Реакција на Блупринт групата за реформи во правосудство по повод случувањата во Судски совет

Блупринт групата за реформи во правосудство бара итно да се прекине со постапката за избор на нови членови во ССРСМ. 

Во спротивно, како крајно средство за спречување на понатамошното незаконско и нелегитимно постапување на Судскиот совет на РСМ, ги повикуваме судиите кои треба да гласаат на изборите за членови на Судскиот совет, од судовите во Аплеациското подрачје Скопје и Врховниот суд на Република Македонија да го бојкотираат процесот за избор на членови поради нелегитимноста на Судскиот совет на РСМ.

Блупринт групата за реформи во правосудството будно ги следи случувањата во Судски совет на РСМ. И покрај реакциите од домашните и меѓународните организации и експерти за несоодветното постапување на Судскиот совет во изминатиов период, сепак нивното работење укажува дека се продлабочува јазот и недовербата која постои помеѓу нив и македонската јавност.

Последен пример е постапката за избор на нови членови во ССРСМ од редот на судиите каде како кандидати се утврдени судии за кои се водеше и се води постапка за утврдување на нестручно и несовесно работење. Постапката за утврдување на нестручно и несовесно работење е итна и роковите за нејзино спроведување се утврдени во Законот за ССРСМ. На вака јасно уредена законска постапка останува нејасно кои се причините поради кои Судскиот совет подолго време нема донесено каква било одлука за поднесено барање против судија или претседател на суд во врска со вршење на нивната функција, со што основано се фрла дополнителен сомнеж на интегритетот на постоечкиот состав на ова тело. Постапката за утврдување одговорност заврши еден ден пред ССРСМ да ја утврди кандидатската листа за членови на ССРСМ. Би сакале да потенцираме дека одлуката за запирање на постапката за одговорност сѐ уште не е објавена, ниту е правосилна за да може јавноста да се запознае со причините за запирање на истата. Ваквото однесување на ССРСМ фрла сомнеж vis-à-vis кандидатот за член на ССРСМ. Од друга страна може да се забележи и неконзистентно постапување на членовите на ССРСМ кога е во прашање нивниот „формализам“ околу прифаќање на условите за исполнување на таксативно наброените документи потребни за кандидатура за член на ССРСМ.

Уште еднаш потсетуваме за обврзувачката моќ на Уставот и законот врз секој, особено врз Судскиот совет кој треба да ја гарантира законитоста во постапувањето и владеење на правото. Воедно, потсетуваме и на постоечкиот ризик за понатамошно поткопување на довербата во судството. Тоа би се надминало доколку се инсистира на целосно нов состав и нови кандидати за членови на Судски совет. Кандидати, кои поседуваат интегритет и високи морални, етички квалитети, истакнати правници со докажано искуство и препознатливост во правничката професија, со исклучителен акцент на тоа дека за истите не смее и не треба да има сомнежи за нестручност во работењето како што е случај со последните случувања во ова тело за дел од кандидатите.

Затоа предлагаме да се прекине со постапката за избор на нови членови во ССРСМ и да се почека Оценската мисија за оценување на работата на Судскиот совет во изминатиот период, да даде свое видување за постоечката состојба во работењето на ССРСМ, а потоа да се продолжи постапката за комплетирање на Судскиот совет на РСМ. Посебно сакаме да ја нагласиме изјавата на г. Дејвид Гир амбасадор на ЕУ во РСМ, но и реакциите на останатите амбасадори во нашата земја кои будно ја следат работата на Судскиот совет и неговото постапување во последниов период. Тие ја нагласуваат потребата да се преиспита работењето на ова тело во насока на обезбедување на независно, непристрасно работење на судството и подигање на интегритетот на судиите.

Во спротивно, како крајно средство за спречување на понатамошното незаконско и нелегитимно постапување на Судскиот совет на РСМ, ги повикуваме судиите кои треба да гласаат на изборите за членови на Судскиот совет, од судовите во апелационото подрачје Скопје и Врховниот суд на Република Македонија да го бојкотираат процесот за избор на членови поради нелегитимноста на Судскиот совет на РСМ.

Македонско здружение на млади правници (МЗМП)

Институт за европска политика (ЕПИ)

Институт за човекови права (ИЧП)

Коалиција „Сите за правично судење“ (КСПС)

Хелсиншки комитет за човекови права

Центар за правни истражувања и анализи (ЦПИА)

Леклер: Подготвен сум за сезоната, можеме да го победиме Ред Бул

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, изјави дека е „подготвен“ за претстојната сезона во Формула 1 и предвидува дека Ферари може да се натпреварува со Ред Бул во битката за светската титула.

Во 2024 година, Шарл ја забележа својата најсилна сезона во Формула 1 – победи на 3 трки, 13 пати заврши на подиумот и собра 356 поени. На крајот на годината, ова му го донесе третото место во конечниот поредок, со 84 поени зад шампионот Макс Верстапен.

Ферари, пак, до последно се бореше со Мекларен за светската титула во конструктори, а тоа му дава надеж на тимот од Маранело да ја продолжи битката во новата кампања.

-Мислам дека сум подготвен за сезоната. На Ферари му треба болид како оној што го имавме на крајот на минатата година. Апсолутно сум уверен дека Ферари може да биде следниот тим што ќе го победи Ред Бул и ќе ја освои титулата, објасни Леклер.

За 2025 година, Ферари ќе може да смета и на Луис Хамилтон, а 7-кратниот светски шампион ќе треба да се прилагоди на новите работи за него во Скудерија, но дефинитивно ќе биде корисен за тимот од самиот почеток со огромното искуство што го има.

-Сега сум позрел возач. Порано, кога викендот не ми одеше како што сакав или автомобилот не беше како што сакав, се обидував да најдам нешто што навистина го нема. Затоа и правев многу грешки. Сега знам кога сме посилни и кога треба да ги ограничуваме загубите, тоа е чекор напред, додаде Леклер.

УНРВА да го напушти Ерусалим до 30 јануари, изјави израелски претставник во ОН

 Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (УНРВА) „мора да ја прекине својата работа во Ерусалим и да напушти просториите во кои работи во тој град“ до 30 јануари, изјави израелскиот претставник во ОН.

За оваа одлука тој преку писмо го информирал генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Законот со кој се забранува работењето на УНРВА на израелска територија и контактирањето со израелските власти стапува на сила на 30 јануари, наведуваат светските агенции.

Израел го анектира Источен Ерусалим, кој мнозинството од меѓународната заедница не го признава.

Иднината на Кимих останува нејасна

 Иднината на капитенот на Барен М. Џошуа Кимих по крајот на сезоната останува нејасна.

Договорот на 29-годишниот фудбалер со Баерн истекува и во оваа фаза нема навестување дека ќе биде продолжен.

Според новинарот Кери Хау, Баварците остануваат фаворити за потписот на германскиот интернационалец. Од клубот се оптимисти дека повторно ќе го ангажираат Кимих, бидејќи истото го посакува и самиот играч.

За играчот од средниот ред се заинтересирани и Ливерпул и Реал Мадрид. Нивните шанси да го привлечат не се особено големи.

Се верува дека Кимих нема да се согласи на намалување на платата во Баерн и ќе биде меѓу најплатените во клубот.

Џошуа Кимих е дел од Баерн од летото 2015 година. Баварците го гледаат како следниот капитен на тимот.

притисни ентер