МакедонијаРеакции на најавените измени на Законот за високо образованиеФокусот на новите законски решенија треба да биде насочен кон подобрување квалитетот на студиите, а не кон бројот на објавени научни трудови во списанија со импакт-фактор, реагира дел од професорската фела.Професорот Илија Ацески посочува дека речиси 90 отсто од професорскиот кадар во Македонија се редовни професори, поради што ја поздравува одлуката за нивен реизбор на седум години. Сепак ,според него, поважно е да се препознае реалната подготвеност и знаењето на студентите по дипломирањето, што ќе ги поттикне факултетите да создаваат поквалитетен кадар. На тој начин, вели Ацески, државата нема директно да се меша во образованието, но ќе испрати јасна порака до универзитетите за квалитетот на нивните студии. -Како да се подобри квалитетот на студиите и рангот на универзитетот и тие да не бидат секогаш поврзани со тој факт дека некој објавувал или не списанија кои што се со фактор, тоа значи дека во Македонија потребни се подлабоки реформи во тој контекст. Оној кој дипломира, треба едно квалификувано тело да ја согледа неговата способност за тоа што земал диплома. И сега постои некоја процена но до сега не се случило да кажат тие тела дека некој кој дипломирал е недоволно оспособуван и образуван, Илија Ацески. И професорката Мирјана Најчевска преку објава на социјалните мрежи ја критикува најавената измена во Законот за високо образование, со која кандидатите за избор во научно титула ќе треба да објавуваат повеќе трудови во списанија со импакт-фактор. Таа објаснува дека импакт-факторот не го мери квалтиетот на трудот, туку само колку пати бил цитирани темите, кои понекогаш вели може да се негативни или условени од моментални контраверзии. Министерката за образование Весна Јаневска вчера објасни дека новото законско решение за високо образование предвидува универзитетите да произведуваат околу 1.000 трудови во списанија со импакт-фактор, наместо досегашниот просек од 300 до 500. Целта, како што посочи, е враќање на универзитетите на Шангајската рангирана листа, каде просекот на вакви публикации е околу 1.200. Тагови: МОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Кога арамијата најавува поевтинување, цената оди нагоре. Ребаланс - бидејќи нема пари! Мицкоски вчера рече од следната недела горивата поевтинуваат. Македонија е енергетски стабилна. Европа ги отвора резервите, кај нас нема проблем.Во превод од досегашната пракса: кога тој најавува намалување, цената оди нагоре. Така беше со мерките на почетокот на кризата. СДСМ бараше веднаш: целосно укинување на акцизата, намалување на ДДВ на 5%, заштита на основните производи. Тој остави цените да подивеат. Горивото стигна до плафон, над 100 денари. Со него лебот, млекото, превозот. Потрошувачката кошница со вклучена кирија отиде кон 95.000. Земјоделецот плаќа поскапо гориво, а откупот паѓа. Цените се покачија затоа што не се реагира навреме. Сега, тоа што на сила ги симнува, пак го плаќаат граѓаните. Разликата се покрива со ново задолжување. Државата се задолжува. Сметката повторно доаѓа за наплата. Цените нема да паднат затоа што тој ја спуштил цената на горивото. Граѓанинот е во загуба двапати: поскап живот, плус враќање на кредитот со камата. Така изгледа економската политика на арамијата Мицкоски. Од шупливо во празно. Исто како дипломатијата. Ребалансот што го најави за овој месец е признание, не победа: буџетот веќе е пократок за 7 до 8 милијарди денари. Па дупката ќе ја крпи со нов план и со нов кредит. Поевтинувањето на бензинот е цената што граѓанинот ја плаќа двапати. Што вели Европа, не кабинетот на арамијата. Просечниот дизел во ЕУ на крајот на септември е 2,24 евра за литар. Бензинот 2,10. Рекорд од 2005. Од Февруари дизелот во Унијата е зголемен околу 35 до 40 отсто. Експерти на ЕЦБ: маржата на дизелот го достигнува врвот во Октомври. БНП Париба: во четвртиот квартал дизелот веројатно продолжува да расте. Европа ги отвора резервите затоа што има притисок, не затоа што поевтинува. Кај нас последната одлука на РКЕ, 28 септември: дизел минус 4,5 денари, на 100 денари. Бензин 95 остана 100 денари, додека бензин 98 отиде на 102 денари. Дел од тоа е поради намалениот ДДВ до 12 Октомври и намалената акциза. Тоа не е тренд на намалување. Туку е даночна крпеница. Ако следната недела падне за еден денар, тоа не е победа. Тоа е една котација. Зимата доаѓа. Истата логика за струјата. Вели: бара начин цената да не порасне. Исходот го знаеме. Македонија увезува. А увозот го сака истиот круг на луѓе како и за броилата на ЕВН - Адамовиќ, Лазаревиќ, Божиновска. Разликата ја покрива со кредит. Граѓанинот не го гледа веднаш трошокот. Го плаќа со камати. И броилата. ИНРМ денеска: задолжителната замена кај сите домаќинства е штетна. Трошокот за набавка, монтажа и одржување паѓа на товар на мрежарината или на буџетот. Член 185 од Законот за енергетика веќе дефинира неточно мерење: претпоставена потрошувачка, усогласување на три месеци. Прво закон. Потоа нов трошок. Инженерите не се против нова технологија кај производителите и во заедницата. Тие се против данокот над секое домаќинство. Арамијата не го интересира дали ќе се вградат по закон. Го интересира дека се купени. Провизијата е земена. Паметни се броилата. За касата на арамијата. Да ги послушаше мерките на СДСМ на почетокот, основните производи немаше да поскапат вака. Кошницата немаше да порасне вака. Земјоделецот ќе имаше поевтино гориво. Куповната моќ ќе беше поголема. Но не. Имаше бајка за трета економија во Европа. Сега пак најавува. Народот веќе знае што следи по неговата најава. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТесно во Бразил: Граѓаните избираат помеѓу Лула и БолсонароКандидатот на Работничката партија, Луиз Инасио Лула да Силва, би освоил 46 проценти од важечките гласови во првиот круг од претседателските избори во Бразил.Од друга страна, кандидатот на Либералната партија, Флавио Болсонаро, би добил 45 проценти, според најновата анкета на институтот Кваест, објавена пред гласањето. Разликата од еден процентен поен е во рамките на статистичката грешка од два процентни поени, поради што двајцата кандидати се во статистички еднаква позиција, објавува порталот Глобо. Според анкетата, Аугусто Кари, Ренан Сантос и Роналдо Кајадо се на третото место со по три проценти од гласовите. Резултатите укажуваат на висок степен на неизвесност пред првиот круг и голема веројатност дека бразилскиот претседател ќе биде решен во вториот круг помеѓу Лула и Флавио Болсонаро, објавува бразилскиот портал. Меѓу вкупниот број посветени и неопределени гласачи, Лула има 40 проценти поддршка, додека Флавио Болсонаро има 38 проценти. Кајадо, Сантос и Кари имаат по три проценти. Анкетата е спроведена од 2 до 3 октомври на примерок од 3.702 гласачи над 16 години. Статистичката грешка е два процентни поени, со ниво на точност од 95 проценти. Извор: Б92Тагови: Бразил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРегистриран силен земјотрес во ИндонезијаЗемјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот Сумбава во Индонезија, соопшти Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (GFZ).Земјотресот се случил во саботата во 22:55 часот по Гринич, со епицентар на длабочина од 10 километри. Според прелиминарните податоци од „GFZ“, епицентарот е регистриран на 9,69 степени јужна географска ширина и 118,93 степени источна географска должина. Засега нема информации за можни жртви или материјална штета.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook