Разочараните Германците ги враќаат билетите - Канал 5

Разочараните Германците ги враќаат билетите

​ Најголем дел од германските навивачи кои допатуваа на Светското првенство во Русија ги враќаат билетите.

Разочараните Германците ги враќаат билетите

Ова се должи на елиминацијата на нивната репрезентација уште по групната фаза.

Летовите од Москва до германските градови овој викенд се пренатрупани. Избраниците на Јоаким Лев не изборија пласман во осминафиналето, па Германците се враќаат дома.

Билетите вратени од страна на германските навивачи ќе бидат ставени на платформата за продажба на веб-страницата на ФИФА.

- Платформата за препродажба на билети на ФИФА е отворена до 15 јули, односно до последниот ден на СП. Преку неа навивачите можат да го следат протокот на билети. Во однос на бројот на билети кои ќе бидат вратени од фановите на одреден тим, тешко е да се предвиди, соопштија од ФИФА.

Од таму потенцираат дека строго е забрането препродажба на билети меѓу самите навивачи со цел зачувување на безбедноста на трибините и спречување фалсификати.

Фудбалскиот Мундијал во Русија се игра 14 јуни до 15 јули

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозии во близина на иранскиот остров Харг- погоден е танкер

Во близина на иранскиот остров Харг во Персискиот залив утрово одекнаа експлозии, јави агенцијата Фарс.

Експлозии во близина на иранскиот остров Харг- погоден е танкер

Како што јави Иранската студентска новинска мрежа (SNN), ирански танкер со нафта во близина на островот Харг бил погоден со проектили.

Иранскиот новински канал Хабар Фури објави дека танкерот бил погоден со четири американски проектили и дека во тек е евакуација.

Островот Харг се смета за клучен нафтен терминал и околу 90 отсто од извозот на нафта на Иран се обработува таму.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела објави на социјалната мрежа Truth social видео генерирана од вештачка интелигенција на која се гледа како американските сили го напаѓаат Харг, со коментар дека островот е „разнесен на парчиња“.

Потоа, генералниот директор на иранската национална нафтена компанија Хамид Бовард изјави дека немало напади и најавите на Трамп ги нарече „смешни“.

Бовард потсети дека во минатото американските и израелските сили постојано го бомбардираа овој остров, од каде потекнуваат 90 отсто од иранскиот извоз на нафта, но и тогаш работните активности не беа прекинати ниту за момент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тајфун и свлечиште направија хаос во Кина- има загинати и повредени, спасувачите во трка со времето (ВИДЕО)

Жителите на градот Гаопинг во кинеската покраина Џијангси се разбудија во хаос. 

Тајфун и свлечиште направија хаос во Кина- има загинати и повредени, спасувачите во трка со времето (ВИДЕО)

Во лизгање на земјиште предизвикано од обилните дождови загина најмалку едно лице, а 11 се водат како исчезнати, соопштија локалните власти.

Во раните утрински часови, лизгањето на земјиштето затрупа неколку згради и оштети 12 куќи, додека спасувачките екипи се бореа да пронајдат преживеани, објави кинескиот државен радиодифузер CCTV.

Трагичните сцени се резултат на тајфунот Саудел и студениот фронт што донесе обилни дождови и поплави во покраината Сечуан. Жителите беа заробени, патиштата беа оштетени, а клучните јавни услуги беа сериозно нарушени.

Гаопинг е погоден од екстремните временски услови што ја погодија Кина во последните месеци, особено во планинските области.

Тајфунот Саудел, 18-ти што ја погоди Кина оваа година, дополнително ја влоши ситуацијата кога во четвртокот по трет пат стигна до копното во округот Џијангпу, предизвикувајќи евакуација на десетици илјади луѓе поради предупредувања за силни ветрови и обилни дождови. Во соседната покраина Џијангси, тајфунот погоди 128.500 жители во 53 окрузи, принудувајќи речиси 8.700 луѓе да се евакуираат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар во хотел во Истанбул, евакуирани се голем број луѓе

Денеска во хотел во истанбулската населба Бакиркој избувна пожар, а пожарникарите евакуираа голем број луѓе кои биле во зградата.

Пожар во хотел во Истанбул, евакуирани се голем број луѓе

Пожарникарите реагираа на местото на пожарот, а операцијата за гаснење е во тек, објави Хуриет.

Засега нема информации за повредени.

Бакиркој е општина на европската страна од Истанбул, на брегот на Мраморното Море.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер