Тајфун и свлечиште направија хаос во Кина- има загинати и повредени, спасувачите во трка со времето (ВИДЕО)
1Тајфун и свлечиште направија хаос во Кина- има загинати и повредени, спасувачите во трка со времето (ВИДЕО)
Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
1Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
РакометРаул: Имаме шанса за победа во УкраинаРакометната репрезентација на Македонија ги одработува последните денови од подготовките за дуелите со Украина и со Чешка, последните два од квалификациите за Европското првенство во Хрватска 2018.На претпладневниот тренинг не тренираше Филип Миркуловски, кој се пожали на повреда, додека за попладневниот тренинг е најавено доаѓање на играчите на Барселона Кирил Лазаров и Борко Ристовски, со што ќе се комплетира списокот на ракометари. Поради повреда селекторот Раул Гонзалез не може да смета на Велко Маркоски за двата натпревара. - Ние сме подготвени, во отсуство на Маркоски ќе играме друга варјанта. Имаме шанса за победа. Во добар натпревар очекувам да ја повториме играта со Исланд и да ги поправиме грешките. Во оваа група никој не победил на гости. Ние ќе играме без притисок дека можеме да бараме и втора шанса на неделниот натпревар со Чешка на домашен терен, изјави селекторот Раул. За важноста на првиот дуел со Украина Филип Миркуловски рече дека како и што се очекувало ова се двата најважни дуела за пласман на ЕП во Хрватска. Украина е селекција што дома постигна победи над Исланд и Чешка. Се надевам дека ние ќе постигнеме позитивен резултат и со „една нога“ ќе бидеме пласирани на шампионатот во Хрватска. Ова е тешка задача особено што само два дена ќе бидеме заедно, но ние сме искусна репрезентација и ако ја наметнеме нашата игра можеме да дојдеме до победа. Натпреварот Украина - Македонија се игра во четврток во Суми, додека првиот дуел од 5. коло од групата 4 меѓу Чешка и Исланд се игра утре. Сите четири селекции имаат по четири бодови, а на врвот е Чешка која има најдобра гол разлика (+10), Македонија е втора со (+3), трет е Исланд со гол разлика (-5), а Украина има гол разлика (-8). Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТајфун и свлечиште направија хаос во Кина- има загинати и повредени, спасувачите во трка со времето (ВИДЕО)Жителите на градот Гаопинг во кинеската покраина Џијангси се разбудија во хаос. Во лизгање на земјиште предизвикано од обилните дождови загина најмалку едно лице, а 11 се водат како исчезнати, соопштија локалните власти. Во раните утрински часови, лизгањето на земјиштето затрупа неколку згради и оштети 12 куќи, додека спасувачките екипи се бореа да пронајдат преживеани, објави кинескиот државен радиодифузер CCTV. Breaking : Shocking aftermath footage shows massive devastation across Fujian, China , following severe flooding caused by Typhoon Saudel. pic.twitter.com/0qQuGeL5EA — World Updates (@Updatesofwworld) September 4, 2026 Трагичните сцени се резултат на тајфунот Саудел и студениот фронт што донесе обилни дождови и поплави во покраината Сечуан. Жителите беа заробени, патиштата беа оштетени, а клучните јавни услуги беа сериозно нарушени. Гаопинг е погоден од екстремните временски услови што ја погодија Кина во последните месеци, особено во планинските области. Тајфунот Саудел, 18-ти што ја погоди Кина оваа година, дополнително ја влоши ситуацијата кога во четвртокот по трет пат стигна до копното во округот Џијангпу, предизвикувајќи евакуација на десетици илјади луѓе поради предупредувања за силни ветрови и обилни дождови. Во соседната покраина Џијангси, тајфунот погоди 128.500 жители во 53 окрузи, принудувајќи речиси 8.700 луѓе да се евакуираат.Тагови: Кина тајфун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
БалканПожар во хотел во Истанбул, евакуирани се голем број луѓе Денеска во хотел во истанбулската населба Бакиркој избувна пожар, а пожарникарите евакуираа голем број луѓе кои биле во зградата.Пожарникарите реагираа на местото на пожарот, а операцијата за гаснење е во тек, објави Хуриет. Засега нема информации за повредени. Бакиркој е општина на европската страна од Истанбул, на брегот на Мраморното Море.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаДрога е пронајдена кај кампери во Галичник, уапсени се петминаЛишени од слобода пет лица во Галичник, при претрес во шаторите каде престојувале пронајдена марихуана, кокаин, таблети, следува пријава.На 04.09.2026 во периодот од 19:20 до 20:45 часот, во с. Галичник на местото викано „Стопанче“, полициски службеници од ОВР Гостивар и ПО Маврово, во рамки на оперативна акција, лишија од слобода пет лица, А.Ј. (32), М.М. (38), К.С. (45) и В.В. (44) од Скопје, како и Р.Т. (38) од Куманово. При претрес во шаторите каде престојувале лицата, пронајдени и одземени се повеќе пакувања со марихуана, бела прашкаста и грутчеста материја, халуциногени печурки и таблети. Лицата се задржани во ПС Гостивар за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter