ВМРО-ДПМНЕ: Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на Ковачевски
2ВМРО-ДПМНЕ: Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на Ковачевски
Наставничка во Германија 17 години била на боледување а земала цела плата, и се заканува затворска казна
1Наставничка во Германија 17 години била на боледување а земала цела плата, и се заканува затворска казна
ЗдравјеРеакција на Синдикатот на Клинички продолжувањето на договорот за вработување Реакција на Синдикатот на Клинички центар во врска со продолжувањето на договорот за вработување на здравствените работници со наполнети 64 години.За Синдикатот на Клинички центар не се јасни причините поради кои Министерот за здравство и некои директори на јавни здравствени установи не го почитуваат Законот и не го продолжуваат договорот за вработување на некои здравствени работници, односно здравствени соработници кои наполниле 64 години возраст и имаат 15 години пензиски стаж се до нивна 67 годишна возраст, а кои претходно дале согласност работниот однос да им се продолжи. Основот за продолжување на работниот однос на здравствените работници и соработници, првично произлегува од измените и дополнувањата на чл.104 од ЗРО (Сл. весник број 151 од 6 јули, 2021 година), кои даваат можност за исклучоци од правилото дека работниот однос на работниците им престанува со навршување 64 години возраст и 15 години пензиски стаж заклучно со 30 јуни, 2022 година, доколку таквата можност е предвидена со посебен закон. Со цел имплементација на исклучоците предвидени во ЗРО и уредување на можноста за продолжување на работниот однос на здравствените работници и соработници, но најмногу до 67 години возраст, усвоени се и соодветни измени и дополнувања во Законот за здравствената заштита со воведувањето на новиот член 204-а (Сл. весник број 178 од 4 август 2021 година). Општествената оправданост на овие измени и дополнувања е повеќе од очигледна, имајќи ги во предвид постоечките состојби во здравството поврзани со обемот на работата и оптеретеноста на здравствените работници и соработници и хроничниот проблем на недостиг од квалификуван здравствен персонал, а сето тоа, во врска со потребата за обезбедување непрекината, континуирана и квалитетна здравствена заштита. Се работи за високостручен и дефицитарен кадар кој е исклучително значаен дел во функционирањето на здравствениот систем. Со овие вработени се обезбедува континуитет во стручната дообразба на младите здравствени работници и соработници и се обезбедува повисоко ниво на здравствена услуга. Истовремено, како наставен кадар придонесуваат во научната едукација на здравствените работници и соработници. Според ставот 1 на членот 204а од Законот за здравствената заштита кој ја уредува оваа проблематика за здравствените работници и соработници е утврдено дека „заради непречено вршење на здравствената дејност во мрежата на здравствените установи, директорот на здравствената установа по претходна согласност на здравствениот работник односно здравствениот соработник, еднаш годишно донесува одлука за продолжување на договорот за вработување на здравствениот работник, односно здравствениот соработник кој ги исполнил условите за стекнување на старосна пензија најмногу до 67 години возраст“, а ставот 2 од членот 204-а од Законот за здравствената заштита (ЗЗЗ) утврдува дека „одлуката на директорот за продолжување на работниот однос на здравствениот работник и здравствениот соработник, ја потврдува министерот за здравство.“. Од ова произлегува дека право на продолжување на работниот однос до најмногу 67 години возраст имаат сите здравствени работници и соработници, од сите јавни и приватни здравствени установи кои ги исполниле условите за престанок на работниот однос согласно прописите од работните односи. Единствен предуслов за остварување на ова право е давањето претходна согласност за продолжување на работниот однос упатено до работодавачот, односно директорот на здравствената установа во која е вработен работникот. Давањето претходна согласност на работникот има правна природа на еднострана изјава на волја за продолжување на работниот однос, која согласно наведениот член го обврзува работодавачот да донесе полноважна одлука за продолжување на работниот однос на здравствениот работник или соработник најмногу до 67 години, а начинот на кој е формулирана одредбата го обврзува министерот за здравство да ја потврди позитивната одлука донесена од страна на работодавачот. Ниту членот 204-а од ЗЗЗ, ниту пак било која друга законска одредба не им дава право на директорите на здравствените установи и на Министерот за здравство со било каква постапка да го прекинат работниот однос на здравствениот работник или соработник, кој претходно дал согласност за продолжување на работниот однос најмногу до 67 години возраст. Секое поинакво толкување на членот 204-а од ЗЗЗ, се смета за постапување спротивно на законот и ќе предизвика основ за поведување постапка за заштита на правото на работникот во согласност со закон. Министерот за здравство и директорите на здравствените установи треба да ја претпостават можната финансиска импликација врз Фондот за здравствено осигурување во случај на поведување поединечни и колективни тужби од страна на засегнатите здравствени работници и соработници, како и за последиците во пружањето на квалитетна и континуирана здравствена услуга на граѓаните. Синдикатот на Клинички центар ќе застане во заштита на правата на своите членови доколку истите им бидат нарушени поради несоодветна примена на законските одредби поврзани со продолжување на нивниот работен однос согласно Законот. Извршен одбор на Синдикатот на Клинички центарКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалБарселона мора да плати 602 евра!Шпанската фудбалска федерација ја казни Барселона со 602 евра поради контакти со напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез. Каталонците наводно ги прекршиле правилата при преговорите со брилијантниот Аргентинец, а Атлетико Мадрид на 30 јуни поднесе официјални жалби до Шпанската фудбалска федерација и до ФИФА, тврдејќи дека Барселона започнала преговори со Алварез без претходно писмено да го извести неговиот клуб. Врз основа на поднесената пријава, надлежните органи на Федерацијата на 30 јули покренаа дисциплинска постапка, чиј исход, според весникот „Мундо Депортиво“, бил во корист на мадридскиот клуб. По разгледување на случајот, надлежната комисија го окарактеризира утврдениот прекршок како полесен. Поради тоа, на Барселона ѝ беше изречена парична казна од 602 евра, што претставува највисок износ предвиден за ваков вид прекршок согласно член 133 од Дисциплинскиот правилник. Ова не е првпат Барселона да се соочи со слични санкции по пријава од Атлетико Мадрид. Во 2019 година, каталонскиот клуб мораше да плати 300 евра поради недозволени контакти со Антоан Гризман, кој во тој период исто така настапуваше за тимот од Мадрид.Тагови: БАРСЕЛОНА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
КултураНоември во Кинотеката: Филмска меморија, историски преиспитувања и поглед кон современостаНоемвриската програма на Кинотеката на Македонија претставува разновиден пресек на филмските искуства, историските перспективи и естетските определби што ја обликуваат кинематографијата како уметност, општествен документ ....Ноемвриската програма на Кинотеката на Македонија претставува разновиден пресек на филмските искуства, историските перспективи и естетските определби што ја обликуваат кинематографијата како уметност, општествен документ и простор на културно паметење. Во неа се испреплетуваат јубилејни проекции на значајни остварувања од македонската кинематографија, современи домашни и регионални продукции, филмски дела од азиските кинематографии и можности за повторно откривање на авторите чие творештво оставило трајна трага во нашата културна историја. Посебно место во овој репертоар зазема документарниот филм „Австралија, Австралија“ на Столе Попов, кој годинава одбележува половина век од својата премиера. Проекцијата е закажана за 28 ноември. Ноемвриската програма започнува со Етнолошкиот филмски фестивал на 3 ноември, по што следува Неделата на јапонски филм, распоредена во неколку вечери меѓу 4 и 10 ноември. Во рамките на одбележувањето на 20-годишнината од премиерата, на програмата е „Тајната книга“ (2006) на Владо Цветановски. Друго важно историско навраќање е проекцијата на „Жед“ (1971) на Димитрие Османли, закажана за 18 ноември, по повод 55 години од премиерата. Програмата за ноември не останува затворена во историските ретроспективи. Современите продукции ја прошируваат перспективата кон теми што ја определуваат денешната општествена стварност: моќта на корпорациите, историската траума, родовите нееднаквости и наследството на политичките поделби. Во рамките на овој циклус филмови, посетителите ќе можат да ги погледнат „Којотот против системот“ (Coyote vs. Acme, 2026), во режија на Дејв Грин, „Сирак“ (Árva, 2025) на унгарскиот режисер Ласло Немеш и „Скејтбординг не е за девојчиња“ (2026), во режија на Дина Дума. За југословенското наследство и современите идентитетски потраги ќе стане збор во филмот „Југо оди во Америка“ (Yugo ide u Ameriku, 2026), во режија на Филип Грујиќ и Алекса Броковиќ, кој на репертоарот на Кинотеката е на 11 ноември. Во ноемврискиот репертоар е најавена и ретроспективна проекција на дела од творештвото на Дарко Марковиќ, на 21 ноември, како и Недела на грчки филм, предвидена за 25, 26 и 27 ноември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАВидео: Од 47 поени до операција – НБА ѕвездата Ентони Едвардс ќе отсуствува од терените дури два месеца! Ѕвездата на Минесота Тимбервулвс, Ентони Едвардс, ќе мора да се подложи на операција на десното колено, поради што би можел да биде надвор од терените и до два месеца, пренесува ESPN.И покрај проблемите со коленото, Едвардс одигра одличен натпревар против Кливленд, постигнувајќи 47 поени во поразот на неговиот тим по продолжение (127:125). Американскиот бек ја започна сезоната во извонредна форма, со просек од 33,3 поени, 4,8 скока и 3,5 асистенции на првите четири натпревари. Долгата пауза би можела да ги загрози неговите шанси за признанието МВП и за избор во идеалната петорка на НБА, за што е неопходно да се одиграат најмалку 65 натпревари. Едвардс и минатата сезона имаше проблеми со колената, поради што пропушти 21 натпревар. Неговото отсуство сега претставува голем удар за амбициите на Минесота во новата сезона.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook