Разголените австралиски пожарникари позираат со животни (ФОТО)

Австралиските пожарникари во друштво со различни животни позираа за календарот за 2020 и собраа многу фанови на социјалните мрежи.

Згодните пожарникари позираа во хуманитарни цели - сите приходи од продажбата на календари се за детски болници, а во 27 години постоење на вакви календари беа собрани повеќе од 3 милиони долари. Предвидени се вкупно шест различни тематски календари за 2020 година.

Постои „класичен“ календар со само голи пожарникари, потоа календар со пожарникари кои позираат со диви животни, потоа со мачки, коњи, домашни животни и само со кучиња.

Либискиот генерал Хафтар понуди реотварање на нафтените полиња

Портпаролот на Хафтаровите сили, Ахмад Ал Мосмари повика на тоа приходите од нафтата произведена во Либија да бидат уплатувани на банкарска сметка во странство.

Силите под команда на либискиот генерал Калиф Хафтар поставија услов за повторно отворање на нафтените полиња и терминали во Либија кои ги зазедоа на почетокот на оваа година истакнувајќи дека тоа ќе го дозволат доколку добивката од извозот правилно биде распределена во сите делови на земјата.

Во синоќа објавеното соопштение, портпаролот на Хафтаровите сили, Ахмад Ал Мосмари повика на тоа приходите од нафтата произведена во Либија да бидат уплатувани на банкарска сметка во странство и да биде воспоставен јасен механизам за нивно праведно распоредување меѓу сите региони во оваа поделена земја.

Центарот на Атина како бојно поле, солзавец, камења, димни бомби ..

Атина трет ден по ред во знак на насилни и жестоки протести поради законот за начинот на организирање демонстрации, чии измени ги донес грчкиот парламент во четвртокот вечерта.

Солзавец камења димни бомби, протестите се претворија во вистински улични битки околу плоштадот синтагма во централното градско подрачје. Шест мина полицајци се повредени а се уапсени девет демонстранти.

На страната на демонстрантите застанал и еден специјалец за кој се покажало дека бил член на опозициската Сириза.

МЗ: 136 новозаразени, 6 починати, 123 оздравени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 991 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на ковид-19 .

Во: Скопје-46, Куманово-6, Дебар-7, Штип-14, Прилеп-1, Тетово-12, Струга-9, Велес-1, Охрид-2, Гостивар-13, Струмица-2, Радовиш-3, Крушево-2, Кочани-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Кратово-1, Свети Николе-5, Кичево-4, Ресен-4.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица од: Скопје-77, Штип-7, Тетово-15, Струга-1, Велес-4, Битола-2, Гевгелија-1, Кочани-2, Пехчево-1, Кичево-2, Ресен-11.

Починати се 6 лица, двајца пациенти од Скопје, еден од Куманово, двајца пациенти од Струга и еден од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починати се четворица пациенти на возраст од 46, 53, 63 и 69 години. Во ГОБ „8 септември" почина пациент на возраст од 42 години. Во ОБ Куманово починат е пациент на возраст од 80 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8111, бројката на оздравени пациенти е 4203, на починати е 382, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3526. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 3848, активни 1830

• Куманово 854, активни 186

• Дебар 151, активни 89

• Штип 444, активни 172

• Прилеп 296, активни 63

• Тетово 868, активни 320

• Струга 320, активни 161

• Велес 202, активни 35

• Битола 69, активни 26

• Охрид 225, активни 133

• Кавадарци 25, активни 17

• Гостивар 229, активни 143

• Гевгелија 12, активни 2 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)

• Струмица 24, активни 16

• Крива Паланка 19, активни 9

• Радовиш 8, активни 4

• Крушево 12, активни 7

• Кочани 77, активни 15

• Пробиштип 36, активни 24

• Демир Хисар 8, активни 7

• Македонски Брод 8, активни 4

• Пехчево 6, активни 1

• Берово 4, активни 1

• Валандово 6, активни 0

• Виница 4, активни 1

• Делчево 1, активни 0

• Кратово 6, активни 3

• Свети Николе 117, активни 110

• Кичево 73, активни 62

• Ресен 138, активни 82

• Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 991 теста се преку: ИЈЗ-433, ЦЈЗ Скопје-36, Авицена-126, Биотек-85, МАНУ -112, Жан Митрев (Филип Втори) -14, Систина со PCR метода -156, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-29. Досега во земјата се направени вкупно 77.160 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 55 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 22 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 деца позитивни и 1 дете суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември" примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 95 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 27, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 114 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 300

• Аеродром - 159

• Бутел - 131

• Гази Баба - 189

• Центар – 138

• Карпош – 140

• Сарај – 120

• Кисела Вода – 108

• Ѓорче Петров – 105

• Студеничани – 110

• Шуто Оризари – 79

• Арачиново – 43

• Илинден – 23

• Петровец – 18

• Чучер Сандево – 11

• Сопиште – 9

• Зелениково- 14

• Странец – 5

• Нераспределен- 128

притисни ентер