Ѓоковиќ и Синер го прекинаа тренингот во Вимблдон, за да одговорат зошто Србија и Италија не се на СП (ВИДЕО)
Ибрахимовиќ остана без зборови по најголемата сензација на Мундијалот- Зелено’ртските острови (ВИДЕО)
1Ѓоковиќ и Синер го прекинаа тренингот во Вимблдон, за да одговорат зошто Србија и Италија не се на СП (ВИДЕО)
2Ибрахимовиќ остана без зборови по најголемата сензација на Мундијалот- Зелено’ртските острови (ВИДЕО)
СветРеакции на Италија, Холандија и Германија по објавата на американските цариниМелони е уверена дека е можно да се постигне „праведен договор“ за царини меѓу Европската Унија и САД.Важно е да се остане фокусиран на трговските преговори со САД и да се избегне натамошна поларизација, соопшти кабинетот на италијанската премиерка Џорџа Мелони откако претседателот на САД, Доналд Трамп, најави воведување царини од 30 отсто на европска стока. Премиерката Мелони е уверена дека е можно да се постигне „праведен договор“ за царини меѓу Европската Унија и САД, се наведува во соопштението од нејзиниот кабинет. Рим целосно ги поддржува напорите на Европската комисија во изнаоѓањето решение за ова прашање, се додава во текстот. Истовремено, на одлуката за воведување царини реагираше и холандскиот премиер Дик Схоф, истакнувајќи дека одлуката на САД да воведат царини од 30 отсто на стока од Европската Унија од 1 август е загрижувачка и не претставува вистински пат. - Европската комисија може да смета на нашата целосна поддршка. Како Европска Унија, мора да останеме единствени и одлучни во настојувањето да постигнеме заемно корисен исход со САД, порача Схоф во објава на X. На одлуката за воведување царини реагираше и Сојузот на германската индустрија (БДИ), кој повика на итни разговори за решавање на растечките трговски тензии откако претседателот на САД, Доналд Трамп, најави воведување царини од 30 отсто на увозот на стока од Европската Унија. - Најавата на претседателот Трамп претставува алармантен сигнал за индустријата од двете страни на Атлантикот, изјави членот на Извршниот одбор на БДИ, Волфганг Нидермарк. БДИ ги повика германската влада, Европската комисија и американската администрација што поскоро да пристапат кон објективен дијалог и да пронајдат решенија за да се избегне понатамошна ескалација. Претходно денеска, Трамп соопшти дека од 1 август ќе стапат во сила царини во висина од 30 отсто на сета стока која се увезува од земјите на Европската Унија и Мексико. Тој на својот профил на мрежата Трут Соушл објави копии од писмата што ги испратил до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и до претседателката на Мексико, Клаудија Шајнбаум.Тагови: САД царини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисЃоковиќ и Синер го прекинаа тренингот во Вимблдон, за да одговорат зошто Србија и Италија не се на СП (ВИДЕО)Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, редовно прави шоу каде и да се појави, и често покажува колку е забавен.Истото се случи и на Вимблдон, каде што тој и Јаник Синер имаа можност да тренираат на чистата трева на теренот број 1 пред почетокот на Гренд слемот во Лондон. Ова е традиција веќе неколку години, а овој пат Централниот терен беше слободен, така што Јаник Синер, како бранител на титулата, ќе биде првиот што ќе стапне на тревата таму, против Миомир Кецмановиќ, веќе во понеделник во 14:30 часот. За време на разговорот со модераторката на Вимблдон, Новак и Јаник открија колку им е важен Вимблдон, а имаше и шеги. На крајот, се виде најинтересната сцена, кога таа ги праша двајцата зошто Србија и Италија не се на Светското првенство. Потоа Новак реши да го симне микрофонот и се пошегува со организаторите, бидејќи модераторката немаше време ниту да постави прашање кога Новак го прекина. - Добро луѓе, беше убаво да разговарам со вас. Среќно на сите други тимови - рече Новак и го тргна микрофонот, а Синер му се заблагодари што не мораше да одговара на толку незгодно прашање. - Добро е што Новак е тука, бидејќи приказната е најмногу за Италија - додаде Синер. Новак конечно одговори на џентлменски начин дека ги следи натпреварите, но не толку страсно како што би го сторил доколку Србија обезбедеше место на Светското првенство. Тагови: Јаник Синер Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЖешкиот бран ги топи глечерите во Швајцарија со алармантна брзинаСнегот и мразот на швајцарските глечери се топат со алармантна брзина поради топлотниот бран во Европа, предупредија денес експертите од швајцарската служба за следење на глечерите GLAMOS.Според нив, сезонскиот снег и мраз акумулирани во текот на зимата се очекува да се стопат до понеделник, што би бил вториот најран регистриран „ден на губење на глечери“ во историјата на мерењата, објави Гардијан. Експертите предупредија дека секое понатамошно топење до октомври би довело до понатамошно намалување на вкупната маса на глечерите во Швајцарските Алпи, кои брзо се повлекуваат со децении. Раководителот на GLAMOS, Матијас Хус, рече дека низ Алпите се регистрирани „екстремни стапки на топење“, при што некои глечери губат до еден метар мраз вертикално за само десет дена. Тој процени дека состојбата на глечерите се должи на комбинација од високи температури, ниски зимски снежни врнежи и присуство на сахарска прашина, што дополнително го забрза топењето. Податоците покажуваат дека швајцарските глечери изгубиле околу 38 проценти од својот волумен помеѓу 2000 и 2024 година, додека околу 1.200 глечери исчезнале во последните 50 години. Експертите предупредуваат дека ако трендот на затоплување продолжи, само мал број глечери би можеле да останат во Алпите до крајот на векот.Тагови: глечери Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПреку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
МакедонијаЦУК: Активни два пожари кај Трубарево и Опае, еден изгаснат во ВелесТри пожари на отворен простор се појавија денеска, од кои два сѐ уште се активни, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи.Првиот активен пожар е во општина Гази Баба, кај село Трубарево, каде гори ниска вегетација и ниска шума. Другиот активен пожар е на територија на општина Липково, кај село Опае, каде се зафатени ниска вегетација и жито. Изгаснатиот пожар бил на подрачјето на општина Велес, на улицата „Димко Најдов“ – опожарена била ниска вегетација. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство вчера информираа дека од 1 јули до крајот на август се воведува целосна забрана за движење во шумите, за да се превенира појава на пожари. Движењето во шумските подрачја ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“ и националните паркови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПреку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22