Реакции на социјалните мрежи: Во новиот статут на ВМРО-ДПМНЕ избришано „Република Македонија"

На социјалните мрежи се појавија објави во кои се посочува дека од новиот Статут на ВМРО-ДПМНЕ, усвоен на последната седница на Централниот комитет на партијата одржана на 21 јули, е избришано името „Република Македонија".

– „Членови на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, ова ли е тој најнапреден статут? Го избришавте ли „Република Македонија” од статутот на партијата??? ЗОШТО????", „Премногу дволичност во Белата палата", „ВМРО-ДПМНЕ наликува на крем партија веќе нема патриотизам", се само некои од реакциите на социјалните мрежи.

Објавени се и фотографии од делови од стариот и новиот Статут на ВМРО-ДПМНЕ кои се посочуваат како доказ дека е избришано „Република Македонија".

Инаку, во новиот Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, името „Македонија" се споменува само во Член 72: „Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ е тело на партијата кое ја застапува и брани идејата за самобитноста на македонскиот народ и неговото право на самопределување и државност, укажува на потребата од почит кон борците во сите националноослободителни војни за Македонија, негување и заштита на македонското историско и културно наследство, како дел од европската историја, култура и цивилизација".

Како што информираше претседателот на Статутарната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, Панче Тошковски по седницата на партискиот ЦК одржана во вторникот, Централниот комитет донел одлука за измени на Статутот кои, како што посочи, се во насока на поголема демократизација на партијата. /МИА

Повеќе од 400 луѓе евакуирани поради поплави во Тексас

Многу населби во градот Хјустон, во американската сојузна држава Тексас, беа поплавени вчера по обилните дождови, кои ги принудија спасувачите да евакуираат повеќе од 400 луѓе од домовите.

Поплавите зафатија голем дел од Тексас, од Хјустон до руралниот Источен Тексас, каде што спасувачите ги поминуваа улиците и патиштата со чамци, за да спасат луѓе и домашни животни кои не биле евакуирани навреме.

Официјални претставници издадоа упатства до жителите во ниските области да се евакуираат, предупредувајќи дека најлошото допрва доаѓа.

Нови врнежи се очекуваат утре, а властите признаваат дека може да има многу проблеми доколку има обилни дождови.

Пролетна модна ревија на домашни миленици

На 15 јуни во „Јавна соба“ ќе се одржи првата модна ревија на домашни миленици во организација на Асоцијацијата на стилисти за домашни миленици на Македонија.

Организаторите најавуваат околу 15-тина сопственици на салони за домашни миленици кои ќе се претстават со својот миленик - модел и ќе објаснат на кој начин го третирале крзното кај миленикот, а пред да почне дефилето, ќе се разговара и за стандардот на занимањето - стилист за домашни миленици, кој е обврзувачки за сите грумери.

Настанот ќе биде збогатен и со штандови на кои ќе може да се претстават пет шопови, увозници на козметика за миленици, одгледувачници.... Поканети се да учествуваат и креатори на накит и облека за миленици.

Настанот нема натпреварувачки карактер. Целта е да се промовира грумингот во земјава и да се подигне свеста за правилното третирање на крзното на домашните миленици.

Украина соопшти дека во изминатата ноќ соборила 23 дронови лансирани од Русија

Украинската противвоздушна одбрана соопшти дека синоќа соборила 23 од вкупно 24 дронови камикази лансирани од Русија на територијата на Украина.

Соопштението било објавено на социјалната мрежа Телеграм од украинските воздухопловни сили.

Оттаму посочија дека беспилотните летала биле лансирани од територијата на Курската област во Русија и Крим. Се додава дека воздушниот напад бил одбиен, а беспилотните летала биле соборени над регионите Харков, Херсон и Дњепропетровск, забележува Укринформ.

притисни ентер