Поповски: Да се изгради национален консензус за поврзување на уставните измени со временски дефинирани придобивки од ЕУ
1Поповски: Да се изгради национален консензус за поврзување на уставните измени со временски дефинирани придобивки од ЕУ
2Кинеските електрични автомобили ја освојуваат Канада, но речиси сите носат знак на американски бренд
МакедонијаРеакција на СДСМ на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕПо прес конференцијата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за јавниот линч врз него, се јавија нарачателите на црната кампања од ВМРО со прес конференција. Откако претседателот Филипче најави дека ќе ги гони нарачателите и извршителот за изнесените лаги, и откако го повика Митрев да отиде кај Обвинител да пријави ако смее, излегува ВМРО на прес, стои во соопштението на СДСМ . Какво разоткривање на целата шема и однапред смислено сценарио. Разоткриени се целосно, фатени живи, сега ќе одговараат. Целата акција им беше спремна. Прво извршител, за да ја пласира лагата на емисија на Алфа ТВ. Ама не да поднесе Кривична пријава, само лагата да ја каже јавно. Потоа кујните на ВМРО веднаш ја шират лажната вест по договор, со речиси исти наслови. Водителот на емисијата објавува на социјалните мрежи најава за акцијата на ВМРО. На крај ВМРО држи прес конференција и го повикува Јавното обвинителство. Ова е нивното целосно разоктивање. Да имаше малку вистина во ова, немаше да чекаат, немаше да одат и да најавуваат на ТВ, веднаш ќе презема нешто, ќе поднесоа кривични пријави. Зошто не го прават тоа? Затоа што знаат дека така ќе одговараат по Кривичен законик а не само за клевета. Ова не е политика. Ова уште една црна кампања на ВМРО, продолжение на јавниот линч врз претседателот на СДСМ смислена со единствена цел: ДЕФОКУС! Немаат одговор на прашањата што ги мачат граѓаните, за дупката од 2 милијарди евра, за криминалните тендери, за визите од САД.... Излезете и одговорете: За договорот мигранти за пари. За дупката од 2 милијарди евра. За криминалните тендери. За Алта банка. За ноќните волци. За периметарот Сомалија. За визите од САД и „третиот свет“. Разоткриени сте. Ова нема да ви помине. Сите ќе одговарате.Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц13:53Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05Почнува полагањето државна матура, денес се полага математика,историја или странски јазик,09:09Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05
Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
ЗабаваФото: Минијатурни бикини, градите и задникот во преден планЕдна од сестрите Кардашијан - Џенер, атрактивната Кајли моментално престојува на егзотичните острови Туркс и Кајкос, каде што го користи своето слободно време за одмор, релаксација и правење секси фотографии. Фотографиите од младата бизнисменка повторно привлекоа големо внимание на социјалните мрежи, но очигледно нејзе не ѝ пречат коментарите. Напротив, таа продолжува да споделува слики од својот одмор и ужива во секој момент. Кајли редовно ги информира своите следбеници за тоа како ги поминува деновите, па нејзините профили во последните денови се полни со фотографии од плажата и базенот. Кајли ги радува фановите со фотки во минијатурни бикини на кои во преден план се нејзините бујни облини. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисФото: Рафаел Надал го прослави својот 40-ти роденден: Воодушеви со синовите и сопругатаЕден од најдобрите тенисери во историјата Рафаел Надал слави важна лична годишнина.Тенискиот шампион Рафа надал го прослави својот 40-ти роденден во интимна атмосфера со сопругата и нивните два мали сина, Рафаел Џуниор и Микел. Тениската легенда го одбележа својот 40-ти роденден со многу ретки фотографии со сопругата Марија Франциско Перело и нивните две мали деца. Рафаел зрачеше од среќа на прекрасна фотографија со своето семејство додека го прославуваа посебниот ден дома со чоколадна торта. Поранешниот тенисер, кој ги замагли лицата на своите деца, го држеше својот постар син, тригодишниот Рафаел Џуниор, во скут, додека неговата сопруга го држеше нивниот помлад син Микел во раце. View this post on Instagram A post shared by Rafa Nadal (@rafaelnadal) На друга ретка фотографија, Надал позира со широка насмевка додека во рацете ги држи синовите пред декорација со балони подготвена за да го прослави неговиот 40-ти роденден. Тој исто така сподели трогателни видеа од неговите најблиски како ја пеат роденденската песна и го прегрнуваат. View this post on Instagram A post shared by Rafa Nadal (@rafaelnadal) „Ви благодарам на сите за желбите за роденденот. Беше многу посебен ден, опкружен со целото мое семејство“, напиша Надал под објавата. Инаку Рафа и убавата Франциска својата вфрска ја започнаа пред повеќе од две децении во 2005 година. За прв пат заедно се појавија на црвениот тепих во 2011 година. Двојката беше заедно 14 години пред свадбата, а судбоносното „да“ го кажаа во Шпанија во октомври 2019 година.Тагови: Рафаел Надал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамКинеските електрични автомобили ја освојуваат Канада, но речиси сите носат знак на американски брендКанада ги отвори вратите за електрични автомобили произведени во Кина благодарение на нов трговски договор со кој значително се намалени увозните давачки.Наместо дополнителна царина од 100 проценти, возилата сега плаќаат само 6,1 процент, но со ограничување од 49.000 автомобили годишно. Во мај, во Канада беа увезени 2.910 електрични возила кои ги исполнуваа условите за преференцијална царинска стапка. Сепак, според достапните податоци, само 18 од автомобилите не беа модели на Tesla. Ова е теренецот Lotus Electra. Се верува дека најголемиот дел од увозот се автомобили „Тесла Модел 3“ произведени во фабриката во Шангај, кои компанијата ги извезува на канадскиот пазар. Другите кинески производители сè уште не започнале со испораки во значителни количини. Тоа наскоро би можело да се промени. Кинескиот гигант BYD планира да отвори до 20 продажни локации во Канада оваа година, додека „Чери“ го подготвува доаѓањето на брендот „Џаеку“. Групацијата „Гили“, која веќе ги контролира брендовите „Волво“, „Полестар“ и „Лотус“, планира понатамошно проширување преку лансирањето на брендот „Зикр“. Иако квотата има за цел да го поттикне доаѓањето на кинеските производители, засега „Тесла“ има најголема корист од новиот договор, кој го користи производствениот капацитет во Кина за снабдување на канадскиот пазар.Тагови: електричен автомобил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц13:53Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05Почнува полагањето државна матура, денес се полага математика,историја или странски јазик,09:09Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05
Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20