ЖивотРазводот голем стресоген фактор како операција без анестезијаНајмалку разводи во текот на 2018 годината имало во август, а најмногу во декември. Динамичниот стил на живеење, променетите вредносни модели на однесување кај луѓето, либералниот бракоразводен режим, остварувањето на личните потреби и интереси пред оние на семејството несомнено влијаат на брзото зголемување на бројот на разводи во изминатите неколку децении. Во развиените држави разводот на бракот се должи на еманципацијата на жената и на модерниот начин на живеење. Во овие земји постои еден вид послободна заедница, која не е толку врзана за законите и за традицијата, туку бракот трае колку и согласноста на брачните партнери. Нашата држава се приближува кон некои европски стандарди на однесување, на брзо живеење, на брзи, дури и непромислени одлуки. Избрзаното стапување во брак, според психолозите, пред добро да се запознаат брачните другари кои стапуваат во една заедница, се последица на брзо раскинување за заедницата што според статистичките податоци за развод се утврдува дека трае формално само една година. Бројот на склучени бракови во државава бележи пад, но намалување има и кај бројот на разведени бракови, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Според ДЗС бројот на разводите во 2018 година бележи намалување од 18,8 отсто во споредба со претходната година и изнесува 1.620 разведени бракови. Во 2017 година имало 374 повеќе разведени бракови, односно регистрирани се вкупно 1.994. Најмалку разводи во текот на 2018 годината имало во август, а најмногу во декември. Според траењето на бракот, како што информираат од ДЗС, најголем број разводи – 322, се случиле од пет до девет години по склучување на бракот. Д-р Љубинка Дамјановиќ, специјалист по психијатрија во ЈЗУ Завод за ментално здравје-Младост, Скопје посочува дека стресот на секојдневното живеење, различните навики, несогласувањата, нарушената комуникација меѓу партнерите, физичко, психичко и емоционално насилство, финансиски проблеми, изневерување... и слично доведуваат брачната заедница да се разведе. -Бројот на разведени бракови од новосклучени во Македонија секојдневно е во пораст. Разводот е голем стресоген фактор за понатамошното функционирање, психолозите го дефинираат како операција без анестезија, затоа што разводот на бракот во кој се подигале децата, се градело семејството и се стекнувал заедничкиот имот, оддеднаш се се растура како кула од карти. Ако вредностите на одредена средина или личност ја исклучуваат можноста за развод и се осудуваат оние кои предходно се разведени, интензитетот на стрес ќе биде поголем, а разводот ќе предизвика подолгосежни и подлабоки последици, вели Дамјановиќ. Во ординацијата, како што посочива таа, се почесто родителите бараат совет, помош, пред се во врска со чувањето и грижата за заедничките деца по разводот. -Во ординацијата почесто доаѓаат жените кои после разводот се соочуваат со финансиски и станбени проблеми, грижа за деца, а особено оние после 50-та година од животот и постари.... Надминувањето на депресивна реакција, која може да се продлабочи до тешка депресивна епизода, до обид за суицид бара психолошка поддршка од средината, вклучување антидепресивна терапија и редовни контроли и следење од стручно лице, вели Дамјановиќ. Дека разводот не ги одминува и луѓето од повозрасната доба, Дамјановиќ посочува пример на 74-годишна пациентка, која со помош на терапија ги надминала емотивните потешкотии. – Во текот на разводот, имаше обид за суицид... но со терапија, редовни контроли кај психијатар, психолог, консултација со адвокат (во врска со правни работи за заеднички имот) за кратко време се надминаа емотивните потешкотии, пациентката си го преструктуира животот и продолжи понатаму да чекори, вели таа. Кога се работи пак за склучени бракови во текот на 2018 година, според ДЗС и овде е забележано намалување за 2,1 отсто во однос на претходната година и изнесува 13.494 склучени брака. Статистиката покажува дека најмногу бракови, 1 665 или 12.3 отсто се склучени во месец август, а најмалку, 738 или 5.5 отсто во месец март. Минатата година, според статистичките податоци, и жените и мажите најчесто застануваат пред матичар на возраст од 25 до 29 години. Праксата како што вели Дамјановиќ, покажува дека луѓето многу ретко доаѓаат да се посоветуваат пред стапување во брак и такви случаи се бројат на прсти. -Идните брачни партнери треба да се запознаети со наследни болести, финансиска состојба, различна национална припадност кои понатаму и тоа како влијаат врз нивниот семеен живот и животот на поширокото семејство и средината во која ќе живеат. Треба да бидат подготвени за предизвиците со кои ќе се соочат, и со заеднички вложувања да ги надминат, вели д-р Љубинка Дамјановиќ./MИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВенс го презема водењето на преговорите со Иран; Трамп му доделува клучна улога Венс го презема водењето на преговорите со Иран; Трамп му доделува клучна улога – Техеран ги одбива разговорите и се заканува на американските бази во Европа.Потпретседателот на Соединетите Држави, Џеј Ди Венс, презеде водечка улога во преговорите за ставање крај на војната со Иран, а се разгледува и можноста за директна средба меѓу него и Мохсен Резаеи – секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран. Сепак, Резаеи тврди дека таква средба не е планирана, пренесува „Волстрит џурнал“. Според американски официјални претставници на кои се повикува весникот, претседателот Доналд Трамп го овластил Венс повторно да ги започне преговорите со Техеран. Со тоа, потпретседателот презеде главна дипломатска улога, додека пратениците на Белата куќа, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, се повлечени во втор план. Иако го поддржува продолжувањето на преговорите, Трамп, наводно, смета дека јунскиот меморандум за разбирање со Иран – во чие договарање учествуваше и Венс – бил грешка. Двајца американски функционери изјавија дека претседателот смета оти договорот му овозможил на Иран да закрепне и повторно да остварува приходи од продажбата на нафта. Од друга страна, државниот секретар Марко Рубио и Стивен Милер од Белата куќа – според истите извори – се залагаат за задржување на блокадата против Иран сè додека Техеран не се согласи на отстапки. За разлика од Рубио и секретарот за одбрана Пит Хегсет, кои ја бранат одлуката на Трамп во врска со војната, Венс јавно го поврза конфликтот со тешкиот пораз на републиканците на минатонеделните избори за Конгресот. Американските официјални претставници ја опишуваат неговата одлука да преземе водечка улога во дипломатијата со Иран како политички ризичен потег. Успехот во преговорите би можел да донесе значителни политички придобивки, додека неуспехот би можел да има спротивен ефект. Според „Волстрит џурнал“, Трамп се согласува со проценката на Венс дека војната влијаела врз изборните резултати, но сепак продолжува да ја брани воената операција против Иран. Додека Вашингтон ја разгледува можноста за обновување на дипломатските контакти, пораките од Техеран укажуваат на тоа дека во моментов не се водат никакви преговори со Американците. Во интервју за либанскиот телевизиски канал „Ал-Мајадин“, Мохсен Резаеи ги отфрли тврдењата за разговори меѓу двете страни. Тој ги нарече лаги извештаите за наводни преговори во Катар, тврдејќи дека нивната цел е да се намали економскиот притисок врз Иран и да се спуштат цените на нафтата. Иранскиот функционер, исто така, упати директно предупредување до Соединетите Држави, заканувајќи се со напади врз американските воени позиции. „Ако Американците направат грешка и нè нападнат, ние ќе извршиме удари дури и врз оддалечените американски бази“, изјави Резаеи. Тој додаде дека потенцијални цели би можеле да бидат сите бази од кои полетуваат американски авиони, вклучително и оние што се наоѓаат во Европа.Тагови: Џ.Д. Венс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаЛДП: Хаос, пиши-бриши и институционално лудило - добиваме нови шлаканици од ЕУХаос, пиши-бриши и институционално лудило - добиваме нови шлаканици од ЕУ додека власта секој ден ги менува законите зад грбот на народот!Ова е невиден скандал, аматеризам и катастрофа каква што не се памети ни во најнеразвидените држави! Владата и нивното мнозинство вчера направија класичен испад на „пиши-бриши“ откако сфатија дека “случајно” избришале клучни ставови, па сега по итна постапка се враќаат назад во собраниските клупи за да ги кројат законите преку ноќ. Читаат писмени извештаи и се прават неупатени, но директната порака од Европската комисија е сосем јасна: она што тие го прават со законодавството е чист хаос кој ја става Македонија во ред на крајно нефункционални и неспособни држави. Која будала би инвестирала во земја каде што законите се менуваат секој час само за да се задоволат тесни партиски интереси и директиви? Како што јасно потврдуваат и анализите од последниот Извештај на Европската комисија, високата корупција во земјава останува широко распространета, а честите и непредвидливи измени на законите директно ја засилуваат перцепцијата за неказнивост. Наместо борба против криминалот, власта испорачува само добра претстава за јавноста – лажни реформи, неуспешни конфискации и законски решенија кои ја „галат“ корупцијата, наместо да ја казнуваат. Народот ги трпи последиците од оваа неспособност, додека државата губи на секој чекор. „Ова е врв на неспособноста и ќе речам ‘правно дивјаштво’ кое мора да престане веднаш! Прво си изгласаа амнестија за функционерите за да ја заштитат високата корупција, а сега со секојдневните измени во Кривичниот законик по скратена постапка прават хаос, додека за обичниот граѓанин воведуваат ригорозни казни. Добиваме јасни шлаканици од Европската унија бидејќи оваа власт ја претвори државата во приватна зона за тендери и партиски манипулации. Ваквото скандалозно однесување мора да заврши – доста е од погребување на правната држава!“, порача претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова. ЛДП бара итно запирање на ова законско лудило, повлекување на досегашните штетни интервенции и воспоставување на вистинско владеење на правото, бидејќи Македонија повеќе нема време за губење во рацете на неодговорни политичари!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЗлато, „Ролс-Ројс“, жив крокодил: Запознајте го Украинецот кој требаше да ги штити електранитеНа социјалната мрежа „Threads“ е откриен профил што му припаѓа на Владислав Соколов – претприемач поврзан со наводна проневера на јавни средства наменети за заштита на енергетската инфраструктура во регионот на Киев. Според информации од еден „Telegram“ канал, при претрес на неговиот луксузен пентхаус биле пронајдени базен и терариум со крокодил, пренесува украинскиот медиум „NV“. Блогерoт и новинар Денис Казански прв го сврте вниманието кон профилот на Соколов. „Неговиот профил на ’Threads‘ започнува со фотографија на која е прикажан Руслан Олијник – поранешен заменик на Микола Калашник (кој во меѓувреме поднесе оставка). Интересно е што нема никакво спомнување на неодамнешните настани. Можете да му поставувате прашања во коментарите“, напиша Казански. Фотографии од мермерни столбови, позлатени детали, базен, терариум со крокодил и автомобил „Ролс-Ројс“ брзо се проширија на социјалните мрежи. Корисниците реагираа со саркастични коментари, истакнувајќи дека „ненадминливиот оригинал“ за ваков ентериер е, всушност, домот на поранешниот главен обвинител Виктор Пшонка – кој исто така е осомничен за корупција. Свое мислење изнесе и активистот Серхиј Стерненко. Тој тврди дека Соколов поседува компанија која требало да гради заштитни објекти за енергетски постројки; наместо тоа, средствата наводно биле искористени за создавање на овие раскошни ентериери. Стерненко понатаму ја обвини истата компанија за проневера на средства наменети за изградба на засолништа во училиштата. „Изгледа дека Доналд Трамп доби конкуренција во категоријата ’луксузен кич‘. Запознајте го сопственикот на озлогласениот стан со крокодилот – сопственик на компанија која требало да гради заштита за енергетски објекти во регионот на Киев, но која, како што изгледа, изградила нешто сосема друго“, напиша Стерненко. Шема за проневера на средства наменети за училишни засолништа била обелоденета уште во октомври од страна на Серхиј Болвинов, раководител на истражниот оддел и прв заменик-началник на Главната управа на Националната полиција во регионот на Киев. Според него, во кругот на еден лицеј во градот Крјукившчина се градело засолниште за заштита од зрачење, за што од буџетот биле издвоени повеќе од 3,7 милиони евра. Главниот изведувач ангажирал друга компанија за извршување на градежните работи и ѝ платил за тоа. Сепак, истражителите утврдиле дека тие работи постоеле само на хартија. Компанијата немала ниту вработени, ниту потребна опрема – факт што е потврден со истрага спроведена од даночните органи. На сметките на оваа фиктивна компанија биле префрлени вкупно 240.000 евра; средствата потоа биле подигнати во готовина и поделени меѓу инволвираните лица. Директорот на компанијата е осомничен за службено фалсификување извршено како дел од група – што резултирало со сериозни последици – како и за перење пари, односно прикривање на приноси стекнати преку кривично дело. Болвинов исто така објави фотографии од луксузен стан, направени за време на истрагата. Тој напомена дека полицијата во моментов проверува дали овој имот е поврзан со средствата што се предмет на истрагата. На 3 ноември, активистот Серхиј Стерненко објави дека заштитните мерки во голем број енергетски објекти или воопшто не биле спроведени, или пак биле изведени со сериозни недостатоци. Во својата објава, тој покрена прашања за одговорноста на Микола Калашник, поранешен раководител на Воената управа на Киевската област. „Без спроведување постапка за јавна набавка, Калашник потпиша договори во вредност од над 11 милиони евра за заштита на електрични потстаници со компании кои немаа ниту работна сила, ниту опрема за извршување на такви задачи. Понатаму, против овие компании веќе беа поднесени кривични пријави“, изјави Стерненко. Тој додаде дека компаниите добиле големи авансни плаќања, но не ја завршиле работата на заштита на енергетската инфраструктура. Микола Калашник моментално ја извршува функцијата министер за развој на заедниците и териториите на Украина. Извор: Индекс.хрТагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook