раните утринските часови во источните делови наместа ќе провејува слаб снег. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од -3 до 4 степени.

Во Скопје, променливо облачно и студено со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 1 степен.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во текот на новата седмица времето ќе биде стабилно и многу студено. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни, а наместа и дневните ќе се задржат под нула степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расте бројот на загинати во Пакистан- се урна шесткатница

Бројот на жртви од уривањето на шесткатната зграда во изградба во јужниот пакистански пристанишен град Карачи се искачи на 16, откако спасувачите извлекоа уште осум тела од урнатините, соопштија денеска локалните власти.

Расте бројот на загинати во Пакистан- се урна шесткатница

Спасувачите сè уште бараат луѓе за кои се верува дека се заробени под урнатините на зградата што се урна во среда, изјави во соопштение покраинскиот службеник за управување со катастрофи Абид Шеик, според Асошиејтед Прес.

Тој рече дека се надева дека спасувачката операција ќе биде завршена наскоро, додавајќи дека спасувачите внимателно користат тешка механизација со надеж дека ќе пронајдат преживеани.

Градоначалникот на Карачи, Муртаза Вахаб, и други владини претставници ја надгледуваат спасувачката операција.

Вахаб рече дека властите отпуштиле повеќе од десетина службеници поради уривањето на зградата и наводната небрежност.

Телевизиските снимки од местото на катастрофата во јужниот пакистански пристанишен град покажаа спасувачи во портокалови униформи и шлемови како стојат на големи бетонски плочи од урнатата зграда, опкружени со скршен конструкциски челик и заплеткани метални греди.

Уривањето на згради е честа појава низ Пакистан, каде што градежните стандарди честопати се прекршуваат, а изведувачите честопати користат нестандардни материјали или ги игнорираат безбедносните прописи за да ги намалат трошоците, објави АП.

Минатиот месец, покривот на приватно училиште се урна во северозападниот град Пешавар, при што загинаа 34 деца и еден наставник.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер