Реакција на МАИ за резултатите од годишниот конкурс на Министерството за култура за 2023 година - Канал 5

Реакција на МАИ за резултатите од годишниот конкурс на Министерството за култура за 2023 година

Македонската асоцијација на издавачи со големо разочарување ги проследи резултатите од Годишниот конкурс на Министерството за култура за финансирање проекти од национален интерес во културата .

Реакција на МАИ за резултатите од годишниот конкурс на Министерството за култура за 2023 година

Македонската асоцијација на издавачи со големо разочарување ги проследи резултатите од Годишниот конкурс на Министерството за култура за финансирање проекти од национален интерес во културата од областа на литературата и издавачката дејност за 2023 година. Со жалење можеме да констатираме дека никогаш не сме доживеале поголемо деградирање на книгите. Со годинешнава програма Министерството за култура достигна ново дно во вреднување на работата на издавачите, авторите, преведувачите и сите останати што и понатаму се обидуваат да ја одржат во живот книжевноста, јазикот и културата.

Сите работи за кои реагиравме минатите години, како: нерамномерна распределба на средства и одобрен број на проекти по издавачи, очигледно фаворизирање на одредени издавачки куќи на сметка на други, игнорирањето и дискриминацијата на големи издавачи кои добиваат одвај еден или ниту еден проект под изговорот дека аплицираат со комерцијални изданија, несоодветниот сооднос на добиени проекти од страна на физичките и правните лица.... – сето тоа годинава, по излегувањето во јавноста на новите резултати, се чини како расправа на повисоко ниво, бидејќи оваа програма остава впечаток дека годинава не постоеле апсолутно никакви критериуми.

Од овогодишните резултати гледаме:

- Повторно поддржување на фантомски издавачи, со тоа што годинава најголемиот „добитник“ е токму таков субјект, ДПТУ „Агорапринт“ ДООЕЛ Куманово, кое добило проекти со вкупна вредност од 951.616 денари;

- Министерството, од некоја за нас непозната причина, смета дека годинава е во ред да поддржи и поголем број на проекти во однос на минатата година со драстично намален буџет – во 2022 г. за 430 проекти биле одобрени 58.975.000 денари; во 2023 г. за 467 проекти доделени се 42.078.450 денари;

- просекот по проект во однос на минатата година е намален за цели 47.000 денари (просекот по проект во 2022 година е 137.151 денар, а во 2023 г. е 90.103 денари), што во услови кога се зголемените цените на сите ставки во процесот на продукција на една книга тоа значи дека со одобрените средства издавачите не можат да покријат ни 30% од проектот;

- оваа година се доведува во прашање и реализацијата на најголемата и најзначајна книжевна манифестација во државата, Саемот на книгата, кој добива помалку средства за организација од настан без традиција или докажано културно-општествено значење (за Саемот на книгата се одобрени 646.497 денари, а за Саемот Литера 803,503 денари).

Ние, издавачите кои со години бараме јасни мерила за оценување на проектите, сметаме дека тие не се одредуваат токму поради ова, односно за да може крајната вредност на проектите да ја одредуваат не самите апликанти кои аплицираат со тие проекти, туку Министерството. На тој начин Министерството го погазува и тој минимум достоинство што сакаме за го задржиме и оди чекор потаму во желбата да нè претвори во потчинети поданици кои треба да бидат задоволни со добиената милостина.

Гледајќи ги овие големи превиди (намерни или не) сериозно се сомневаме во компетентноста на комисиите што одлучуваат за вакви значајни прашања во однос на културата. Затоа, Македонската асоцијација на издавачи, чие членство е јадрото на македонското издаваштво, бара целосна ревизија на програмата за 2023 г. и коригирање на сите укажани недостатоци од страна на издавачите.

Доколку Министерството и оваа година остане глуво на нашите барања, неговата работа од заштита на националните интереси преку поддршка на проекти од областа на издавачката дејност и културата ќе остане игра со националните интереси на оваа држава и на народот што живее во неа.

Македонската асоцијација на издавачи

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре облачно и постудено време со температура до 18 степени- разведрување за викендот

Утре времето ќе биде променливо облачно и постудено, информира УХМР.

Утре облачно и постудено време со температура до 18 степени- разведрување за викендот

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

4 Попова Шапка, 5 Крушево, Маврови Анови, 9 Берово, Прилеп, 10 Претор, Крива Паланка, Битола, 11 Охрид, 12 Тетово, Зајчев Рид, Виница, Кавадарци, Штип, 13 Демир Капија, Струмица, Велес, Скопје Петровец, 15 Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2)

8 Кавадарци, 6 Берово, Прилеп, 5 Битола, Демир Капија, 4 Виница, 3 Штип, Гевгелија, Претор, Охрид, 2 Велес, Крушево, 1 Маврови Анови, Крива Паланка.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше променливо облачно и посвежо. Наместа имаше повремени локални врнежи од дожд. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно и постудено. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, кој наместа ќе надминува брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје, променливо облачно и постудено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 15 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До петок ќе преовладува променливо облачно и постудено време. Денес и во петок ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои на некои од повисоките планини ќе преминат во снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе биде силен со брзина над 60 km/h. За време на викендот ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Итно се повлекуваат возила на Форд- причината е ризик од пожар

Патничкото возило Ford, Transit Custom, Tourneo Custom е предмет на отповикување поради идентификуван ризик за потрошувачите.

Итно се повлекуваат возила на Форд- причината е ризик од пожар

Повлекувањето се однесува на Transit Custom, Tourneo Custom модел или модели, а видот на ризик е: Ризик од пожар.

Овој случај е заведен под отповикување број 130/2026, од 13.10.2026 година. Категоријата на случај е отповикување на производи за потрошувачи.

На потрошувачите кои го поседуваат овој производ им се препорачува да проверат дали нивната копија е покриена со повлекувањето и да ги следат упатствата на производителот, дистрибутерот на Форд или надлежните органи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Распишана централна и меѓународна потерница по Михаилова Ива

Министерството за внатрешни работи распиша потерница по Михаилова Ива (23) од Кочани, од татко Симеон и мајка Христина двајцата од Кочани. 

Распишана централна и меѓународна потерница по Михаилова Ива

Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на Основен суд Кочани за кривично дело по член 300 став 4 и член 297 став 3 од Кривичниот законик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер