3Денеска се очекува ново зголемување на цените на горивата до 2,5 денари за дизелот и околу денар за бензините
3Златан Ибрахимовиќ по натпреварот меѓу Франција и Парагвај: „Да играв јас, ќе добиев четири или пет црвени картони“
МакедонијаРазвојот на фудбалот и младите таленти во фокус на средбата Мицкоски - ЧеферинПремиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, на која станало збор за визијата, развојот и за перспективите на фудбалот.На средбата, како што напиша премиерот Мицкоски во објава на „Фејсбук“, биле разменети мислења за унапредување на условите за развој на спортот, како и за создавање нови можности за младите фудбалски таленти. - Продолжуваме со силна посветеност кон создавање услови за напредок, инвестиции и нови можности за младите таленти - истакна Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПустинска тврдина: Египет направи воен комплекс поголем од Пентагон (ВИДЕО)Египет го отвори „Октагонот“, нов штаб на своите вооружени сили кој се смета за најголем воен комплекс во светот, со присуство на претседателот ал-Сиси и голема воена церемонија.Египет го отвори новиот штаб на своите вооружени сили во недела, кој се смета за најголем во светот. Претседателот Абдел Фатах ал-Сиси присуствуваше на отворањето, во ретко јавно појавување во воена униформа. Комплексот „Октагон“ се состои од осум згради, секоја во форма на осмоаголник, и се протега на околу 90 квадратни километри - површина приближно со големина на Лисабон. Објектот е значително поголем од Пентагон, седиштето на Министерството за одбрана на САД, што го прави најголемиот воено-административен комплекс во светот. Ал-Сиси на отворањето рече дека комплексот е „доказ за волјата на една нација која знае дека ништо не е невозможно“. BREAKING: Egypt inaugurates its new Strategic Command Headquarters “The Octagon” in the new capital city “The New Capital” east of Cairo. Larger than the Pentagon, it will serves as Egypt’s central military and national security command hub. The people working there will… — Visegrád 24 (@visegrad24) July 4, 2026 Претседателот беше придружуван до комплексот со борбени хеликоптери. Комплексот се наоѓа источно од Каиро, во новиот административен главен град во пустината. Проценките покажуваат дека изградбата чинела околу 50 милијарди евра, што го прави еден од најскапите проекти откако ал-Сиси дојде на власт. Во меѓувреме, Египет се соочува со една од најтешките економски кризи во последните децении, со надворешен долг од околу 143 милијарди евра.Тагови: Египет Пентагон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Алчноста за пари на Апасиев пред реформите, Левица го блокира Изборниот законикАпасиев повторно го погази зборот, алчни само за пари Левица го блокираат Изборниот законик.Левица и Димитар Апасиев докажаа дека нивните зборови не вредат ништо кога ќе дојде време да се преземе одговорност. Иако со консенсуз од сите политички партии беше прифатено она што Димитар Апасиев и Левица го бараа, а тоа е повеќе пари за финансирање на кампањата од Буџетот, квази левичарите денес тој договор го поништуваат. Левица со денови јавно зборува за принципи, демократија и една изборна единица, а кога на маса беше ставен договор во кој беа прифатени нивните барања, решија да го блокираат процесот и Изборниот законик. Левица на чело со Апасиев потврди дека нивната политика не се темели на принципи, туку на дневен политички маркетинг и пресметана конфронтација. Левица избра да прави политички театар И вештачки кризи со цел да соберат политички поен плус наместо напредок, реформи и современ и функционален Изборен законик. Левица избра да се служи со провиден политички маневр иако фактите се јасни, беше постигнат широк политички консензус и беа прифатени решенија кои ги бараше и Левица. Левица избега од договореното, Апасиев се повлече и одлучи да го блокираат процесот. Граѓаните на дело го видоа лицемерието и двојните стандарди на Апасиев и Левица. Единствено што му е важно на Апасиев се повеќе пари, Апасиев едно зборува пред камерите, друго прави зад затворени врати глумејќи тврдокорен. Левица нуди само популизам. Левица нема решенија, Апасиев нуди само блокади. На Македонија и се потребни институции што функционираат и политичари што стојат зад својот збор, а не политички претстави и евтини маневри како тие на Апасиев и Левица кои заедно со Венко Заев и СДС ги кочат реформите. Граѓаните не им веруваат на квази политичари кои ги интересираат само сопствени интереси и пари, впрочем за тоа говорат и анкетите каде СДС и Левица ја губат поддршката од народот. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДенеска се очекува ново зголемување на цените на горивата до 2,5 денари за дизелот и околу денар за бензинитеДенеска се очекува ново зголемување на цените на горивата. Премиерот Мицкоски вчера одговарајќи на новинарско прашање, изјави оти очекува да им зголемување на цените на дизелот за околу два до два и пол денари по литар и на бензините за околу еден денар по литар. Ваквите очекувања, рече тој, се врз основа на пресметките на владата направени според движењето на цените на нафтата и на нафтените деривати на светските берзи во текот на минатата седмица. „Врз основа на нашите калкулации имаме зголемување на цената на нафтата за 5-6 проценти на светските берзи во текот на минатата седмица и благо зголемување на цената на бензините за 2 до 3 проценти“,изјави тој. Сепак, како што рече, за конечните цени на горивата што граѓаните ќе ги плаќаат од полноќ меѓу понеделник и вторник, треба да се почека одлуката на регулаторната комисија за енергетика.Тагови: горивата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook