Реакција на Месна заедница Галичник за неодржувањето на Галичката свадба - Канал 5

Реакција на Месна заедница Галичник за неодржувањето на Галичката свадба

Би сакале да реагираме на објавата на дел од медиумите, во која се цитира став на член на Комисијата за заразни болести во врска со одржувањето на културната манифестација Галичка свадба.  

Реакција на Месна заедница Галичник за неодржувањето на Галичката свадба

Изјавата на членот на Комисијата е проблематична од неколку аспекти.

Пред се’, одржувањето на оваа културна манифестација го споредува со одржување “свадби и други масовни собирања”, што укажува на елементарно непознавање на тоа што оваа културна манифестација претставува. Галичка свадба не е масовен семеен настан, туку културна манифестација од национален интерес, влезена како таква во програмата на Министерството за култура, редовно одржувана под покровителство на Претстедателот на државата и за која известуваат сите домашни и голем број релевантни странски медиуми. Како дел од светското културно наследство, оваа манифестација е од непроценливо значење за нашиот идентитет и култура. Понатаму, покажува нефер однос кон организаторите кои доставија детален протокол заедно со барањето за мислење доставено до Комисијата, во кој беше предвидено дека манифестацијата ќе се одржи без публика, со директно емитување во живо, со сосем ограничен број учесници (вкупно 90 од кои само 35 директни учесници во обичаите (чие учество ќе беше дозволено единствено со негативен Ковид тест и кои во ниту еден момент не се наоѓаат на исто место во исто време), а останатите се организатори, обезбедување и техничка поддршка, настанот ќе беше обезбеден од страна на професионална агенција за обезбедување, редари- волонтери и МВР, а Галичник ќе беше затворен за посетители. И покрај сите овие мерки, следејќи ги состојбите на дневна основа, Советот на МЗГ, крајно општествено одговорно, и сакајќи да придонесе кон јакнење на свеста кај населението, самостојно одлучи Галичката свадба да ја одложи. Потенцираме, оваа одлука МЗГ ја донесе самостојно, односно 2 дена пред да го добие негативното мислење од Комисијата за заразни болести, за што официјално ги извести медиумите.

Понатаму, пртетсавникот на Комисијата истакнува дека за нив датумот на одржување не бил важен. Датумот и тоа како е важен! МЗГ се обрати до Комисијата со конкретно барање и предложен протокол за одржување на свадбата токму на Петровден. Сите веќе знаеме дека епидемиолошката сосотојба се менува секојдневно, а соодветно на тоа се менуваат и препораките и протоколите за однесување и за одржување на настани. Ние отсега не можеме да знаеме каква ќе биде состојбата и соодветно на тоа препораките за однесување на крајот на август. Во однос на одржувањето на Галичка свадба во август, МЗГ ќе одлучи еднакво одговорно како што одлучи и сега.

Секако дека неодржувањето на Свадбата не е “трагедија” како што вели претставникот од Комисијата. Но, како и се’, и ова има и друга страна: одржувањето во адаптирана верзија ќе внесе позитивен дух, ќе укаже на можноста да продолжиме и со животот во адаптирана верзија, да продолжиме да живееме а сепак да бидеме безбедни.

Е сега, имајќи го предвид сето горенаведено, како и негативното мислење на Комисијата во однос на одржувањето на оваа манифестација под толку строги протоколи, не може да не се прашаме, на што се должи од друга страна релаксирањето на мерките за работа на рестораните и плажите?!

Исто така, Галичка свадба не е единствена манифестација чие одржување е одложено, а не целосно откажано. На пример: Струмичкиот карневал се одржа во скратено, прилагодено издание, театарскиот фестивал Војдан Чернодрински е неофицијално одложен за септември, Скопско лето се одржува под посебни протоколи, додека, од друга страна, одредени манифестации ќе се одржат, како на пример Охридско лето (каде ќе настапи Жељко Јоксимовиќ?!).

Споредбата со Олимписките игри е несоодветна, а со изборниот процес – дегутантна.

Ви укажуваме дека и насловите на дел од објавите создаваат погрешен впечаток во однос на ингеренциите на Комисијата за заразни болести. Имено, Комисијата не е надлежна да одобри или неодобри одржување на одреден настан. Таа е професионално тело кое прави стручна анализа и ја следи епидемиолошката сосотојба, врз основа на што дава препораки и мислења до оние кои од нив тоа го побарале.

МЗГ немаше обврска да побара мислење од Комисијата за одржување на оваа манифестација, но сметавме дека е одговорно да се обратиме до најкомпетентните и да го добиеме нивното мислење.

Месна заедница Галичник

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Микаела Теста, објави дека нејзиното барање за американска зелена карта не е одобрено, поради што мора да се врати во Австралија. 

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Одлуката на имиграциските власти значи дека Теста ќе мора привремено да биде одвоена од својот сопруг, американскиот бодибилдер Максвел Краузе.

Таа ја сподели веста во емотивно видео на TikTok, кое беше прегледано повеќе од милион пати за краток временски период. Заедно со видеото на кое плаче, 26-годишната девојка објави и предупредување: „Омажи се за странец на свој ризик“. Таа објасни дека го снимила видеото за да ги спречи шпекулациите за евентуално распаѓање на нивниот брак.

„Ако ме видите на летот за Австралија во следниот влог, тоа не е затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што не ми ја одобрија зелената карта“, рече таа во видеото. „Не можам ни да опишам како се чувствувам. Морам сама да се качам на авион за Австралија, а сум во брак со овој човек и не можам да бидам со него“.

Компликации со визата

Потоа Теста ги објасни имиграциските проблеми со кои се соочува двојката. Таа рече дека поради сè построгите правила и ограничувања при влегување во одредени земји, тие морале да одлучат каде да живеат.

„Луѓето не сфаќаат колку документација има“, забележа таа. Проблемот се појавил откако Краузе, според неа, ги искористила можностите за привремен престој во Австралија.

„Последниот пат кога влеговме во Австралија, тој бил задржан на границата поради чести влегувања. Макс ги искористил сите достапни австралиски визи, вклучително и работна виза за одмор. Немал повеќе опции“, објасни таа.

@mikaelatesta ♬ original sound - Mikaela Testa

Бидејќи Краузе повеќе не можел едноставно да влезе во Австралија, двојката решила да се фокусира на својот престој во Соединетите Држави. „Не можев да се справам со постапката за влез на Макс во Австралија и мојот за САД во исто време. Моравме да избереме една земја и се одлучивме за Америка“, објасни таа.

Во видеото, таа ги замолила своите следбеници за поддршка додека чекаат на конечната одлука. „Можеби наскоро ќе добиеме лоши вести. Ве молиме испратете ни позитивна енергија и среќа, мислам дека навистина ќе ми требаат.“ Подоцна во коментарите, таа разјасни што се случило за време на постапката: „Имавме разговор за зелена карта и ни се чини дека не поминало добро.“

Свадба на Хаваи

Проблемите со престојот во САД се појавија кратко по нивната свадба на Хаваи. Двојката имаше интимна и ненајавена церемонија, а Теста носеше винтиџ фустан за таа пригода, за кој плати 30 долари.

Иако се надеваа дека по свадбата ќе можат да го решат прашањето за нејзиниот престој во САД без поголеми проблеми, постапката не заврши како што очекуваа. Теста сега мора да се врати во Австралија, додека нејзиниот сопруг ќе остане во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“.

Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа.

„Љубезна, топла и пристапна“

Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка.

„Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот.

Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа.

YouTube video

Локални специјалитети во кошничката

Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда.

Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија.

По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа, што предизвика осуда од Москва.

Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, изјави дека новите ракетни системи ќе ги зајакнат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да изврши напади „зад непријателските линии“ доколку биде нападната.

„Се наоѓаме во сериозна и влошувачка безбедносна ситуација и затоа ја зајакнуваме нашата одбрана и ја зголемуваме нашата борбена моќ“, изјави Брус пред новинарите.

Руската амбасада во Копенхаген во писмена изјава изјави дека целта на ракетната политика на Данска е конфронтација со Москва и предупреди на „неизбежни катастрофални последици“.

„Копенхаген е зафатен од опасни заблуди дека купувањето офанзивно, високопрецизно, оружје со долг дострел, кое претставува воена закана за нуклеарна сила, ќе помогне во зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Данска“, соопшти амбасадата.

Данска минатата година објави планови за набавка на офанзивно оружје со долг дострел за да се спротивстави на воената закана на Русија за Европа, што предизвика остар одговор од Москва.

Премиерката Мете Фредериксен потоа ја повика војската да „купува, купува, купува“ ново оружје, по години намалување на воениот буџет, во промена на политиката предизвикана од војната на Русија во Украина.

Данска вчера соопшти дека се согласила да купи ракети „Антем“, произведени од американската одбранбена компанија „Ковенант“ во Германија, како и ракети „Џоинт Страјк“ за своите борбени авиони „Ф-35“, произведени од норвешката компанија „Конгсберг“ (KOG.OL).

Брус не кажа колку ракети нарачала Данска или колку ќе плати за нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер