Разведе ли убавата актерка Амбер Хард уште еден колега?! - Канал 5

Разведе ли убавата актерка Амбер Хард уште еден колега?!

Холивудската убавица Амбер Хард повторно се поврзува со оженет актер.

Разведе ли убавата актерка  Амбер Хард уште еден колега?!

Убавата актерка беше главниот женски лик во хит филмот „Аквамен“.

Веста за разводот на Џејсон Момоа и Лиза Бонет ја шокираше јавноста. Џејсон никогаш не криел дека ја сака својата сопруга и дека отсекогаш бил заљубен во неа.

Но сега дел од медиумите шпекулираат дека двојката од хит филмот Аквамен е во врска и во приватниот живот. Што значи дека Џејсон поради својата убава партнерка од филмот ја напуштил сопругата по повеќе од десет години во врска.

Имено, кружат гласини дека Џејсон Момоа стапил во врска со убавата колешка од филмот „Аквамен“ Амбер Хард.

Дел од медиумите пренесуваат и дека сопругата Лиза била љубоморна затоа што Амбер флертувала со Џејсон.

Медиумите потсетуваат дека поради Амбер и холивудската ѕвезда Џони Деп го заврши бракот.

Оние кои стојат зад таа теорија тврдат и дека Џони Деп ја раскинал врската по соработката со Амбер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Можна е средба со Русите во Мајами

Официјални лица од Украина, САД и Русија би можеле да се сретнат за време на самитот на Г20 во Мајами во декември.

Зеленски: Можна е средба со Русите во Мајами

Сепак, Вашингтон и Москва не ја потврдија средбата, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека се можни и други места.

„Средбата би можела да се одржи во САД за време на самитот на Г20. Сепак, засега нема потврда ниту од Русија ниту од САД. Може да се одржи и во некоја европска земја“, рече Зеленски во разговор со новинарите преку апликацијата „WhatsApp“.

Тој додаде дека средбата би можела да се одржи и во една од земјите од Блискиот Исток, објави Ројтерс.

„САД постојано ги споменуваат Обединетите Арапски Емирати или Саудиска Арабија“, рече Зеленски, додавајќи дека украинските преговарачи разговарале со американски претставници во петокот, но не даде детали.

Тој рече дека на Европа ѝ е потребен свој колосек за разговори со Русија, со која односите се затегнати поради војната во Украина. Групата од 20 водечки економии, во која се вклучени САД и Русија, но не и Украина, треба да одржи самит во Мајами во декември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Голема Речица, лишено од слобода едно лице, пронајдено оружје и дрога

На ден 16.10.2026 во времето од 15:00 до 16:30 часот, врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и други помошни простории во село Голема Речици кај А.А.(57) поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Претрес во Голема Речица, лишено од слобода едно лице, пронајдено оружје и дрога

При претресот, во една од собите во подрумската просторија под кревет пронајден е еден пиштол марка „екол дуал“ со една празна рамка, додека во помошна просторија во склоп на куќата во навлаката од перница пронајдени се 22 мали најлонски кесички со кокаин и една поголема најлонска кеса со кокаин.

За време на претресот лицето упатило закани кон полициските службеници и е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка, По документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Масовни протести ја тресат Франција, речиси 300 приведени во неколку градови

Во Франција изби нов бран масовни протести, придружени со насилство и судири со полицијата. најмалку 270 луѓе се уапсени во судирите во кои полицијата употреби солзавец во повеќе градови.

Масовни протести ја тресат Франција, речиси 300 приведени во неколку градови

Демонстрантите протестираат поради високите цени и бараат повисоки плати и пензии, како и подобри јавни услуги. Немири ги зафатија Париз, Марсеј, Лион и Стразбур, Гренобл, Тулуз, каде многу објекти се демолирани или запалени, а во Лион во оган пламнал туристичкиот информативен центар на плоштадот Белкур.

Според „Гардијан“, протестите се насочени и против слабеењето на францускиот систем на социјална заштита. Незадоволството се прошири од училиштата кон работниците, пензионерите и земјоделците, на кои им се придружија и припадници на движењето „жолти елеци“. Премиерот Лекорну изјави дека протестите се меѓу најнасилните во последните неколку децении.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер