Реакција на Град Скопје во врска со срушениот ѕид и ограда на Клиничкиот центар

Ѕидот кој има функција на ограда на Клиничкиот центар е надлежност на Министерството за здравство.

Ја известуваме јавноста дека по денешниот состанок организиран од страна на ЦУК, со присуство на претставници на општина Центар, Град Скопје и МВР, во врска до срушениот ѕид и ограда на Клиничкиот центар, се потврди укажувањето на Град Скопје дека законска надлежност за постапување во овој случај, односно согласно законските и подзаконски акти е на Министерството за здравство на Македонија.

Ѕидот кој има функција на ограда на Клиничкиот центар е надлежност на Министерството за здравство, односно негова изградба/реконструкција може согласно законските и подзаконски акти да прави единствено Министерството или негов орган овластен за истото, за што од страна на инспекторатот на општина Центар е издадено Решение за постапување.

Град Скопје

Интервју со кандидатката за претседател на СДСМ Славјанка Петровска

Канал 5 и денеска продолжува со серијалот интервјуа со претендентите за наследник на Димитар Ковачевски на челната позиција во СДСМ.

Во видеото погледнете дел од интервјуто со Славјанка Петровска, кое целосно ќе го емитуваме во вестите во 18 часот.

Мицкоски: Бришење на балансерот е резултат на скрининг процесот со ЕУ

Бришењето на балансерот е по препорака на скрнинг процесот на ЕУ, а тезите дека со тоа им се одземаат права на заедниците се неточни и доаѓаат од политичари кои ги ограбуваа граѓаните без разлика на етничката припадност.

Бришењето на балансерот е по препорака на скрнинг процесот на ЕУ, а тезите дека со тоа им се одземаат права на заедниците се неточни и доаѓаат од политичари кои ги ограбуваа граѓаните без разлика на етничката припадност, изјави премиерот Христијан Мицкоски по критиките од Европскиот фронт предводен од ДУИ дека укинувањето на балансерот е опасен чекор за иднината на државата. Мицкоски не одговори конкретно дали досегашниот механизам за вработувања во институциите ќе биде заменет со нов закон кој ќе ја регулира етничката застапеност, како што најавија од „Вреди“, но уверува дека ниту еден граѓанин нема да биде обесправен. Секој граѓанин мора да ги ужива правата, но има и обврски, вели премиерот.

- Тезата дека се укинува Балансер или некој некому ќе одзема права, е погрешна. И тоа се тези сервирани од оние кои во изминатите седум години ги полнеа автобусите со млади и денеска сме во оваа ситуација. Помина времето на национал романтични политичари којшто под знамето на национализмот го ограбуваа граѓанинот на Македонија. Сега граѓанинот ќе биде во фокусот на нашите политики, изјави Мицкоски.

Претходно лидерите на Вреди потврдија дека укинување на балансерот е дел од владината програма како резултат на договорот со ВМРО-ДПМНЕ дека е нефункционален и се злоупотребува. Изет Меџити пред неколку денови објасни дека овој механизам не се брише туку ќе се замени со закон за правична застапеност на заедниците. Но што точно ќе содржи овој закон и кога ќе се најде во Собрание засега од власта не откриваат.

Во однос на позицијата на Изет Меџити како прв вицепремиер во Владата, Мицкоски ги расчисти дилемите. Потврди дека неговата позиција останува. Иако, како што рече, е незаконска, тие ќе ја почитуваат бидејќи се работело за џентлемнски договор.

Во Германија една четвртина од вработените сè уште работат од дома

 Во Германија неколку години по пандемијата со Ковид-19 и понатаму е висок процентот на лица кои работат од дома, соопшти Федералниот завод за статистика во Визбаден.

Во 2023 година 23,5 отсто од вработените во целост или делумно работеле од дома, што е минимален пад во споредба со минатите години. Пад е регистриран кај лицата што секојдневно работат од дома, се наведува во соопштението.

Најголем процент од оние кои работат од дома е забележан во ИТ секторот, при што речиси 75 проценти од вработените работат од дома целосно или делумно. Сличен висок процент е забележан и во секторите администрација, осигурување и бизнис консалтинг.

Најмал процент е регистриран во здравствениот сектор каде само 6,4 проценти од вработените повремено работеле од дома. Слично низок процент бележи малопродажбата и градежништвото.

Работата од дома најмногу ја користеле помладите вработени од возрасната група од 25 до 44 години.

Германија е на средината на рангирањето во споредба со другите членки на ЕУ. Во рамките на Европска Унија, работата од дома најмногу ја користат Холанѓаните, Швеѓаните и Финците, а најмалку Бугарите, Романците и Грците.

притисни ентер