Раул: Секој прв натпревар носи голем притисок - Канал 5

Раул: Секој прв натпревар носи голем притисок

Македонската ракометна репрезентација претпладнево во „Арена Загреб“ го одржа првиот и единствен тренинг пред дуелот утре со Словенија во „Арена Загреб“. Во полн состав со сите 19 играчи селекторот Раул Гонзалез работеше во подготовка на утрешниот дуел.

Раул: Секој прв натпревар носи голем притисок

- Секако дека првиот натпревар е најважен. Посакуваме победа за да можеме добро да почнеме на првенството. Ова што досега го работевме беа само пријателски натпревари и тренинзи, сега следува вистинското. Словенија е освојувач на медал на последниот Светски шампионат (трето место). Посакувам само да одиграме добар натпревар, изјави селекторот Гонзалез.

За конечниот список од 16 играчи селекторот Гонзалез ќе се изјасни на техничкиот состанок што е закажан за вечерва во 20 часот.
Натпреварот Македонија – Словенија се игра утре со почеток во 19:30 часот во „Арена Загреб“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции современа опрема и нови болници

Нови инвестиции современа опрема и нови болници, Владата на ВМРО-ДПМНЕ го модернизира македонското здравство.

ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции современа опрема и нови болници

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за две години започна процес на целосна модернизација на македонското здравство кое со години беше во лоша состојба застарена инфраструктура без опрема и многу наталожени проблеми.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ прави конкретни инвестиции во македонското здравство. Денес се реализираат проекти што создаваат подобри услови за пациентите и медицинските работници.

Во изминатиот период целосно се реконструирани оперативниот блок, интензивната нега, патологијата, клиничката лабораторија и кровната конструкција на болницата „8-ми Септември“.

По повеќе од 50 години е реконструирано и ставено во функција одделението за трауматологија во Универзитетската клиника „Св. Наум Охридски“. Дополнително, реконструирани се шест операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, а уште четири нови сали ќе бидат ставени во употреба во наредниот период.

Особено значајна е набавката на 100 нови амбулантни возила со современа медицинска опрема, кои ќе бидат распределени низ целата држава. Со тоа се зајакнува итната медицинска помош и се обезбедува побрза и поквалитетна здравствена услуга за граѓаните, особено во помалите и руралните средини.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира и во современа медицинска опрема. Во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство се вложени околу 110 милиони денари, од кои 35 милиони за реконструкција и 75 милиони за нова опрема.

Во Клиничката болница Битола, по повеќе од две децении, се обновува застарената медицинска опрема со инвестиција од над 30 милиони денари. Набавени се современ ендоскоп, апарат за операции на катаракта, декса апарат, уролошка и офталмолошка опрема, како и нови дигитални системи за побрза и попрецизна дијагностика.

Во Битола се реализирани 61 ново вработување на неопределено време, затоа што силното јавно здравство се гради и со стручен, мотивиран и стабилен медицински кадар.

Се реализираат и капитални проекти што ќе остават траен белег врз здравствениот систем.

Во Кичево започнува изградбата на нова современа болница, инвестиција вредна околу 22,5 милиони евра, која ќе обезбеди подобри здравствени услуги за целиот регион.

Во Штип започнува реализацијата на еден од најголемите здравствени проекти во државата, вреден 109 милиони евра. Новата клиничка болница ќе биде современ здравствено-образовен комплекс со медицински факултет, студентски дом и модерна медицинска инфраструктура.

Овие инвестиции значат подобри услови за лекување, подобра дијагностика, побрзо лекување, подобри услови за медицинскиот персонал и создавање услови младите лекари својата иднина да ја градат во Македонија.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реконструкции, нова опрема, нови возила, нови болници и вложувања во медицинскиот кадар. Владата на ВМРО-ДПМНЕ гради здравство кое е модерно, достапно и достојно за граѓаните.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Уште 1 ден до враќањето на Мицкоски од екскурзија

Уште еден ден до крајот на екскурзијата.

СДСМ: Уште 1 ден до враќањето на Мицкоски од екскурзија

По четири дена летување во Бриж, следуваа четири дена „катарза“ во Брисел.

Официјално учел за Францускиот предлог.

Пет недели Гостивар се труе - Мицкоски не отиде ниту еднаш. Замина на одмор.

Пред да замине, им ја остави на своите кампањата на Ванчо Михајлов за поделба на општеството и сеење омраза - народот е „талог“.

Во меѓувреме, покрај епидемија со жолтицата, добивме и епидемија на комарци од Западен Нил.

Зошто? Затоа што никој не работи ништо освен тендери. Прскањето комарци за нив е губење време.

Сега, покрај проблемот со водата што постои во над 50 места низ Македонија, имаме и нов проблем.

Од кога тој замина, многумина од нив заминаа на свои екскурзии. Нам ни ги оставија проблемите и новото знаме со 12 зраци.

Покрај тоа што никој од стручната јавност не излезе јасно да каже кога водата во Гостивар навистина ќе биде здрава за пиење, имаме само секојдневни ветувања дека „уште утре сè ќе биде во ред“.

Исто како што сме „трета економија во Европа“, „први во туризмот“, „најдобри во авио-сообраќајот“, со „најбрзо растечки плати и пензии“…

Само народот не разбира, па Мицкоски ќе му нацрта. Само уште тоа и сè ќе ни биде јасно на сите.

Европа? Тоа веќе никој и не го споменува. Што ќе ни Европа кога таа носи независно обвинителство?

Да имаше европско обвинителство, некој веќе ќе одговараше за труењето на водата, за нападите врз младите, за наместените тендери, за плацевите за Лидл, за Орбановите автобуси, за хемикалијата во Лепенец и Вардар, за депонијата што го загадува изворот.

Тендер-патриотите, со својот шеф што моментално е на стручна екскурзија, си ја обезбедија Европа преку бугарски фирми и државјанства. Тие цело лето поминуваа на посебни гранични премини - не чекаа.

Сега да видиме што научил Мицкоски на работниот одмор.

Го заврши семејниот дел во Бриж и сега е на стручната екскурзија. Официјално учи за францускиот предлог.

Со нетрпение го чекаме назад. Да видиме што ново научил.

Дали конечно сфатил дека францускиот предлог е дел од преговарачката рамка?

Или повторно ќе се врати со истата приказна што ја раскажуваше додека клечеше за власт?

По „феноменалниот“ НАТО, по „ремек-делото“ Преспански договор, по тврдењето дека протоколите не се дел од преговарачката рамка – сега доаѓа ред на новото „знаење“.

Само да не се повтори старото сценарио: едно да научи во Брисел, а сосема друго да им продава на граѓаните дома.

А сите останати проблеми го чекаат. Тие не заминаа на екскурзија.

Дали ќе го пречека некој на аеродром? Можеби со новото знаме? Или со нов спот за дочек на спасителот?

Уште еден ден.

Потоа извештај.

Ние чекаме.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран и САД остануваат заглавени во напорите да постигнат договор за траен крај на војната

Иран и САД остануваат заглавени во напорите да постигнат договор за траен крај на војната, изјави висок ирански функционер, додавајќи дека нема никаков напредок во разговорите за оживување на привремениот договор од јуни.

Иран и САД остануваат заглавени во напорите да постигнат договор за траен крај на војната

Техеран притоа го отфрли тврдењето на Трамп дека САД го контролираат Ормускиот теснец, инсистирајќи дека тој останува блокиран.

„Ормускиот теснец останува блокиран и нема да биде повторно отворен додека не се прифатат условите на Иран“, соопштија властите.

Договорот постигнат во јуни предвидуваше итен и траен прекин на воените операции на сите фронтови, но брзо се распадна и двете страни веќе не го сметаат за важечки.

„Иран само збори, а ништо не прави“, рече Трамп.

Иран не се согласил да го продолжи 60-дневниот период за постигнување договор.„Нема разговори за продолжување. Нема период што започнал и затоа нема ништо за продолжување. САД го прекршија привремениот договор 48 часа откако беше постигнат и се повлекоа од него неколку дена подоцна“, изјави извор за „Ројтерс“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер