Разбојници од салон во САД се фатени додека крадат луксузни автомобили, меѓу кои и Бентли Континентал (ВИДЕО)

Според американските медиуми во местото Холанд, Мичиген, крадци провалиле во салон за автомобили и украле Hyundai Palisade, Genesis G70, Chevrolet Impala ,Ford Fusion....

Тоа не им било доволно , па затоа „скокнале“ во следниот изложбен салон, лесно ја скршиле вратата и влегле за да украдат и Бентли Континентал ГТ.

Она што е неверојатно е моментот кога со Бентлито сакале да излезат од салонот , но тоа го направиле несмасно , па полицијата успеала да стигне пред крадците да избегаат.

Во потерата , крадците во нивниот Форд Фужн не успеале да избегаат далеку и наскоро биле уапсени. Според полицискиот извештај, во период од две недели биле украдени повеќе од 36 автомобили, вредни милион долари.

Видео: Маестралниот Лилард во кошот на Далас испорача 61 поен

Неверојатниот бек на Портланд Демијан Лилард ја обележи ноќта меѓу вторник и среда во НБА лигата.

Предводникот на Блејзерси во големата драма против Далас учествуваше со рекордни 61 поени, Лилард погоди дури 9 тројки.

Популарниот „ Dame time" беше најзаслужниот за триумфот на Портланд над Далас од 134 – 131.

Со импозантното остварување Лилард утрово стана првиот кошаркар во историјата на Портланд кој на две средби во низа постигнал 50 + кошеви.

Претходно Лилард со 51 поен го водеше Портланд до победа над Филаделфија.

На 60 пред крајот резулатот беше израмнет 130-130. Лилард прво погоди неверојатна тројка за водство на Портланд а потоа и му асистираше на Вајтсајд за предност, на крајот ѕвездата на далас Лука Дончиќ погоди едно од двете слободни фрлања за конечни 134-131.

Град Скопје: Продолжува кампањата за бесплатно собирање на остатоците од берба

Град Скопје ги повикува граѓаните да ја искористат поволноста за бесплатно собирање на остатоците од бербата, со што ќе се придонесе за спречување на палење на стрништата.

Градот Скопје е прва единица на локална самоуправа која спроведува кампања за елиминирање на палењето на нивите и стрништата, за да се намали загаденоста на воздухот, да се зачува плодноста на почвата, но и да се спречи ширењето на евентуални пожари кои неретко предизвикуваат материјални штети, а понекогаш загрозуваат и човечки животи.

Заинтересираните граѓани може да се јават на телефонскиот број 071 395 395 и да договорат бесплатно подигање на органскиот отпад. Оваа кампања годинава ќе го опфати целиот Скопскиот плански регион.

Покрај бесплатното подигање на органскиот отпад, Град Скопје како дополнителна мотивација годинава нуди можност секој што ќе ја искористи оваа поволност, во сезоната на садење да добие околу 30 килограми органско ѓубриво на секои 100 килограми отпад. Овој проект ќе опфати и компостирање на собраниот материјал во објект во сопственост на Градот Скопје.

Минатата година оваа кампања за првпат беше организирана од Град Скопје со поддршка од УНДП и МДЦ-Ти.нет и даде одлични резултати - бесплатно подигање на отпадот од бербата од Град Скопје побараа над 120 жители на Скопје, при што беа подигнати, а со тоа беше спречено палењето на околу 700 кубни метри органски отпад. Оваа година, во кампањата за спречување на палењето стрништа се вклучи и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во делот на планирањето на периодите кога се врши бербата на различните земјоделски култури. Во кампањата се вклучи и Халк Банка со поддршка на промотивните активности.

Најголем процент од новозаболените и смртните случаи имаат коморбидитети или се над 60 години

Кај 196 лица (34,3 отсто) е регистрирано присуство на коморбидитети.

Најголем процент – 25,9 отсто од новозаболените со Ковид-19 и во периодот од 3 до 9 август се лица на возраст над 60 години, а поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст меѓу 30 до 39 години – 18,4 отсто, од 40 до 49 години – 17,9 отсто, а од 50 до 59 години – 17,2 отсто, покажуваат денеска објавените податоци во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Кај 196 лица (34,3 отсто) е регистрирано присуство на коморбидитети.

Во истиот период регистрирани се 25 смртни случаи, а најголемиот број од нив се лица на возраст над 60 години (56 отсто). Кај 19 од смртните случаи (76 отсто) се регистрирани претходни коморбидитети.

притисни ентер