Реaкции по укинувањето на додатокот до 6.000 денари за дел од децата со Даунов синдром - Канал 5

Реaкции по укинувањето на додатокот до 6.000 денари за дел од децата со Даунов синдром

Од комисијата за проценка велат дека од 113 деца со Даунов синдром и само кај осум деца се донело решение дека имаат добра функционалност пример: имаат говор.

Реaкции по укинувањето на додатокот до 6.000 денари за дел од децата со Даунов синдром

Марија Мариќ родител на дете со Даунов синдром добила решение од Комисија за проценка за развој кај децата со посебни потреби дека нејзината ќерка нема да добива надомест бидејќи не можело да се направи целосна проценка на нејзината интелектуална способност. Мајката вели дека ќерката има брат близнак кој има три и пол години зборува и е типично дете, а ќерката не може да се спореди со интелектуланиот развој со неа. Единствено право што го има ќерката е право да посетува градинка.

Давид има три ипол години, но има физички и психички развој на едно и пол годишно дете, расакажува неговата мајка Маја. Маја вели дека инклузија не се прави ако се укинат тие пари, а се плаќаат приватно зошто нема термини за логопед и дефектолог.

Од комисијата за проценка велат дека од 113 деца со Даунов синдром и само кај осум деца се донело решение дека имаат добра функционланост пример: имаат говор.

Поддршка за мајките дадоа и родителите кои пред 19 години се избориле да добијат помош за нивните деца. Сузана Стојановска денеска велат напредок има на хартија со инклузија во пракса родителите се осиромашени и станаа социјална категорија. Таа вели дека нема дете со Даунов синдром кое колку и има напредок има лош говор и има потреба од дефектолог.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Белорусија: Амбасадата во Финска ќе биде затворена

Белорусија објави дека ќе ја затвори својата амбасада во Финска од 1 септември, соопшти вчера финското Министерство за надворешни работи.

Белорусија: Амбасадата во Финска ќе биде затворена

Одлуката за затворање на амбасадата, која беше отворена во Финска во 2011 година, ја донесе Советот на министри на Белорусија и ја потпиша премиерот на земјата Александар Турчин, објави финскиот весник „Хелсингин Саномат“.

Последниот белоруски амбасадор во Финска беше Алексеј Самосуев, кој ја извршуваше функцијата од 2018 до 2024 година, а по него не беше назначен нов амбасадор.

Финска нема амбасада во Белорусија, но Министерството за надворешни работи на земјата има канцеларија за врски во Минск, која ќе продолжи да работи.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува пинг-понгот меѓу Анкара и Тел Авив

Анкара вчера го осуди обидот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, како што рече, да „ја претстави Турција како нова закана“.

Продолжува пинг-понгот меѓу Анкара и Тел Авив

Во соопштението од кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, објавено на платформата X, се вели дека Турција ги осудува „ситните политички тактики“ на Нетанјаху.

Кабинетот на Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“ во соопштение откако Турција издаде меѓународна потерница по него поради пресретнување на активистичка флотила што се упатуваше кон Појасот Газа.

Израел бомбардираше воздухопловна база во северозападна Сирија оваа недела, тврдејќи дека Турција го проширува своето воено присуство во областа, тврдење што Анкара го негираше.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч

Вчера (21.08.2026) во 13:15 часот, на Граничен премин Табановце, при излез од Македонија, полициски службеници извршиле проверка на патничко моторно возило „порше“, со холандски национални ознаки управувано од М.А.(35), државјанин на Холандија.

Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч

При извршената проверка, преку системот „Safe City“ било констатирано дека лицето е евидентирано како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управувало со возилото со брзина од 168 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час.

М.А. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за стореното кривично дело.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер