Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија, Бразил – 2026
1Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија, Бразил – 2026
РакометРаул: Сите бевме суперСелекторот на Македонија, Раул Гонзалес беше среќен по победата над Црна Гора и обезбедениот пласман во втората фаза од Европското првенство.- Многу сум задоволен што на двата натпревара остваривме две победи и имаме максимални четири бода. Почнавме добро, па малку застанавме. Во второто полувреме бевме подобри. Сите бевме супер, а посебно Кузмановски кој одигра одличен натпревар. Имавме трпение и тоа е тоа, е кусиот коментар на Шпанецот по триумфот над Црна Гора. Македонија в среда во третото, последно коло од Ц-групата се среќава со Германија во директен дуел за првото место.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 17. јуни 2026 година Дневен хороскоп за среда, 17. јуни 2026 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Пред вас е прекрасен ден за секој вид дружење , воспоставување на нови контакти и за ширење на хоризонтите. Искористете го тоа. Кариера Доколку имате работа што вклучува односи со луѓе , ќе ви биде убаво. Во другите дејности ќе барате друштво. Здравје и совет Почитувајте ги другите. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе ги заборавите непотребните грижи и ќе се обидете да се концентрирате на она што мора да се решава во односите. Нема веќе да се збунувате. Кариера Вашиот позитивен став ќе ви донесе поен повеќе во договарањето на работите. Ќе го употребите и својот шарм. Здравје и совет Не сте на трка . Опуштете се. Лав 23.7-22.8. Љубов Посветеноста кон љубовните тајни ќе доведе до едно интересно откритие , кое ќе ве заинтригира. Кариера Во предложената работа со пријателите немојте да бидете попустливи , зашто и покрај добрите намери , ќе бидете во загуба. Здравје и совет Утре ќе биде сосема поинаку. Бидете трпеливи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се потпирате на вашето шесто чуло. Тоа ќе ве поттикнува за подобро да соработувате со другата страна. Кариера Ништо нема да ви биде премногу, нити премалку. Токму вие ќе бидете онаа личност , која работите ќе ги доведете во рамнотежа. Здравје и совет Понекогаш ви е од се преку глава. Поминете го денот осамени. Вага 24.9.-23.10 Љубов Пред вас е квалитетен ден во кој ќе ги игнорирате повремените мали нервози и со љубов ќе ги победувате. Кариера На цврстите темели вие почнувате да развивате нов долгорочен план на дејности кои имаат иднина. Здравје и совет Ја одржувате добрата форма. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Би можеле да се најдете на малечка вага меѓу чувствата и должностите. За среќа, набргу ќе го препознаете вистинскиот пат. Кариера Денеска не влегувајте во расправии, а доколку може, ниту разговарајте со шефовите , зашто тие ќе мислат едно , а вие сосема друго. Здравје и совет Обидете се да бидете полежерни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Некои денеска ќе ја покажат својата сентиментална нишка, а тоа малку ќе ја збуни личноста која ве сака. Таа ќе очекува да бидете поцврсти. Кариера Според вашите идеи би можело да се покрене еден проект , но во сето тоа има и доста заблуди. Здравје и совет Разделете ја реалноста од фантазијата. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Повторно ќе станете онаа позната заводлива личност , која предизвикува внимание каде и да се појави. Ќе проивлечете доста внимание на забавите што се пред вас. Кариера Ќе решавате мали финансиски проблеми и ќе најдете решение. Во нив ќе има и тактика и претприемништво во исто време. Здравје и совет Внимавајте на грлото. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Зближувањето со саканата личност дава резултати , па денеска ќе дадете се од себе така да остане. Кариера Малкумина ќе се решат да вложат средства во вашите напредни идеи , поради што се чувствувате по малку осамени. Здравје и совет Честопати сте пред своето време. Искористете ја предноста. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Колку ќе имате потреба за нежност, толку ќе имате и за грубости. Ќе бидете во подвоена состојба. Кариера Повеќето од работите што ќе ги преземете , ќе вродат со плод , а вие ќе имате многу причини за задоволство. Здравје и совет Бидете трпеливи во љубовта. Овен 21.3-20.4. Љубов Поради празнината што ја чувствувате , ќе се трудите да бидете што пољубезни , но ќе се препознае дека тоа не е природно. Кариера Во договорите и преговорите ќе бидете склони на другите да им го препуштите главниот збор , дури и тогаш кога ќе бидете во право. Здравје и совет Искреноста е доблест. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тешко денеска ќе го разберете партнерот зашто кон вас ќе се однесува на моменти мирно , а на моменти налутено. Подгответе се за тоа. Кариера Она што сте го замислиле нема да се развива според планот. Потребно е поголемо разбирање за другите и почеток на сериозна соработка. Здравје и совет Бидете искрени кон себеси и кон другите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Петар Арсовски и Абдулади Вејсели вечерва во „Само вистина“ Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Петар Арсовски и Абдулади ВејселиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Живот Четири знаци дека сте преоптоварени како родител и како да си помогнетеВоспитувањето е искуство кое исполнува, но понекогаш може да биде неверојатно тешко.Усогласувањето на училишните распореди, работните обврски и домашните обврски на многумина родители им дава чувство дека постојано се вртат во круг. Сепак, преоптовареноста не значи дека сте лош родител. Тоа е едноставно знак дека вашиот ум и тело се преоптоварени од постојаниот притисок да се грижите за сите и за сè. Понекогаш знаците се појавуваат суптилно: Станувате понервозни, се чувствувате хронично уморни или чувствувате дека постојано заостанувате во нешто, пишува „Тајмс оф Индија“. Во продолжение прочитајте кои четири знака укажуваат на тоа дека сте преоптоварен родител. Ве преоптоваруваат ситници Секој понекогаш се чувствува раздразливо. Но, ако помали ситуации редовно ги чувствувате како големи проблеми, тоа може да биде знак дека сте под постојан стрес. На пример, ако повторените прашања на вашето дете ве тераат да реагирате побурно отколку што треба. Може да се најдете себеси како пламнувате затоа што вашето ментален товар е веќе преголем. Имате чувство дека никогаш немате одмор Преоптоварените родители честопати се чувствуваат постојано потребни. Не станува збор толку за прашањата што ви ги поставува вашето дете, туку за оние што постојано си ги поставувате самите. Ако постојано се прашувате: „Дали спакував сè за утре?“ или „Дали заборавив нешто?“, веројатно сте преоптоварени. Оваа неможност ментално да се исклучите може да ве остави исцрпени дури и после одмор. Може да почнете да се чувствувате како повеќе да не сте личност со сопствени потреби, туку само некој што се грижи за другите. Физички сте присутни, но не и емоционално Еден од најзанемарените знаци на родителското преоптоварување е емоционалното исцрпување. Можеби сте физички присутни за вашето дете, но внатрешно се чувствувате отсутно. Му подготвувате квалитетен оброк, но не ви се зборува на маса. Можеби ќе забележите дека активностите во кои некогаш сте уживале, како што се читање приказни пред спиење или играње заедно, почнувате да ги чувствувате како уште една обврска од вашата листа. Се чувствувате виновни без разлика што правите Преоптоварените родители често се заробени во маѓепсан круг на вина. Кога работат, чувствуваат дека не поминуваат доволно време со своето дете. Од друга страна, кога се со своето дете, се грижат поради недовршената работа. Постојаната мисла „Треба да работам повеќе“ или „Треба да бидам повеќе со моето дете“ може да исцрпува.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter