Разочараниот Хамилтон со критики кон својот тим Мерцедес: Тоа е ваша, а не моја одлука - Канал 5

Разочараниот Хамилтон со критики кон својот тим Мерцедес: Тоа е ваша, а не моја одлука

Луис Хамилтон е лут на тимот на Мерцедес затоа што синоќа на трката за ГН на Мајами, тркачкиот инженер Питер Бонингтон од Мерцедес одлучил да остави една одлука на Хамилтон.

Разочараниот Хамилтон со критики кон својот тим Мерцедес: Тоа е ваша, а не моја одлука

Бонингтон го прашал Хамилтон дали сака да го искористи излезот од безбедносното возило и да ги смени гумите во 41. круг. На крајот неговиот тимски колега Џорџ Расел ги заменил пневматиците и подоцна го престигна Хамилтон, кој сепак не одеше на промена на гумите.

„Во тоа сценарио немав поим каде е некој, па тогаш во моменти кога тимот ќе ми каже „одлуката зависи од тебе“, немам информации за да донесам таква одлука. Тоа е твоја работа. Донеси ја таа одлука за мене затоа што ти имаш детали, а не јас. Им верувам на момците за тие работи, но сега тие ми ја препуштија одлуката на мене, а јас тоа не го разбрав“, изјавил Хамилтон.

„Кога ви даваат таква одговорност, тогаш имам чувство дека тоа е коцкање, а тоа не ми се допаѓа“, додаде 37-годишниот седумкратен светски шампион, кој трката ја заврши на шестото место.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уставен суд за првпат пријави судија за непочитување на судска одлука

Уставниот суд за прв пат го активираше новиот механизам за заштита на сопствените одлуки, откако судија во Основниот граѓански суд Скопје не ја извршил нивната одлука за повторување на постапката за предметот на новинарката Наташа Стојановска.

Уставен суд за првпат пријави судија за непочитување на судска одлука

Судијата, повикувајќи се на Законот за парнична постапка, навел дека Одлука на Уставниот суд не може да биде основ за повторување на постапката како нов факт или доказ. Додека пак, претседателот на Уставниот суд – Дарко Костадиновски, за Канал 5 вели дека според уставно утврдените правни карактеристики, одлуките на Уставниот суд имаат дејство на конечност, извршност и општа задолжителност и не се предмет на интерпретација.

-Станува збор за историска одлука на Уставниот суд и прва од ваков вид во 63 години уставно судство во Македонија. Целта и смислата на овој механизам и на одлуката на Уставниот суд во конкретниов случај, е да покаже одлучност дека се грижи за извршувањето на своите одлуки и да испрати порака до сите субјекти дека неговите одлуки мора да се почитуваат и извршуваат и дека во тоа се состои суштината на уставното судство. Доколку било кој не ги почитува и не ги извршува одлуките на Уставниот суд, но и доколку тоа се игнорира и не се утврдува од самиот Уставен суд или од било кој надлежен орган, се губи смислата на постоењето на уставното судство. Сметам дека конкретната одлука води кон поголема уставна дисциплина,- -Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд.

Костадиновски дополнува дека согласно новиот механизам воведен пред три години, сега Уставниот суд ќе подготви извештај за судијата кој не ја извршил нивната одлука и за истото веќе го известил Јавниот обвинител и Судскиот совет.

-Уставниот суд и по службена должност и по пријава од лице кое има правен интерес испитува дали неговите одлуки се извршуваат. Доколку утврди дека негова одлука не е извршена, подготвува посебен извештај и доколку утврди неизвршување за истото го известува јавниот обвинител и органот кој го избрал или именувал лицето кое не ја извршило одлуката на Уставниот суд,- -Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд .

Предметот по кој Уставниот суд одлучуваше и утврди повреда на слободата на јавно изразување на новинарката Наташа Стојановска сторена со една пресуда од Основниот граѓански суд и уште една од Апелација, се однесува на настаните во Собранието од 27 април каде таа, присутна како акредитиран новинар, била изложена на закани без притоа да и е обезбедена соодветна заштита. Адвокатот на Стојановска – Филип Медарски, ја оценува оваа одлука на Уставниот суд како исклучително важна.

-За разлика од претходниот Деловник кој упатуваше исклучиво на следење на извршувањето на одлуките, со новиот Акт Уставниот суд добива проактивна улога и има можност формално да реагира доколку неговата одлука не е извршена. Со ова се зајакнува нивната позиција во однос на непосредната уставно-судска заштита на правата од член 110 алинеја 3 од Уставот,- -Филип Медарски, адвокат.

Од Уставниот суд напоменуваат дека конечноста и извршноста на нивните одлуки се заштитени и со кривично-правни санкции во случај кога не се извршуваат. Сепак, последниот збор за тоа дали судијата од Основниот граѓански суд ќе добие евентуална санкција, го имаат Судскиот совет и Јавното обвинителство.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во септември најмалку 3000 првачиња помалку од минатата година

Бројот на првачиња секоја година е се помал, покажува статистиката.

Во септември најмалку 3000 првачиња помалку од минатата година

Алармот во јавност го вклучи министерката Весна Јаневска, која очекува оваа година бројот на првачиња ќе се намали на под 15 илјади, што ќе биде рекорден пад во една година.. Според податоците од Државниот завод за статистика, во изминатите седум години бројот на првачиња е намален за 4200 деца. Во учебната 2018/2019 биле запишани над 22100 првачиња, во 2023/24 година биле запишани 19.848 првачиња, а минатата 2025/2026 година се запишале 17921.

Досегашниот број на запишани првачиња е за речиси 5000 помал од минатата година, но очекувањата се дека до почетокот на учебната година ќе се запишат уште ученици. Според поранешниот директор на Државниот завод за статистика, Дончо Герасимовски оваа состојба е последица на намалениот број на живородени деца.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Берово бројот на првачиња, за седум години е преполовен, додека во Општина Ново Село, бројот на првачиња за седум години се намалил за 3,5 пати, од 61 во 2018 на 17 во 2025 година.

И во големите градови, се забележува пад на бројот на првачиња во просек од 20-тина проценти. Па така во Скопје, за седум години бројот на првачиња е намален за 726, во Куманово за 283 а во Тетово за 155 првачиња.

Ваквата слика, според Герасимовски е резултат на трендот на иселување на младото, работоспособно население, во репродуктивни години. Тој нагласува дека за сметка на овој негативен тренд, се зголемува бројот на родени деца во другите држави.

Од друга страна додека бројот на ученици се намалува, бројот на наставници расте. На пример, во учебната 2023/2024 имало 955 редовни основни училишта и 18.831 наставници, а во следната 2024/2025 имало 12 училишта помалку, односно 943, и зголемен број наставници 19.447.

Во 2025/2026 година бројката на редовни училишта била намалена за уште 16 и ги имало 927, а бројката на наставници пораснала до 19.461. Сепак, минстерката Јаневска во повеќе наврати потенцира дека не се планира отпуштања, туку се работи на прекавлификација на дел од кадарот..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се уште нема обвинение, ќе излезе ли Груби од притвор?

Шестиот и последен месец за истрага против поранешниот вицепремиер Артан Груби од ДУИ истекува на 22 август, кога тој може да биде пуштен и од куќен притвор, доколку обвинителот не подигне обвинение против него.

Се уште нема обвинение, ќе излезе ли Груби од притвор?

Од Обвинителството за Канал 5 велат дека постапката сè уште е во тек и дека обвинителот кој го води предметот постапува во рамките на законските рокови. Оттаму појаснуваат дека рокот што се однесува на мерката притвор не треба да се поистоветува со роковите за водење на истрагата.

-Јавниот обвинител постапува имајќи ги предвид законските рокови и определените мерки за обезбедување. По донесување јавнообнинителска одлука, јавноста ќе биде известена, велат од Обвинителството.

И додека од Обвинителството официјално не откриваат дали го повикале Груби на распит и дали ќе му се продолжи мерката домашен притвор, извори за „Канал 5“ велат дека поранешниот вицепремиер веќе бил повикан на разговор во Обвинителството кој траел 7 часа и дека дополнително во деновите што следат ќе биде повикан уште еднаш во врска со исказот во Обвинителството.

Ексобвинтиелот Љупчо Коцевски пред речиси девет месеци, на 24 ноември минатата година, изјави дека се обезбедени доказите потребни за кривично гонење на Груби и дека практично се чека тој да биде достапен.

Шест месеци притвор без одлука за обвинение укажува дека обвинителството не доволно ажурно си ја врши рабоатата вели адвокатот Звонко Давидовиќ. Според него по толку долг период обвинителството би требало веќе да знае дали има доволно докази за обвинение. Ако доказите се обезбедени, треба да подигне обвинение, ако не се, се поставува прашањето за оправданоста на натамошното ограничување на слободата на осомничениот, додава тој.

- Истекувањето на законскиот рок не значи дека пропаѓа предметот. Ако постои кривично дело и се обезбедени докази, дури и подоцна да бидат обезбедени ова кривично дело не пред застарување и може да тече предметот. Единствено не е обвинителството што го држи осомничениот во притвор, туку судот е тој кој што го држи осомничениот во притворот и куќниот притвор со свое решение. Така да отпаѓа тој мит дека ако не биде подигнат обвинителен акт во законскиот рок, мерките за куќен притвор и притвор дека престануваат. Но, доколку подоцна биде подигнат обвинителен акт, обвинителството повторно може да предложи притвор, а судот повторно да ја определи мерката притвор – вели Давидовиќ.

Груби е второосомничен во случајот со „Државна лотарија“. Тој ја напушти земјава пред Обвинителството официјално да отвори истрага, а успеа да излезе од државата и да влезе во Косово и покрај тоа што беше на т.н. „стоп-листа“. Тој, по повеќе од една година во бегство на 23 февруари годинава се појави на граничниот премин „Блаце“, каде што беше приведен на издржување на мерката притвор што претходно му беше определена. Сепак, во Шутка се задржа само неколку часа. Беше спроведен во Основното јавно обвинителство Скопје, кое предложи, а судот прифати на бегалецот наместо затворски да му биде одреден куќен притвор.

Покрај Груби, осомничен во овој случај е и Прпарим Бајрами, претседател на Управниот одбор и Генерален директор на Државна лотарија кој е во бегство и натаму е недостапен на органите на прогонот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер