Реакции на белгиските медиуми по синоќешното реми на Белгија против македонската репрезентација - Канал 5

Реакции на белгиските медиуми по синоќешното реми на Белгија против македонската репрезентација

Весникот „Соар“ оценува дека ремито со Македонија претставува неуспех за Белгија и предупредување во пресрет на продолжување на квалификациите за Светското првенство во 2026 година. 

Реакции на белгиските медиуми по синоќешното реми на Белгија против македонската репрезентација

„Болна загуба на бодови со последици: Црвените ѓаволи не можеа да постигнат гол против Македонија и ја загубија лидерската позиција“, „(Селекторот) Руди Гарсија е тој што загуби два бода“, „Заслуживме да победиме: Фрустрации по ремито на „Црвените ѓаволи“ против Македонија“, „Директните квалификации на Светското првенство одеднаш доведени во прашање“, „Беа пропуштени сите шанси“, „Руди Гарсија прибери се!“, „Студен туш врз амбициите на „Ѓаволите“ пред Кардиф“, „’Црвените ѓаволи’ паднаа пред ѕидот на Северна Македонија“... се дел од насловите во белгиските медиуми по синоќешниот фудбалски натпревар во Гент, што заврши со резултат 0:0.

Белгискиот јавен радиодифузен сервис на холандски јазик ВРТ наведува дека по ремито 1:1 во Скопје во јуни, „Црвените ѓаволи“ повторно не успеаја да ја совладаат македонската репрезентација во квалификациите за Светското првенство.

- Каков фрустрирачки тим е Македонија за Белгијците во овие квалификации. Притискаа и шутираа, но ѕидот не падна. Зад голот на гостите во Гент имаше црвен ѕид од навивачи, а пред него стоеше бел ѕид од Македонци, се наведува во коментарот на ВРТ.

Според медиумот, синоќешното реми во Гент одеднаш му дава шанса на Велс да го освои првото место во квалификациската група, па ако Белгија сака да се пласира на Мундијалот ќе мора да се покаже в понеделник против велшката репрезентација.

- В понеделник, „Црвените ѓаволи“ ги чека можеби најважниот натпревар во поновата историја. Нов неуспех не е опција ако сакаме да одиме Светското првенство во 2026 година. Подгответе се за натпреварот на вистината против Велс, порачува ВРТ.

Белгискиот јавен радиодифузен сервис на француски јазик РТБФ оценува дека со синоќешниот нерешен резултат против македонската репрезентација, октомвриската квалификациска фаза која е клучна за пласман на Мундијалот почна лошо за „Црвените ѓаволи“.

- Овој нерешен резултат на крајот и одговара само на Македонија, смета РТБФ.

Според медиумот, белгиската репрезентација под водство на селекторот на Руди Гарсија и покрај 25-те шутеви кон македонскиот голот, не беше во можност да ја искористат својата целосна, но стерилна доминација.

- Ако треба да го сумираме натпреварот со еден збор, би рекле дека Руди Гарсија е тој што загуби два бода, се додаде во коментарот на РТБФ.

Белгиската подружница на РТЛ оценува дека фрустрација е најдобриот збор што го опишува чувството на Белгијците по синоќешниот натпревар.

- Имаа 11 играчи пред голот. Ретко сум видел такво нешто, беше доста необично. Дури и шутот од далечина беше тежок, изјави по мечот за РТЛ белгискиот репрезентативец Артур Теат.

Според телевизијата, бодот против нашата репрезентација не е доволен и ако Белгија сака да се пласира на Светското првенство ќе мора да победи в понеделник на гостувањето против Велс во Кардиф.

Весникот „Соар“ оценува дека ремито со Македонија претставува неуспех за Белгија и предупредување во пресрет на продолжување на квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

- И покрај јасната доминација во играта, „Црвените ѓаволи“ ремизираа 0:0 против Македонија. Јасно барајќи бод, балканскиот тим ги искористи сите трикови за да го урне рекордот во игра на својата половина, наведува весникот.

„Стандард“ смета дека по синоќешното ремито 0-0 на „Црвените ѓаволи“ против Македонија, одеднаш е доведен во прашање нивниот директен пласман на Светското првенство.

- Северна Македонија постигна брилијантен резултат во Белгија, доведувајќи ги „Црвените ѓаволи“ до реми 0-0 на преполниот стадион во Гент. Белгија сега мора да избегне пораз во Велс за да остане на патот за Светското првенство во 2026 година, оценува весникот.

„Стандард“ пренесува и изјава на Гарсија дека резултатот е разочарувачки, иако белгиските фудбалери направиле се што можат за да победат.

- За жал, фудбалот е единствениот спорт каде што можеш да бидеш ултра-доминантен, а сепак да не победуваш секогаш. Понекогаш дури и губиш, што за среќа овој пат го избегнавме, додаде Гарсија.

„Хет Лацте Њуз“ наведува дека синоќешниот настап на белгиската репрезентација бил фрустрирачки и разочарувачки, па сега селекторот Гарсија „ќе мора да се прибере“ и да освои барем еден бод в понеделник во Кардиф или во спротивно ситуацијата ќе стане многу деликатна околу „пласманот во САД.“.

Весникот „Дерние Ер“ во осврт на натпреварот оценува дека „Црвените ѓаволи“ сторија се, но белгиските шутеви „завршуваа во македонскиот ѕид“.

- Белгијците го поминаа своето време плетејќи околу противничкиот шеснаесетник, понекогаш дури и во него, но Македонците го туркаа концептот на блокирање до крајност. Честопати дури имаше и седум играчи во последната линија пред Димитриевски, нивниот одличен голман, додава весникот.

„Нет Њузблат“ оценува дека белгиските фудбалери ги попуштиле сите шанси на синоќешниот меч и одново загубиле значајни бодови, со што нивниот пласман на Светското првенство останува се уште далеку.

- „Црвените ѓаволи“ и Руди Гарсија ќе треба да ги покажат своите најдобри карти в понеделник кога ќе гостуваат во Велс, додава весникот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Родители од пеколот: Ја силувале својата 11 годишна ќерка, па му ја дале на постар маж од БиХ да ја силува за да го исплатат долгот

Брачен пар од Рот ам Зе (округ Швебис Хол) во Германија е осуден на долги затворски казни од Регионалниот суд во Елванген за сериозно сексуално злоставување и силување на сопствената ќерка.

Родители од пеколот: Ја силувале својата 11 годишна ќерка, па му ја дале на постар маж од БиХ да ја силува за да го исплатат долгот

Судскиот совет го осуди 45-годишниот татко на 11 години и шест месеци затвор, додека неговата 41-годишна сопруга доби казна од девет години и шест месеци, пишува Nezavisne.com.

Во овој случај учествувал и нивниот семеен пријател, 54-годишен маж со двојно државјанство на Босна и Херцеговина и Хрватска, кој моментално е во бегство. По него е издадена меѓународна потерница. Според обвинението, германскиот пар му ја дал својата ќерка на овој маж, третирајќи ја како предмет на сексуална експлоатација.

Девојчето ѝ се доверило на својата наставничка

Според обвинението, родителите постојано ја принудувале нивната тогаш 11-годишна ќерка на сексуални односи во период од повеќе од една година. Подоцна, се сомнева дека нивниот семеен пријател, по потекло од Босна и Херцеговина, кој има и хрватско државјанство, исто така се придружил на злоставувањето.

Во обвинението се наведува и дека родителите му се заканувале на девојчето со електрошокови за да ја принудат да молчи. Истражителите се сомневаат дека таткото имал значителни долгови кон 54-годишниот познаник.

Случајот стана јавен откако девојчето ѝ кажала на својата наставничка за сè, која веднаш ја известила надлежната служба за заштита на деца и млади, која од февруари се грижи за девојчето, кое сега има 13 години. За време на судската постапка, родителите го искористиле своето право да не презентираат одбрана.

Контроверзната судска одлука предизвика вџашеност

За време на постапката, одлуката на судечкиот совет да ги ослободи обвинетите од притвор во јули привлече особено внимание. Во тоа време, судот процени дека нема доволно основа за итно сомневање дека сториле кривични дела, што е еден од условите за наредба за притвор.

Портпаролот на судот објасни дека во тој момент постоела можност обвинетите да бидат осудени, но дека нивната вина сè уште не била сигурна. Девојчето сè уште не било сослушано, а бидејќи родителите одбиле да се изјаснат за обвиненијата, судот се нашол во ситуација каде што имало две спротивставени верзии за настаните.

Сепак, Вишиот регионален суд во Штутгарт не се согласил со оваа проценка. Во август, повторно ја активираше потерницата за таткото и семејниот пријател. Сепак, дотогаш веќе беше предоцна да се спречи бегството на 54-годишникот, кој го искористил периодот на слобода за да ја напушти земјата.

Според властите, бегалецот најверојатно е некаде во Источна Европа. Портпаролот на судот потврди дека мажот, покрај хрватското, има и државјанство на Босна и Херцеговина, што би можело да го комплицира процесот на екстрадиција.

Таткото веќе бил осудуван

Судскиот совет ги отфрли тврдењата дека имало сериозна грешка во правдата за време на постапката. Судот рече дека одлуките се донесени врз основа на доказите и информациите што им биле достапни во тоа време.

Таткото веќе отслужувал затворска казна во Северна Рајна-Вестфалија за обид за измама. Претходно бил осуден и за дистрибуција на порнографски материјал.

За разлика од него, мајката била уапсена дури минатата недела. Една од клучните причини за проценката дека постои ризик од нејзино бегство беше психолошката експертска проценка на сведочењето на девојчето, која судот ја оцени како особено значајна.

Во случаите на сексуална злоупотреба, експертската анализа на сведочењето на жртвата игра важна улога во утврдувањето на фактите и донесувањето судска одлука. За време на сослушувањето, 13-годишното девојче го даде своето сведочење за насилството што го претрпела преку видео-снимка. Снимката, како и наодите и мислењето на вештакот, беа дискутирани на затворена седница, без присуство на јавноста.

Сомнителни финансиски трансакции на двојката

Дополнително, против мајката се води посебна постапка поради сомнение за злоупотреба на хуманитарни донации. Според истрагата, таа собрала пари преку платформата GoFundMe, презентирајќи им лажни информации на донаторите.

Надлежните органи истражуваат и сомнителни финансиски трансакции на банкарските сметки на двојката. Банките пријавиле сомневања за можно перење пари до надлежните институции. Според досегашните сознанија на истражителите, 54-годишен маж кој е во бегство бил исто така вмешан во спорните финансиски трансакции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пијан ракун, кој го насмеа светот, помогна да се соберат 290.000 долари (ВИДЕО)

Ракун кој минатата година провалил во продавница за алкохол во американската држава Вирџинија, испил неколку шишиња алкохол и заспал покрај тоалетот, му помогнал на локалното засолниште за животни.

Пијан ракун, кој го насмеа светот, помогна да се соберат 290.000 долари (ВИДЕО)

Ракун кој минатата година провалил во продавница за алкохол во американската држава Вирџинија, испил неколку шишиња алкохол и заспал покрај тоалетот, му помогнал на локалното засолниште за животни да собере повеќе од 290.000 долари, објави Засолништето за животни во округот Хановер, објави АП.

Ракунот стана глобална медиумска сензација откако менаџерот на продавницата го пронашол во несвест покрај тоалетот неколку часа по провалата.

YouTube video

Засолништето купува камери

Животното се опоравило и било пуштено во дивината, на околу една милја од продавницата во Ашланд.

Неговата авантура инспирирала скеч во емисијата „Saturday Night Live“, а Засолништето за животни во округот Хановер ја искористило неговата популарност за да собере пари со продажба на маици, дуксери со качулки, капи, шолји и налепници со зашеметениот ракун.

Производите го носат слоганот „Wacky Panda“, додека се создадени тематски колекции за лето и Ноќта на вештерките.

Директорот за заштита на животните во округот Хановер, Џефри Паркер, рече дека собраниот износ е многу пати поголем од вообичаените годишни донации на засолништето, кои обично не надминуваат 20.000 долари.

Дел од парите ќе бидат искористени за купување камери за тело што ги носат осум службеници за заштита на животните.

Камерите ќе им овозможат да собираат докази во случаи на злоупотреба на животни, како и да ги документираат постапките на службениците за време на интервенциите.

YouTube video

Проба алкохол од повеќе шишиња

Локалната самоуправа едногласно го одобри купувањето на камерите на 28 октомври, а се очекува службениците да почнат да ги користат околу јануари.

Паркер рече дека сака дел од преостанатите пари да се издвојат за фонд за финансирање на третманот на повредени животни пронајдени за време на интервенциите.

„Не знам кога некогаш сме му должеле на животно толку голема благодарност како што му должиме на овој ракун“, рече членката на локалната самоуправа Феј Причард.

Ракунот се скрши и веројатно вкусил алкохол од неколку шишиња во продавницата, вклучувајќи рум, виски, вотка и други жестоки пијалоци.

Откако беше пуштен во дивината минатиот ноември, контролата на животните не добила ниту еден извештај за друга провала на ракун, рече Паркер, изразувајќи надеж дека животното сега живее мирен живот.

Продажбата на сувенири сè уште е во тек, а за да се одбележи годишнината од необичната провала, во продажба се појавија нови маички со слоганот: „Една лоша ноќ. Многу добри дела“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран откри што планира со збогатениот ураниум- на Трамп нема да му се допадне

Иран нема да дозволи ниту една честичка збогатен нуклеарен материјал да ја напушти земјата, а во случај на нови напади на САД врз Исламската Република, ќе има последици, изјави шефот на иранската безбедност Мохсен Резаи во телевизиско обраќање.

Иран откри што планира со збогатениот ураниум- на Трамп нема да му се допадне

Резаи зборуваше за либанската телевизиска станица Ал Мајадин, која е блиску до Иран, откако американските претставници ја намалија потребата од дополнителни воени дејствија против Иран.

Аналитичарите посочија на помирувачкиот тон на американскиот претседател Доналд Трамп по поразот на републиканците на изборите за Конгресот во САД одржани на 3 ноември.

Резаи рече дека во моментов нема преговори меѓу Техеран и Вашингтон.

„Ќе одговориме на секој нов напад на САД со таргетирање на американските бази далеку од нас“, рече тој.

Врховниот лидер на Иран издаде директива со која наредува иранскиот ураниум збогатен на нивоа блиски до оние потребни за производство на нуклеарно оружје да не може да се испраќа во странство, изјавија двајца високи ирански претставници во мај.

„Ни треба збогатен материјал за дизајнирање бродови и подморници на нуклеарен погон“, рече Резаи, додавајќи дека Техеран ја информирал Москва дека неговиот збогатен нуклеарен материјал ќе остане во земјата и „ќе го користиме ние самите“.

Русија претходно понуди да зема збогатен ураниум од Иран како дел од потенцијален договор за ублажување на загриженоста на САД, но рече дека Техеран е тој што треба да одлучи дали да го отстрани од земјата.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) проценува дека Иран имал 440,9 килограми ураниум збогатен до 60 проценти - ниво далеку над она што било потребно за цивилна употреба кога Израел и САД ги нападнаа иранските нуклеарни објекти во јуни 2025 година. Не е познато колку од тој материјал ги преживеал нападите.

Израел, САД и другите западни земји долго време го обвинуваат Иран дека се обидува да произведе нуклеарно оружје. Иран ги негира обвинувањата.

Вашингтон изјави дека нуклеарните прашања мора да бидат дел од сите почетни разговори со Иран насочени кон прекин на војната меѓу двете земји. Иран достави нуклеарен предлог до САД, преку Катар, кој ќе се дискутира дури откако Вашингтон ќе исполни седум барања што ги постави Техеран, изјави висок ирански функционер за Ројтерс минатата недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер