СветРазузнавачки служби на САД: Иран и натаму поседува значаен арсенал ракети и дроновиРазузнавачките служби на САД проценуваат дека Иран и покрај интензивните американско-израелски напади, се уште поседува значителни капацитети за лансирање ракети и дронови.Извори запознаени со извештаи на разузнавањето за „Си-Ен-Ен“ посочија дека околу половина од иранските ракетни системи се уште се нечепнати, а арсеналот на Техеран располага и со илјадници дронови за еднонасочни напади. Речиси целосно оперативни се иранските системи со крстосувачки ракети од крајбрежната одбрана, бидејќи тие воопшто не се опфатени со досегашната американска воена кампања. И покрај тоа што САД погодиле повеќе од 12.300 цели во Иран и елиминирале клучни високопоставени официјални лица, вклучувајќи го врховниот лидер Али Хамнеи, иранскиот капацитет за ракетни и напади со дронови се уште постои, велат упатените извори на „Си-Ен-Ен“. Официјалните претставници на Пентагон и на Белата куќа ти оспоруваат таквите проценки, тврдејќи дека иранската воена моќ „значително ослабнала“ и дека САД и Израел го контролираат воздушниот простор над Иран. Израелските проценки се дека се уште се оперативни меѓу 20 и 25 отсто од лансирните ракетни капацитети, но дека се уште има оперативни ракетни системи скриени во тунели и пештери. Разузнавачките податоци исто така укажуваат на предизвици во уништувањето подземни лансирни рампи во Иран, како и дека Иранската револуционерна гарда се уште поседува стотици мали пловила и беспилотни системи со потенцијал да загрозат бродови во Ормускиот теснец.Тагови: Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски во посета на ООУ „Љубен Лапе“ во АеродромДенес во 10:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на промоција на печатени учебници во ООУ „Љубен Лапе“ во Општина Аеродром.Предвидено е тој да даде изјава за медиумите.Тагови: Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на ООУ „Љубен Лапе“ во Аеродром08:44Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
МакедонијаГраѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздухГраѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ попладнево повикува на марш за чист воздух и прекин на практиката на толерирање на застарени гранични вредности за воздухот.Маршот ќе почне од собранието во 18 часот, а ќе заврши пред министерството за животна средина кое е задолжено за издавање на а-интергрираните дозволи. Според „Стоп за Усје“, цементарница Усје бара обнова на дозволата за работа без никакви промени во однос на дозволата од 2020 година. Министерот за животна средина Муамет Хоџа неодамна во телевизиско гостување демантираше дека цементарница Усје ќе добие дозвола по старите правила. Усје уште сега ќе ги имплементира најновите и построги еколошки стандарди, иако новиот закон за индустриски емисии стапува на сила дури во септември 2027 година. Истото ќе важи за сите оператори кои поседуваат а интегрирана еколошка дозвола, изјави Хоџа.Тагови: Усје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на ООУ „Љубен Лапе“ во Аеродром08:44Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
МакедонијаСиљановска-Давкова постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денес– 23 јуни 2026 година, вторник, на свечена церемонија со почеток во 12:00 часот постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“.Проева се одликува за нејзиниот особен придонес во афирмирањето на македонската историографија како врвна и светски призната историчарка, професорка и авторка. Орденот ќе ѝ биде врачен на Павлина Проевска, сестра на Наде Проева.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter