Разрешувањето на јавниот обвинител Љупчо Коцевски утре на собраниска седница - Канал 5

Разрешувањето на јавниот обвинител Љупчо Коцевски утре на собраниска седница

Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски утре ќе се најде на собраниска седница, информираше спикерот Африм Гаши на брифинг со новинарите.

Разрешувањето на јавниот обвинител Љупчо Коцевски утре на собраниска седница

Коцевски во текот на денов ќе ја добие и поканата за присуство на утрешната седница. Јавниот обвинител претходно најави дека е подготвен да дојде во Собранието и своите аргументи да ги образложи пред пратениците. Разрешувањето е на предлог на Владата со образложение дека сторил професионални грешки со кои се нарушила ефикасноста на Обвинителството. Коцевски во целата постапка за негово разрешување гледа политичка одлука, а наводите од Владата ги смета за неаргументирани. Кој ќе биде наследникот на Коцевски засега не се знае, но Гаши уверува дека неговиот избор ќе биде направен согласно законските рокови.

Денеска Собранието ги чека предлог-измените од Владата на неколку членови на Кривичниот законик, кои според одлуката на Уставниот суд мора да се донесат до крајот на годината за да се сменат спорните законски одредби со кои се создава неказнивост за функционерите. Гаши очекува до крајот на годината да се расправа и за овие измени.

Додека Собранието уште ја чека финалната верзија од Владата и министерството за правда за нов Изборен законик, во Собранието паралелно ќе се формира работна група со Гаши на чело и по двајца пратеници од секоја пратеничка група, која ќе работи за негова подготовка. Гаши очекува пратеничките групи да номинираат и свои членови за анкетната комисија која ја предложи владејачкото мнозинство, а која покрај за несреќата во Кочани, ќе ги опфаќа и другите трагедии во државата.

Претседателот на Собранието информираше и дека во собраниска процедура се само два закона од реформската агенда, Законот за јавни патишта и Законот за Судски совет, а останатите се чекаат од Влада да ги испратат во Собранието.

Пред утрешната седница ќе има опозициски пратенички прашања. До крајот на декември се очекува да се одржат четири пленарни седници. На 23 декември пред пратениците годишно обраќање ќе има претседателката Гордана Сиљановска Давкова, додека на 24-ти ќе се одржи седницата за разрешување на Мурезани од министерското место за европски прашања, и избор на Беким Сали, како и Мухамет Хоџа не местото на Меџити за министер за животна средина. На 25 декември е предвидено да се одржи седница за пратенички прашања.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Во пресрет на Светскиот ден на животните, во паркот „Македонија“ се одржа голема едукативно-забавна манифестација под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, организирана од Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Лајка“.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Ова дружење привлече голем број граѓани со своите миленици, а главниот фокус беше ставен на подигнување на свеста за одговорното сопствеништво и хуманиот однос кон животните.

Присутните имаа можност да добијат корисни совети од професионалци за тоа што значи вдомување и долгорочна грижа за едно животно, со акцент на соодветната здравствена нега, исхрана и условите неопходни за нивниот среќен живот. Едукативниот дел резултираше и со конкретен интерес кај граѓаните за вдомување на бездомни кучиња од стационарот.

Во рамките на предвидените активности, свој уметнички придонес даде и истакнатиот сликар Живко Поповски - Цветин, кој инспириран од природата и животните сликаше пред присутните.

-Љубовта кон животните е огледало на нашата хуманост и совест како општество. Со ова дружење сакавме да испратиме порака дека милениците не се само момент на радост, туку долгорочна обврска која бара посветеност и време. Ме радува фактот што сè повеќе граѓани покажуваат интерес за одговорно сопствеништво и за вдомување наместо купување. Општина Кисела Вода и понатаму останува посветена на хуманиот третман на животните и на подигнување на јавната свест преку вакви едукативни собири-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Општина Кисела Вода упатува огромна благодарност до сите учесници и поддржувачи кои несебично помогнаа во успешната реализација: ветеринарната станица „Вет Тим“, груминг салоните „Grooming Twins“, „Shepa grooming“ и „Мое милениче“, како и пет-шоповите „Аба“ и „Пет Експерт“.

Програмата продолжува и во вечерните часови. Со почеток од 19:00 часот, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ (кино “Киноверзум”), граѓаните и нивните миленици се поканети на бесплатна проекција на отворено на македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во соработка со Кино Балкан Дистрибуција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер