МакедонијаРеакции од ВМРО - ДПМНЕ и од ВЛЕН на писмото од Бујар Османи објавено на фејсбукСо писмото што го објави Бујар Османи на неговиот Фејсбук профил, нема поголемо лицемерие од тоа тој да зборува за државни интереси, се вели во реакцијата од ВМРО - ДПМНЕ. - Преговорите за етнички прашања што ги водел Османи биле тајни, без знаење на јавноста, во функција на теснопартиските интереси на ДУИ, а не за доброто на државата. Доколку навистина имал дозвола од институциите, прашуваме: од кои институции? Од сопартијците во Владата што ја водеше најкриминалната гарнитура во историјата на Македонија? Од Заев и Ковачевски? Тоа не е државен мандат. Тоа е мафијашка дозвола за тргување со иднината на Македонија, се наведува во реакцијата од ВМРО - ДПМНЕ. Што се однесува до обвинувањата за „омаловажување на Албанците“, ВМРО-ДПМНЕ со гордост ја афирмира еднаквоста на сите граѓани без разлика на етничката припадност. - Ние се бориме против криминалците од ДУИ, а не против Албанците. Османи и ДУИ се тие кои ги злоупотребуваат Албанците како алиби за својата корупција и криминал. Бујар Османи треба да знае дека времето на приватизација на државата заврши. Македонија е на сите нејзини граѓани. Таа не е ниту на ДУИ, ниту на Османи, ниту на Заев, ниту на мафијата што ја ограбуваше со години, подвлекуваат од ВМРО - ДПМНЕ. Се додава дека Македонија ќе биде праведна држава за сите, без разлика на верата и етничката припадност, но и држава во која криминалците ќе одговараат. На писмото на Бујар Османи реакција испратија и од ВЛЕН во која се вели дека „Бујар Османи и ДУИ, и по 20 години апсолутна власт, сè уште не го научија ниту занаетот на достоинствено владеење, ниту културата на политичко однесување во опозиција“. - Човекот кој со години го мерка тронот на Али Ахмети се однесува како да е паднат од Марс, а не како да бил дел од сите Влади и прошетал еден куп ресори и секаде оставил скандали зад себе. Денес ги гледаме заробени во патетична паника, молејќи за власт како да е нивниот последен политички здив. Во отсуство на каква било идеја или визија, посочуваат од ВЛЕН, продолжуваат да ги лажат своите гласачи со празни ветувања и бедни повици за предвремени избори – сето тоа само со една цел: да се спасат себеси, своето богатство и досиејата што секој ден излегуваат на виделина. - Со Бујар Османи – кој делеше тендери за рента-кар како бакшиш за своите пријатели и политички кругови. Со Блерим Беџети – мајсторот на башибозук-политиката, кој заедно со Данела Арсовска го претвори Скопје во џунгла. Со бегалецот Артан Груби – кој заврши на црната листа откако го спаси Сашо Мијалков од затвор, оставајќи уште едно црно петно врз образот на Албанците. И сега мислат дека Албанците повторно ќе им веруваат? Каде ви се ISO-стандардите? Дали ги завршивте? Дали добивте одговор од европските институции за вашите писма без одговор? Народот знае многу добро – вие само лажете и крадете!, се вели меѓу другото во реакцијата од ВЛЕН. Сите знаат, се додава, дека во собраниската Соба 16, таканаречениот „Европски фронт“ – ДУИ се понижи до крај: понуди четири министерства и претседател на Собранието само за да влезе во Влада со ВМРО-ДПМНЕ наместо Коалицијата ВРЕДИ. - Денес, кога досиејата за корупција им експлодираат едно по едно, ДУИ бара „пократок излез“ преку вештачки кризи и закани за бојкот на изборите. Не за Албанците. Не за иднината. Туку за да го покријат своето криминално минато. Не разбираат дека без програмска и кадровска реформа нема да помирисаат власт многу долг период!, посочуваат од ВЛЕН. Јас, како министер за надворешни работи, објави Османи на Фејсбук, не сум преговарал во свое име, ниту во име на една етничка група. - Кога Премиер на една земја јавно ќе го стави под знак прашалник легитимитетот на министер да преговара во име на државата – не поради неговиот мандат, туку поради неговото етничко потекло – тоа не е само навреда кон таа етничка заедница. Тоа е обид за редефинирање на државата како етнички монопол, спротивно на Уставот, спротивно на политичката реалност, и спротивно на самата европска идеја на мултиетничка демократија кон која тежнееме, напиша Османи на Фејсбук. - Преговарав во име на Република Македонија, со полн мандат од Собранието, и со неприкосновена поддршка од институциите на државата – од Премиерот, Вицепремиерот за европски прашања, Претседателот на државата, напиша меѓу другото на фејсбук Бујар Османи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00
БалканПочина митрополитот Бачки Иринеј БуловиќБачкиот митрополит Иринеј Буловиќ почина по тешки здравствени компликации, дознаваат „Новости“. Овој долгогодишен архиереј на Српската православна црква се лекуваше на Институтот за онкологија на Војводина во Сремска Каменица. Во изминатите неколку дена, тој беше во многу тешка здравствена состојба и се лекуваше на Институтот за онкологија на Војводина во Сремска Каменица, пренесуваат „Новости“. Митрополитот Иринеј беше во индуцирана кома по сериозни здравствени компликации што настанаа по операцијата, а беше и приклучен на апарат за вештачко дишење. Српската православна црква претходно ги повика верниците да се молат за негово оздравување. „Ве повикуваме да упатите усрдни молитви кон Господ и кон Богородица за оздравување на бачкиот митрополит, г. Иринеј“, се наведува во соопштението на СПЦ на социјалните мрежи. Архиерејот Иринеј, епископ новосадски и митрополит бачки, беше на чело на Бачката епархија од 1990 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВидео: Маж вооружен со пушка пукал во средно училиште во Крагуевац, Србија, двајца повредениУтринава дошло до пукање во Техничкото училиште во Крагуевац, Србија, а објавена е и првата снимка од местото на настанот. Според неофицијални информации, непознато лице ранило двајца вработени во училиштето, а постои сомневање дека се обидело да убие поголем број ученици. Според неофицијални информации, полицијата го привела осомничениот. View this post on Instagram A post shared by Kragujevčani (@kragujevcani.rs) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00
МакедонијаПродолжува расправата за буџетот за 2027 година, поднесени 400 амандманиСобраниската комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027 година, за кој се поднесени 400 амандмани.На вчерашната седница беа разгледани 12 амандмани од опозицијата, но ниту еден не доби поддршка. Барањата се однесуваа на заштитата на охридскиот регион, екологијата, урбанистичкото планирање и инфраструктурни проекти во општините. Меѓу нив беа и изградба на колекторски систем во Крива Паланка и набавка на комунална механизација за Карпош и Куманово. Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски посочи дека дел од активностите веќе се предвидени во владините програми. Вкупните приходи во буџетот за 2027 година се планирани на 395,4 милијарди денари, а расходите на 440,4 милијарди денари. Буџетскиот дефицит ќе изнесува 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП. За капитални инвестиции се предвидени 40,8 милијарди денари.За социјални трансфери се планирани 220,8 милијарди денари, од кои 123,8 милијарди за пензии.Тагови: Комисијата за финансирање и буџет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter