КошаркаРеакција на МЗТ Скопје по обвинувањата од Работнички за лошо судењеКошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром денеска со писмена реакција по вчерашните обвинувања од таборот на Работнички за лоша арбитража на првиот финален натпревар од плејофот одигран синоќа, во кој сино-белите славеа убедлива победа.„Она за кое што КК МЗТ Скопје Аеродром најостро реагира е тоа што стручниот штаб на КК Работнички го прави на секој меч со МЗТ Скопје, а тоа е постојаното влегување во теренот и вршење притисок врз официјалните лица, нешто за кое што во секоја друга лига би било драстично санкционирано. Постојано слушаме како Работнички е голем клуб, но со своите постапки покажува особини кои не му доликуваат на еден од најстарите и најтрофејните тимови во нашата држава. За своите порази не треба постојано да се бара алиби кај судиите, кај МКФ, кај сите други освен во сопствените редови’’ се вели во соопштението од МЗТ Скопје Аеродром. Актуелниот првак не пропушти да ја потенцира добрата организација на натпреварот, за што свој придонес имаат и двете навивачки групи со нивниот однос. Сепак, од таборот на МЗТ Скопје, предупредуваат дека се подготвува сценарио кое нема да и донесе добро на македонската кошарка. „Се шпекулира за иницирање на инцидент кој ќе биде главен повод за напуштање на финалето и бојкот на натпреварите. Доколку се остварат таквите најави би биле голем срам за КК Работнички и за мак-баскетот вооопшто’’, пишува во соопштението на МЗТ Скопје Аеродром. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски за „Политико“: Заслужуваме праведен, предвидлив и кредибилен пат кон членство во ЕУ„Да, понекогаш сме многу фрустрирани поради недостигот од политички резултати“, истакна Муцунски,.Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за „Брисел Плејбук“ на „Политико“, еден од највлијателните дневни утрински билтени за европската политика, порача дека државата заслужува праведен, предвидлив и кредибилен пат кон полноправно членство во Европската Унија. Во текстот на „Политико“ се посочува дека земјата е кандидат за членство од 2005 година и е целосно усогласена со надворешната политика на Унијата, но дека, две децении подоцна, сè уште чека пристапните преговори суштински да започнат. „Да, понекогаш сме многу фрустрирани поради недостигот од политички резултати“, истакна Муцунски, додавајќи дека земјата станала „студија на случај“ за тоа како билатералните спорови можат да го попречат процесот на проширување на Европската Унија. Осврнувајќи се на напредокот на другите земји кандидати, „Политико“ наведува дека Црна Гора забрзано се движи кон членство, Албанија ги затворила првите три преговарачки поглавја, а Украина и Молдавија напредуваат во преговорите. Наспроти тоа, земјата нема затворено ниту едно поглавје во повеќе од 20 години. „Да се каже дека кон нас се постапувало неправедно е преблага формулација“, нагласи Муцунски. Во текстот се потсетува дека земјата го промени знамето во 1995 година, а името во 2019 година, по што нејзиниот европски пат беше блокиран поради барањето на Бугарија за внесување на Бугарите во Уставот. Идејата за измена на Уставот стана политички токсична по „премногу“ направени отстапки, рече Муцунски, додавајќи дека Македонците се уморни од постојаното „поместување на целта“ и не веруваат дека Бугарија едноставно нема да побара нешто ново. „Ова е апсолутна злоупотреба на позицијата на една земја членка на Европската Унија“, порача Муцунски. Тој ја спореди ситуацијата со односите меѓу Ирска и Обединетото Кралство, оценувајќи дека нивните сложени разлики веројатно не би можеле да бидат надминати без заедничкото членство во Европската Унија. „Бугарија, веднаш по нас, има најмногу да добие од напредувањето на нашата земја кон полноправно членство“, истакна Муцунски. Министерот нагласи дека не смета оти би направил нешто корисно за државата доколку го критикува начинот на одлучување во Европската Унија. Истовремено, порача дека земјата го заслужила своето место во Унијата и дека очекува праведен, предвидлив и кредибилен пат напред. „Нашата земја го нема луксузот да има алтернатива Б или алтернатива В“, заклучи Муцунски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Објавено најновото издание на Кавадаречки информатор Првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев на Фејсбук објави дека е објавено Најновото издание на Кавадаречки информатор.https://kavadarci.gov.mk/sites/default/files/alfa/news/kav-informator/informator-juli-2026-koregiran.pdfКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМОН: Годинава државната матура со просечна оценка 3,66Матурантите во учебната 2025-2026 година го завршија полагањето на државната матура во јунскиот испитен рок со 3,66 средна оценка, пресметана по поднесени и разгледани приговори по објавените прелиминарни резултати. Просекот е речиси идентичен со ланскиот кога изнесуваше 3,69. Полагањето се одвиваше по нов модел, а предизвиците од изминатите години беа значително намалени. Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар, Даниела Јовчевска Михајловска на денешната прес конференција изразија задоволство од реализацијата на процесот и од објективноста на постигнатите резултати. „Годинава за прв пат се полагаше по нова Концепција која предвиде три типа на матура – државна, стручна и уметничка, со што, сите ученици се тестираа по материјалот кој реално го изучувале во четирите години на средно образование, што не беше случај во минатото кога сите се тестираа по еден ист материјал. Задоволна сум што две години по ред се одржува речиси идентичен просек, за разлика од 2024 година кога изнесуваше 3,26“, рече Јаневска. Одделно, информираше министерката, просекот од државната матура е 3,62, од стручната е 3,91 и од уметничката матура е 3,59. Овие податоци ќе бидат компаративни од следната учебна година, кога по втор пат ќе има полагање по новиот модел. „Ценам дека резултатите се објективни. Училиштата, факултетите каде се организираа дел од тестовите, тестаторите кои беа околу 2500 на број, околу 200 набљудувачи и оценувачите беа добро подготвени. Се разбира, и учениците сериозно го сфатија процесот“, додаде Јаневска. Одделно по предмети, просечниот успех по мајчин јазик е 3,93, по англиски јазик е 3,31. Просекот по математика е 4,20. Учениците кои полагаа француски јазик остварија просечна оценка од 4,50, по германски јазик 4,70. Руски 4,71, италијански 4.50. По историја просечната оценка е 4,16. За полагање се пријавија 14.587 ученици. Од нив, 12.184 за државна матура, 2.276 за стручна матура и 127 за уметничка матура. Вкупно 348 ученици не дојдоа на полагање, или процентуално 2,39% од учениците отсуствуваа. „Немаме препишувачи како до пред 2 години. На 226 ученици им е поништен тестот и тие ќе полагаат повторно во август. Дел се фатени како препишуваат на лице место, а дел е утврдено дека препишувале откако им се прегледани тестовите“, рече Јаневска, изразувајќи благодарност до Државниот испитен центар и сите други учесници во спроведувањето на процесот, кои како што рече, ефикасно ги извршија своите обврски. Им честиташе и на учениците кои успешно го заокружија средното образование со позитивна оценка на државната матура со што стекнаа услов за понатамошно продолжување на образованието на високообразовна установа, или пак за директно вклучување на пазарот на трудот. Директорката на Државниот испитен центар, Михајловска рече дека по однос на резултатите биле поднесени 805 приговори, а 133 ученици извршиле увид во тестовите. Августовската испитна сесија ќе се реализира на 12 август кога се полага странски јазик, а на 14 август е полагањето по мајчин јазик. Полагањето на интерните испити и одбраната на проектните задачи ќе се одвива во периодот од 17 до 24 август.Тагови: МОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter