Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
2Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
3Претреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, лишени две лица поради сомнение за незаконит лов
ЗабаваРеакција на една жена додека го гледа шминкањето на еден маж (видео)Актерот Џаред Лето и пејачот на групата Манескин, Дамијано Дави, честопати на сцената се појавуваат целосно нашминкани, но изгледа дека сепак тоа е невообичаено за „обичните“ мажи.Видеото кое стана вирално на Инстаграм прикажува маж кој покажа како се подготвува да излезе. Тој, всушност, за да изгледа како да е од модно списание, денот го започнува со виткање на косата. По совршената фризура, почнува да се шминка, па освен крема и балсам за усни користи и пудра, коректор, бронзер, молив со кој ги доцртува веѓите, а потоа ги засенчува вратот и брадата. Една жена додека го гледала неговото видео на крајот само збунето го оставила телефонот. Видеото доби околу 400.000 „лајкови“ и преку 12.000 коментари. - Мене ми е убаво кога човек се грижи за себе и може да изгледа како грчки бог. Подобро би било сите да го направат тоа - - Па, колку слатко испадна и сè изгледа природно, што е тоа што толку ги разбесна сите? – - Изгледа многу подобро отколку да е ќелав, низок и со стомак! Ова е убав и негуван човек - - Можеби пудрата, коректорот и моливот се излишни, но според мене ова е нормално. Елегантната фризура бара стилизирање, нормално е да користи балсам за усни, како и крема ако има сува кожа - - Мислам дека ова е премногу за мажите, жената е таа што треба да биде дотерана и убава, а не да биде во сенка на некој нарцисоиден тип – Инаку, интересно е да се спомене дека пред година и пол, лондонската парфимерија „War Paint for Men“, ја отвори првата продавница со шминка за мажи. Покрај шминка, тие продаваат и производи за бричење, а целта е на мажите да им се понуди поголем избор за лична нега и основна шминка. - Мажите со години се на пат да се феминизираат. Погледнете ги само тие депилирани тела, совршено избричени лица, меки раце. Погледнете ја големината на машките чанти од познатите брендови, сите се полни со скапи креми и разни миризливи шишенца – напишал еден новинар на Дејли меил што ја посетил споменатата продавница. Неговата изјава е поткрепена со статистиката која вели дека секој 20-ти Британец секојдневно се шминка, додека секој 5-ти тоа го прави еднаш неделно. View this post on Instagram A post shared by БРОВИ | ОБУЧЕНИЕ | Краснодар (@senora.brows) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЕпидемија на ебола во Африка: Над 11.000 заразени, илјадници мртвиДемократска Република Конго регистрираше повеќе од 11.000 случаи на ебола во текот на изминатите шест месеци, при што речиси половина од заразените починале, објави денеска германската новинска агенција ДПА.Реалниот број на смртни случаи би можел да биде и поголем. Експертите предупредуваат дека вирусот можеби се ширел незабележано уште од февруари – неколку месеци пред епидемијата официјално да биде прогласена на 15 мај. Еболата е тешка заразна болест предизвикана од група вируси. Таа може брзо да доведе до губење течности, воспалителни реакции, нарушувања во згрутчувањето на крвта и, на крајот, до откажување на органите. Колку подоцна ќе започне третманот на симптомите, толку е поголем ризикот од смртен исход. За овој сој не постои одобрена вакцина или третман Раните симптоми на еболата можат да наликуваат на оние кај други болести, како што е маларијата, што во одредени случаи доведува до доцнење во изолирањето и лекувањето на пациентите. Сузбивањето на тековната епидемија е особено предизвикувачко бидејќи не постои одобрена вакцина или специфичен третман за сојот на вирусот познат како „Бундибугио“. Досега, еболата се прошири во осум покраини во ДР Конго, а ги премина и границите на земјата. Случаи се пријавени во Кенија, Нигерија и Уганда. Според здравствените власти, децата се најтешко погодени. Тие сочинуваат значителен дел од потврдените случаи, а истовремено се соочуваат и со поголем ризик од смртен исход. Извор: Индекс.хрТагови: ебола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаЛишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, седум лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: 17-годишник од Скопје, Р.Џ.(27) од с.Крушопек, скопско, 16-годишник од Неготино, А.М.(32) од Чашка, Б.М.(45) од Берово, М.К.(20) од с.Драслајца, струшко и Б.С.(39) од с.Обршани, општина Кривогаштани. Двајца возачи управувале возило и покрај активна мерка забрана за управување со моторно возило. Станува збор за Ј.Б.(23) од с.Тремник, неготинско и З.Ј.(55) од Скопје. Додека, пак, А.Ц. (55) од Прилеп управувал под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, лишени две лица поради сомнение за незаконит ловНа 12.11.2026 во 19:10 часот полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода М.М.(66) и Т.М.(76), двајцата од село Бистренци, демиркаписко. Претходно, од ловечко друштво „Вардар“ Неготино било пријавено дека на 10.11.2026 на простор на ловиште Корешница во село Бистренци биле забележани две лица кои поставиле недозволени предмети за лов на диви животни и ловеле во време на забранет лов, по што полициски службеници презеле мерки и активности за нивно пронаоѓање. По издадена судска наредба од Основен суд Кавадарци, извршени биле претреси во домовите на М.М. и Т.М., при што во домот на М.М. биле пронајдени и одземени предмети за лов на диви животни, ловечки патрони, ловечка пушка и месо од различни видови диви животни, а во домот на Т.М. биле пронајдени и одземени пушка, предмети за лов на диви животни и дозвола за оружје со измината важност. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.Тагови: ловечко оружје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter