Реакции и закани со тужби по вчерашниот инцидентот во Советот на Општина Кочани - Канал 5

Реакции и закани со тужби по вчерашниот инцидентот во Советот на Општина Кочани

МВР се уште работи на расчистување на вчерашниот инцидент во кој, по жестоката расправија со советникот на ВМРО-ДПМНЕ Васе Алексов, советникот од Партијата за Демократски Просперитет на Ромите Аки Акиов повреди вработена од општината

Реакции и закани со тужби по вчерашниот инцидентот во Советот на Општина Кочани

МВР се уште работи на расчистување на вчерашниот инцидент во кој, по жестоката расправија со советникот на ВМРО-ДПМНЕ Васе Алексов, советникот од Партијата за Демократски Просперитет на Ромите Аки Акиов повреди вработена од општината погодувајќи ја со шише. Од Полицијата велат дека ќе следува соодветна пријава, но против кого и за што опстанува нејасно, а информации нема ниту од Обвинителството..

В.д градоналачникот на о.Кочани Венко Крстевски, за Канал 5 и денеска го осуди инцидентот и смета дека Акиов мора правно да одговара за стореното.

-Сметам дека советникот треба да и се извини на вработената во општината и треба да одговара за својата постапка. Овој настан е ескалација на претходна нетрпеливост. Скоро секоја седница е така изминатите 3 ипол години, доста некоректен однос од одредени колеги советници, со навреди, со клевети,- - Венко Крстевски – в.д градоначалник на о.Кочани.

Акиов, пак, преку објава на социјалните мрежи и се извини на службеничката што ја повреди, но се правда дека бил испровоциран од советникот Алексов, кој го обвинува дека му дофрлал навреди, нарекувајки се себе си борец за правда..

-Некултурно, крајно неодговорно, нехумано и деградирачки е постојано да се прави хистерија во советничката сала преку урлање, барање паузи, дофрлување навреди на лична основа среде секое мое излагање на вистината што на ВМРОВЦИТЕ не им иде во прилог. Денес чашата беше прелеана од советникот Алексов кој што го испровоцира целиот настан својствено за него. На Правничката од о.Кочани јавно и се извинувам за ненамерно нанесената повреда. – стои меѓудругото во објавата на Акиов.

Продолжија и партиските реакции за инцидентот. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека бил план за дестабилизација напрвен од Зоран Заев и Венко Филипче и побараа оставка од Акиов.

-Советникот на Филипче, Аки Акиов кој вчера повреди вработена во општина Кочани и физички се закануваше на советници, е човек од најголема доверба на Зоран Заев. Еве фотографија од советникот на Филипче, тепачот од Кочани и Зоран Заев. Ова е добро позната тактика на Заев, која сега ја применува Филипче, а тоа е внесување на страв и паника кај народот од локални тепачи, кои се закануваат и сеат страв,- Бране Петрушевски – ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ вчера се оградија од постапката на Акиов, кој е нивни коалициски партнер.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НЛБ Банка и „Прагма Продукција“ го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона

НЛБ Банка и „Прагма Продукција“ денеска го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона.

НЛБ Банка и „Прагма Продукција“ го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона

На заедничка прес-конференција ги најавија музичките настани што ќе ја одбележат летната програма, како и ексклузивните поволности што ќе бидат достапни за клиентите на НЛБ Банка, со посебен акцент на пакетот **nlb next**, наменет за младите.

На прес-конференцијата присуствуваа и членовите на дуото „Дупер“ и Слаткаристика, кои ги најавија претстојните настапи и ја поздравија иницијативата за поддршка на домашната музичка сцена.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Супер вторник“ за проширувањето на ЕУ - четири меѓувладини конференции во еден ден

„Супер вторник„ за проширувањето на Европската Унија – вака во Брисел го опишаа оддржувањето на дури четири меѓувладини пристапни конференции во еден ист ден, што според ресорната еврокомесарка Марта Кос се случува прв пат по 24 години. 

„Супер вторник“ за проширувањето на ЕУ - четири меѓувладини конференции во еден ден

„Супер вторник„ за проширувањето на Европската Унија – вака во Брисел го опишаа оддржувањето на дури четири меѓувладини пристапни конференции во еден ист ден, што според ресорната еврокомесарка Марта Кос се случува прв пат по 24 години. Од четирите водечки кандидатки - Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија, Црна Гора е апсолутниот првенец, додека Украина постигнала голем напредок во последните два месеци, оценија Кос и министерот за европски прашања на Ирска, Томас Бирн, чија земја е актуелен претседавач со Унијата.

-Со нашите предводници - Молдавија и Украина, ќе го отвориме кластерот 6. Се однесува на надворешните односи на двете земји. Исто така, станува збор за соработка во одбраната и справувањето со хибридните закани. Двете земји ќе придонесат кон европската безбедносна структура. Ова е пресвртница за Албанија со почетокот на затворањето на поглавјата и секако за нашиот фаворит, првенецот Црна Гора, со денес уште едно затворање на две поглавја вкупно 18 од 33, што значи повеќе од половина,- - Марта Кос Еврокомесарка за проширување.

Овој „Супер вторник„ е знак до земјите кандидатки дека Унијата е подготвена за проширување, изјави ирскиот министер – Томас Бирн. Тој како и Кос порачаа дека проширувањето останува меритократски процес.

-Самиот денешен ден „Супер вторник„ како што го нарекуваме - најмногу конференции за пристапување од 2002 година, само по себе гради импулс што луѓето ќе го видат во земјите-пристапнички дека постои Европска Унија. Дека земјите-членки се подготвени да го движат тој процес напред, подготвени да го остварат, и дека нашите земји-членки и нивните системи почнуваат да се подготвуваат со уште поголема итност отколку што веќе покажаа во овој процес. Затоа мислам дека ќе продолжиме да го движиме ова напред,- -Томас Бирн, министер за европски прашања и одбрана на Ирска.

Иако соседна Србија не доби зелено светло од Брисел за отворање на третиот кластер, според еврокомесарката Кос, Белград испраќа сигнал дека е подготвен за поголемо стратешко усогласување со Унијата. Неколку земји членки се против напредокот на Белград, поради невоведувањето санкции кон Русија и заостанување во владеењето на правото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Државниот инспекторат за транспорт доби нови возила и опрема вредни 700.000 евра

Осумнаесет нови возила, донација од ЕУ, беа промовирани денеска, а кои се за потребите на државниот инспекторат за транспорт.

Државниот инспекторат за транспорт доби нови возила и опрема вредни 700.000 евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски истакна дека Државниот инспекторат за транспорт со ова добива комплетно нова димензија, посочувајќи дека сега вработените ќе може да ги има на секоја точка од државата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер