Муцунски за „Политико“: Идејата за измена на Уставот стана политички токсична по премногу направени отстапки
2Муцунски за „Политико“: Идејата за измена на Уставот стана политички токсична по премногу направени отстапки
3Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња: Годинава ќе има околу 3.000 помалку од лани, соопшти Јаневска
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа
1Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
2Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа
ФудбалРаздор во францускиот тим – говорот на Дембеле ги налути соиграчите Атмосферата во соблекувалната на француската репрезентација беше многу напната на полувремето од полуфиналето на Светското првенство против Шпанија, а во центарот на вниманието беше Усман Дембеле.Како што објави францускиот „Л'Екип“, неговиот обид да ги мотивира соиграчите предизвикал бурни реакции и незадоволство кај дел од тимот. Франција отиде на полувреме со гол заостанување, а Дембеле одржа говор критикувајќи го начинот на кој тимот врши притисок. Освојувачот на „Златната топка“ за 2025 година сметаше дека играта без топката е лошо организирана и недоволно координирана, поради што ги повика своите соиграчи да играат поагресивно и да се обидат да го свртат резултатот. Сепак, неговите зборови не беа одобрени од сите репрезентативци. Според француските медиуми, некои играчи го критикуваа Дембеле за кревање на гласот и покажување незадоволство, најчесто кога се наоѓа во тешка ситуација на теренот, додека во други моменти не е подеднакво ангажиран како лидер на тимот. Затоа неговиот говор, наместо дополнителна мотивација, предизвика гнев кај дел од соблекувалната. На крајот, обидот да се потресе тимот не даде резултати. Шпанија поведе во 22-та минута со голот на Микел Ојарзабал од пенал, а триумфот го потврди Педро Поро со гол во 58-та минута. По поразот, Франција ќе игра натпревар за третото место против Англија во сабота во 23:00 часот во Мајами.Тагови: Дембеле Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаСо 149 милиони евра грант од ЕУ ќе се гради третата фаза од пругата кон БугаријаСо грант од Европската Унија од 149 милиони евра ќе се гради третата фаза од пругата кон Бугарија. во оваа фаза ќе се гради прекуграничниот железнички тунел, дел од Коридорот 8, кој почнува од Крива Паланка и продолжува на територијата на Бугарија. Договорите со европската инвестициска банка и европската банка за обнова и развој за финансирање на изградбата на 22-километарската делница беа потпишани денеска во Владата, а премиерот Мицкоски посочи дека ова доаѓа откако изминатиот период биле дополнително прецизирани и усогласени сите детали со нашиот источен сосед. Проектот претходно, како што кажа тој, подразбирал дека работата треба да заврши на половина тунел кон Бугарија. -Онака како што беше овој проект, требаше да завршиме на пола тунел и без јасна определба од нашиот источен сосед дека ќе имаме модернизација на секцијата од нивната страна, вклучително и за изградба на другата страна на тунелот. Да, требаше време, требаше да се постигне напредок во разговорите со нашиот источен сосед. Тој напредок се постигна, имаме определба од двете страни и имаме тунел кој што е практично трет дел од проектот,- - Христијан Мицкоски – Претседател на владата. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пак, оцени дека на овој начин, по речиси две години интензивни преговори и подготовки, проектот конечно станува реален и остварлив. -По скоро 2 години работа доаѓаме до проект кој е реален, остварлив и може да биде реализиран. Не беше лесно овие две години, но важно е што дојдовме до договор со Бугарија за изградба на прекуграничниот тунел и само на тој начин овој договор добива смисла,- - Александар Николоски – Вицепремиер и министер за транспорт. Од делегацијата на Европската Унија порачаа дека потпишувањето на договорите е силен сигнал за заедничката посветеност Коридорот 8 конечно да стане реалност, но нагласија дека очекуваат и брза реализација на терен. -Сметам дека нашето силно присуство денес е потврда за споделените и заедничка обврска да се направи Коридорот 8 реалност. Се надеваме да видиме поголем и по конкретен напредок на терен наскоро,- - Бен Нупнау- Заменик шеф на делегацијата на ЕУ во Македонија. Во наредниот период, според најавите треба да биде распишан тендерот за избор на изведувач, а градежните работи да започнат до крајот на годинава. Првата железничка делница од Куманово до Бељаковце инаку веќе е пуштена во употреба, а втората до Крива Паланка е во изградба. Со третата фаза треба да се затвори и најсложениот дел од трасата кон Бугарија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаМуцунски за „Политико“: Идејата за измена на Уставот стана политички токсична по премногу направени отстапкиИдејата за уставни измени стана политички токсична по премногу направени отстапки, Македонците се уморни од постојаното поместување на целта и не веруваат дека Бугарија нема да побара нешто ново.Идејата за уставни измени стана политички токсична по премногу направени отстапки, Македонците се уморни од постојаното поместување на целта и не веруваат дека Бугарија нема да побара нешто ново- вели во интервју за Политико шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски. Потенцира дека Македонија има целосно усогласено законодавство со ЕУ и заслужува праведни и предвидливи евроинтеграции по две децении статус на кандидат. Немаме луксуз за план Б, со нашиот напредок, најмногу придобивки покрај Македонија, ќе има токму Бугарија, оценува Муцунски. -Понекогаш сме многу фрустрирани поради недостигот од политички резултати. Станавме „студија на случај“ за тоа како билатералните спорови можат да го попречат процесот на проширување на Европската Унија. Да се каже дека кон нас се постапувало неправедно е преблага формулација. Ова е апсолутна злоупотреба на позицијата на една земја членка на Европската Унија,- Тимчо Муцунски - министер за надворешни работи. Во меѓувреме опозицијата во земјава му забележува на министерот за надворешни зошто водел тајни преговори за деблокада на евроинтеграциите, со тврдење дека владата подготвува терен за прифаќање на францускиот предлог. Велат дека дел од таа стратегија е и патувањето на премиерот кој кажа дека наместо на класичен одмор ќе оди на ексурзија во Белгија летово. -Брисел во август не е туристичка дестинација. Не е град за екскурзии. Не е место каде што се оди на одмор. Брисел е град на европската бирократија - Европската комисија и Европскиот парламент. Таму се оди само кога имаш конкретна работа со Европската унија. Зошто Христијан Мицкоски токму сега оди во Брисел? - Тимчо Муцунски - министер за надворешни работи. Власта негира дека се тајни разговорите кои се водат „под радарот“, но не споделувале детали за да не пропаднат обидите. Уште пред еден месец евроамбасадорот Рокас откри дека има дипломатска офанзива, а потврда за тоа имаше и претседателката Сиљановска Давкова. Министерот Муцунски кажа дека се далеку од решение, но се бара начин за деблокада на европскиот пат на Македонија, со тоа што ќе се спречи ново вето во иднина поради идентитетски прашања. Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња: Годинава ќе има околу 3.000 помалку од лани, соопшти ЈаневскаПред почетокот на новата учебна година, загрижува драстичниот падот на бројот на запишани првачиња. Според првичните податоци, во училишните клупи оваа година ќе седнат околу 4.900 првачиња помалку во споредба со лани кога имало 17.250 првачиња. Иако оваа бројка не е конечна, бидејќи можноста за упис се уште трае, прогнозите на министерката Весна Јаневска се дека нема да се запишат уште повеќе од две илјади, за што смета дека е сериозен показател за негативните демографски трендови во земјава. Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар, Даниела Јовчевска Михајловска изразија задоволство од реализацијата и постигнатите резултати од полагањето на државната матура во јунскиот испитен рок, со средна оценка 3.66. Просекот е речиси идентичен со ланскиот кога изнесуваше 3,69. Најголемо знаење матурантите покажале на полагањето на странските јазици. На 226 ученици им бил поништен тестот и тие ќе полагаат повторно во август. Дел се фатени како препишуваат на лице место, а дел е утврдено дека препишувале откако им се прегледани тестовите и биле најдени идентични раскази. Августовската испитна сесија ќе се реализира во четири градови, на 12 август кога се полага странски јазик, а на 14 август е полагањето по мајчин јазик. Полагањето на интерните испити и одбраната на проектните задачи ќе се одвива во периодот од 17 до 24 август. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter