Разбојници со ножеви го нападнале фудбалерот на Тотенхем , Деле Али

Непознати вооружени разбојници влегле во домот на фудбалерот на Тотенхем, Деле Али ноќта меѓу вторникот и средата, нанесувајќи му телесни повреди.

Провалниците, пишуваат Англичаните, имале ножеви, а еден од нив го удрил по лицето фудбалерот на англиската репрезентација.

Нападот се случил додека 24-годишниот играл билијард со пријатлеи, а разбојниците му украле два вредни часовници и накит од девојката на Деле, Руби.

Еден од пријателите на Али, исто така, се здобил со телесни повреди, но за среќа никој не бил сериозно повреден ниту била потребна болничка помош.

„Беше страшно, Деле беше особено потресен“, изјавил еден од присутните.

Домот на Али инаку е покриен и набљудуван со камери, а снимките веќе се преземени од полицијата и е започната  истрага.

Во март, семејството на Белгиецот Јан Вертонген, соиграч на Али во лондонскиот клуб, било нападнато додека тој играл во осмина финалето на Лигата на шампиони против германскиот РБ Лајпциг.

притисни ентер