Разочараност во СДСМ, но со порака дека нема да се откажат - Канал 5

Разочараност во СДСМ, но со порака дека нема да се откажат

Тивко и без вообичаена еуфорија – вака беше во штабот на претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски, кој битката ја продолжува во вториот круг...  

Разочараност во СДСМ, но со порака дека нема да се откажат

Тивко и без вообичаената изборна еуфориј беше синоќа во изборниот штаб на претседателскиот кандидат од СДСМ, Стево Пендаровски. За разлика од минатото, овојпат најбројни во салата на хотелот „Александар Палас“, беа новинарските екипи, домашни и регионални, како и малкумина поддржувачи кои ги чекаа изборните резултати од првиот круг на претседателските избори.

Пендаровски и Ковачевски излегоа на засебни прес-конференции на кои и двајцата не го криеја разочарувањето. Прв се обрати актуелниот претседател, за кого иако резултатот бил далеку од очекуваниот, порача дека нема да се предаде. Најави дека од денеска почнува од нула, со средби со граѓаните, за да го промовира концептот во кој верува, а тоа е напредна, просперитена и европска Македонија. Пендаровски беше дециден дека нема да бара никаков договор со ниту еден политички субјект или со кандидат од оние кои не продолжуваат во вториот круг за, како што рече, механичко префрлање на гласовите.

„Граѓаните не сум ги подразбирал како колективна група или аморфна маса која некој ќе им каже да ги префрлаат или да не ги префрлаат гласовите. Ќе одбијам каков било обид за нудење на квантум или контингент на гласови. Тоа е понижување на граѓаните. Тие се засебни политички единки. Но, имаат и свое јас. Имаат свој образ. Не можам да ги поимам тие категории, во смисла овој ќе ми понуди 30 илјади гласови, а од овој ќе побарам 50 илјади гласови. Туѓо ми е. И 2014 и 2019 година не го правев тоа. Граѓаните кои гласаа за мене не беа натерани од никого, туку веруваат во концептот кој го нудам, изјави Пендаровски.

За лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски резултатите од првиот круг се јасна порака дека казната од граѓаните стигнала. Како што кажа, поразот го прифаќаат, но од борбата не се откажуваат. Лична одговорност за лошите резултати вели чувствува и не бега од неа, а дали ќе поднесе оставка ќе зависи од партиските органи и исходот од изборите на 8-ми мај.

„Јас сум човек кој никогаш не бегал од одговорност. Ова е само прв круг, во вториот круг очекуваме подобри резултати. Што ќе се случува после избори, одлучуваат партиските органи. Имаме втор круг од претседателски избори и парламентарни избори пред нас. По тие резултати ќе се разговара на Конгресот на партијата. Ова прашање ќе ми го поставите после две недели, а може и нема да мора да ми го поставите… Ако може некој да биде одговорен, иако 2 години од седум бев претседател на Владата и на партијата истовремено, во оваа сала, тогаш единствено јас можам да бидам одговорен, никој друг, порача Ковачевски.

Инаку, ова е првпат во историјата претседателскот кандидат на СДСМ во првиот круг да освои помалку од 200 илјади гласови. Досега, најслаб резултат социјалдемократите имаа во првиот круг од претседателските избори во 2009 година, кога тогашниот кандидат Љубомир Фрчкоски освои 202.000 гласа, а најмногу гласови во прв круг има освоено Киро Глигоров во 1994 година, повеќе од 715.000 гласови. Пендаровски на претходните претседателски избори во 2019-та освои 322.000 гласови во првиот круг, а во вториот 435.000.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зошто индивидуи сѐ почесто се ставаат во улога на сообраќајни полицајци?

Самопрогласениот „полицаец“ и „бајрактарот“ со албанското знаме кои блокираа и регулираа сообраќај среде Скопје за непречено свадбарите да одат по невестата добија по 250 евра казна од полицијата. 

Зошто индивидуи сѐ почесто се ставаат во улога на сообраќајни полицајци?

Оној во улога на „сообраќаец“ го организираше сообраќајот според своите потреби во Нерези, додека пак друиот го паркираше својот голф на крстосница, ни помалку – ни повеќе, пред законодавниот дом.

Поради свадбарските обичаи и самоволие, законите отстапија токму на крстосницата пред местото каде што се носат – Собранието на Република Македонија.

Од МВР велат дека веднаш по информацијата и двајцата биле повикани во станица, а и порачаа, вакво и слично самоволие нема да се толерира.

-Секое недолично однесување во сообраќајот, кое директно ги става во опасност животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот од МВР нема да се толерира и секоја слична појава ќе биде санкционирана согласно законските прописи. Во сообраќајот сите треба да бидеме одговорни и да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи,- - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.

Граѓаните се фрапирани од „шерифското“ однесување кое го нарекуваат дрско и срамно. Казните целосно ги оправдуваат, оти самиот чин претставува и опасност.

-Такво самоволие не е примерно, не е во ред, замислете секојдневно тоа да биде пракса, на што ќе личи тоа? Тоа не е храброст, тоа е дрскост, и треба да се осуди секако.

-Го видов тоа, свадбата, вака вртеа од тука. Тоа е срамота, повеќе од срамота има ли да се каже за тоа? Тоа како безвластие некое, секој да изиграва полицаец, не го бива. Треба да имаме пред се сите домашна култура, да бидеме хумани во сообраќајот, да ги почитуваме знаците, сообраќајните правила за да сите можеме да функционираме како што треба.

Сепак, има и такви кои го оправдуваат ваквото однесување, велат се оди по невестата и не може колоната да се растури, па целиот чин го поистоветуваат со пропуштањето на возилата од Итната медицинска помош.

Народната традиција секогаш таква била. Одат по невестата или одат по нешто, тоа е традиција кај нас. Не треба да се земе за зло, сега одиме по невестата, нели, една кола таму ќе остане, не можат да се соберат да одат заедно. Го оправдувам, зошто да не или како Брза Помош, нели? Како застануваме кога е Брза Помош? Брзата Помош – спасува живот – Океј.

Според законот, свадбарите кои често се забележуваат во колони, немаат првенство на минување, не смеат да блокираат и да вејат знамиња по крстосници и семафори, а не смеат ниту да свират по целиот пат по кој минуваат, бидејќи сирената се користи за безбедност.

Треба да се движат со прилагодена брзина и соодветно растојание и да се „помират“ ако семафорот ги раздели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: „Скопје 2014“ на 35-годишнината од независноста - Наместо да ги објават како за Стевановска, сега ги кријат неверојатните хонорари, ЈО разбудете се!

Владата се чини ја користи истата добро позната финансова шема од проектот „Скопје 2014“ за 35-годишнината од независноста. 

ЛДП: „Скопје 2014“ на 35-годишнината од независноста - Наместо да ги објават како за Стевановска, сега ги кријат неверојатните хонорари, ЈО разбудете се!

Како што тогаш вајарката Валентина Стевановска наводно за себе исцица речиси 3 милиони евра за авторски хонорари — од кои само за „Воин на коњ“ зеде 649.000 евра од вкупно 10,5 милиони евра потрошени за споменикот — така денес Владата зад непрегледни извештаи крие милионски суми за еден проект за јубилејна прослава. Народот повторно гледа иста матрица: прослава од 5,5 милиони евра потрошени за 18 настани, каде што просечно се „инвестирало“ по над 300.000 евра од настан за празнење на касата на Државна Лотарија, наместо да се вратат во Буџетот кој ете, бил празен.

Од вкупно потрошените 5,5 милиони евра, дури 2,1 милион евра се заведени како „хонорари за артисти“, но Владата крие колку точно од тие пари легнале на сметката на Дејвид Гета, а колку добиле другите. Прашуваме, дали им беа фрлени трошки на домашните музичари и дали тоа некој на големо се офајди? Исто така ја прашуваме Владата, кога дознавте дека има криза со цената на горивата, а со тоа и во Буџетот, па решивте да фрлате милиони народни пари за прослави? Не можеа ли парите од дивидендата од Државна Лотарија да се искористат порационално, а прославата да биде достојна, но согласно буџетот на граѓаните?

„Ова не е прослава на независноста, туку пресликана матрица од 'Скопје 2014', каде што преку спектакли и задкулисни договори се испумпуваат народни пари. За жал, на јавноста ѝ е кристално јасно дека ниту се промени матрицата на трошење, ниту желбата за местење милионски бизниси под превезот на културата, додека граѓаните тонат во сиромаштија, а институциите се распаѓаат“, порачуваат од ЛДП.

ЛДП упатува директен и остар апел до Јавното обвинителство: До кога ќе молчите и ќе спиете? Ајде што не можевте да се соземете и да се разбудите од летните одмори во текот на целиот септември, но веќе сме средина на октомври и немате повеќе никаков изговор за пасивноста! Јавното обвинителство мора итно да се разбуди, по допрен глас да ги отвори сите договори за 5,5-милионската прослава и да истражи кои компании и поединци ги прибрале милионските маргини.

Граѓаните бараат одговори и одговорност, а не нови фасади, скапи светла и криење зад 81 страница формални извештаи. ЛДП нема да дозволи народните пари повторно да завршуваат во приватни џебови под маската на патриотизам и забава, додека вистинските темели на државата се наоѓаат на колена.

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерството за економија воведува нов модел за мерење на трошоците на живот

58.475 денари за еден месец. Толку, според Министерството за економија и труд му биле потребни на едно четиричлено семејство за месечните трошоци во август. 

Министерството за економија воведува нов модел за мерење на трошоците на живот

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и официјално ја промовираше владината потрошувачка кошничка и нејзиниот пристап за пресметка. За разлика од владината, синдикалната минимална кошничка за истиот месец достигнала 68.675 денари, односно 10.200 денари повеќе. Дурмиши вели дека разликата со синдикалната кошничка произлегувата од различните методологии. За владината, вели се користеле релевантни податоци од Државниот завод за статистика, цени на производи во осум градови, податоци од 23 пазари за овошје и зеленчук, како и цени на најпродаваните прехранбени производи во петте најголеми и три регионални трговски синџири.

-Нашата цел е јасна да имаме реална, објективна и транспарентна слика за тоа колку трошат домаќинствата во Македонија, врз основа на официјални и статистички податоци за реалната потрошувачка и цените на производите и услугите на пазарот. За разлика од проценките што се прават според посакувани потреби, нашата методологија се базира на податоци за остварената потрошувачка, во согласност со меѓународно прифатените статистички класификации,- Бесар Дурмиши – министер за економија и труд.

Разликата е видлива и кај храната и безалкохолните пијалаци. Во владината кошничка за оваа категорија се пресметани 21.132 денари, наспроти 25.032 денари во синдикалната, односно 3.900 денари повеќе. Владината кошничка не ги вклучува ниту трошоците за кирија, ниту трошоци за одмор. Според Дурмиши, повикувајќи се на Пописот од 2021 година, 95% од населението живеело во сопствен дом. Сепак, остана неодговорено дали тоа значи и отсуство на трошоци за домување, особено кај семејствата што отплаќаат станбени кредити.

- Синдикалната кошница се базира на проценка на посакуваните трошоци за живот, па затоа вклучува и алкохол и цигари во неа, како и три трошоци за кирија, иако според податоците од пописот во 2021 година, 95% од граѓаните живеат во свој дом, додека нашата пресметка се темели на официјални податоци за реално остварената просечна потрошувачка,- Бесар Дурмиши – министер за економија и труд.

Од јануари до август пак, владината кошничка пораснала за 2.094 денари, односно 3,7%, а синдикалната за 2.262 денари. Методологијата ќе биде разгледана на седницата на Економско-социјалниот совет на 19 октомври, каде што ќе може да се предложат дополнувања и корекции. По усвојувањето, се очекува редовно да се објавуваат трошоците за сите 11 категории.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер