3Четири дена без храна и вода- мачорот Исак е пронајден жив по уривањето на зградата во Њујорк (ВИДЕО)
РакометРаул им даде слободен ден на ракометарите пред дуелот со ТатранМакедонскиот ракометен првак Вардар утревечер го пречекува Татран Прешов во дуел од регионалната СЕХА лига. Тренерот на „црвено-црните“ Раул Гонзлаес одлучи тимот денес да на тренира поради напорното гостување во Полска. - Ова сезона Татран е многу добар. Има силна одбрана и тоа го докажа на претходните натпревари. Ние денеска се вративме од Плоцк и поради тоа им дадов слободен ден на играчите. Нема да тренираме, бидејќи знам дека се многу уморни. Утре ќе се подготвуваме тактички со помош на видео снимки. Утре ќе имам и целосна слика за здравствениот билтен и ќе одлучам со кој состав ќе настапиме. Фаворити сме, ама не треба да се опуштаме, изјави Гонзалес на денешната прес-конференција. Ова ќе биде четврти натпревар за двата тима, Вардар има максимални три победи,Татран две победи и еден пораз. Продолжување на победничката серија очекува капитенот Стојанче Стоилов. - Сезоната до сега се одвива како што очекувавме и како што се надевавме. Имаме три победи во СЕХА и една во Лигата на шампионите остварена вчера. Се надевам дека така ќе продолжиме. Во првите три кола Татран покажа дека може да биде незгоден противник, но ние сме Вардар европски шампиони, играме дома и треба на теренот да покажеме зошто сме фаворити, потенцира Стоилов. Натпреварот се игра утревечер од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
ЗдравјеШто треба да знаат жените за симптомите на менопауза?Симптомите ги засегаат повеќето жениАмериканскиот колеџ за акушери и гинеколози (ACOG) за првпат по 12 години ги ажурираше своите упатства за третман на брановите на топлина, ноќното потење, проблемите со спиењето и другите симптоми на менопауза, притоа нагласувајќи ја важноста на хормонската терапија. Симптомите ги засегаат повеќето жени Менопаузата настапува кога кај жената месечниот циклус изостанува 12 месеци по ред; во Соединетите Држави, тоа обично се случува околу 50-тата година од животот. Периодот пред тоа се нарекува перименопауза, тогаш телото произведува сè помалку хормони естроген и прогестерон. Според податоците на Американски колеџ за акушери и гинеколози (ACOG), повеќе од половината жени во менопауза доживуваат бранови на топлина и ноќно потење, до две третини пријавуваат нарушувања во сонот, а повеќе од една третина од жените ширум светот – како во перименопаузата, така и во постменопаузата, имаат симптоми на депресија. Лекарите истакнуваат дека многу жени порано страдале во тишина. Д-р Џоен Менсон, професорка по медицина на Медицинскиот факултет при Харвард, посочува дека постои сè поголема согласност дека овие симптоми треба да се третираат. Според неа, новите упатства се усогласени со оние на другите медицински здруженија. „Умерените до тешки, или пак непријатни симптоми на менопаузата, треба да се третираат со хормонска терапија како прва линија на лекување“, вели Менсон, додавајќи дека иако таквата терапија не е за секоја жена, сепак претставува добра опција за многумина. Предупредувањето за лековите стоеше 22 години Долго време, некои жени и лекари се резервирани кон хормонската терапија. Во 2002 година, едно големо истражување, во кое учествувале жени што земале таблети со комбинација од естроген и прогестин, било предвреме прекинато поради поврзаноста со рак на дојка, крвни згрутчувања и други сериозни здравствени проблеми. Подоцнежни студии покажале дека кај многу жени придобивките од современите хормонски терапии ги надминуваат ризиците, но сепак, загриженоста останала присутна. Повеќе од 22 години, сите хормонски лекови за менопауза содржеле предупредување од американските власти, факт што, според д-р Менсон, ги одвраќал и пациентите и лекарите. Минатата година, Агенцијата за храна и лекови (FDA) објави дека ќе го отстрани ова предупредување од преку 20 видови таблети, фластери и креми што содржат естроген и прогестин. Како резултат на ова, интересот за овие лекови се зголемил, при што некои жени пријавуваат тешкотии во набавувањето на естрогенски фластери во одредени дози и форми. FDA наведува дека не е запознаена со каков било непосреден ризик од недостиг на национално ниво, притоа истакнувајќи дека производителите во текот на минатата година го удвоиле своето производство воведувајќи дополнителни смени и зголемувајќи ги капацитетите. Одлука донесена заедно со лекар „Неспорно е дека хормонската терапија е прва линија на третман и најефикасен начин за справување со брановите на топлина“, вели д-р Стефани Фобион, медицински директор на Здружението за менопауза (The Menopause Society). Во упатствата детално се опишани различните видови терапија. Системските терапии – кои делуваат на целото тело – се достапни во форма на таблети, фластери, спрејови, гелови или вагинален прстен; тие внесуваат доволно хормони во крвотокот за значително да ги ублажат симптомите, како што се брановите на топлина. Вагиналниот естроген во ниски дози се применува локално, при што многу мала количина навлегува во крвотокот; затоа, тој најчесто им се препишува на жени чиј главен проблем е вагиналната сувост. Американскиот колеџ за акушери и гинеколози препорачува лекарот и пациентката заеднички да одлучат за планот на лекување, земајќи ги предвид придобивките и ризиците, врз основа на возраста и здравствената историја на пациентката. Доколку се процени дека хормонската терапија е соодветна, се препорачува таа да се започне пред 60-тата година од животот или во рок од 10 години од почетокот на менопаузата. Нехормонски опции За жените кои претпочитаат да не користат хормонска терапија, или за кои таа е медицински контраиндицирана, лекарите можат да препорачаат алтернативни лекови. Фезолинетант (fezolinetant) делува на делот од мозокот што ја регулира телесната температура, блокирајќи една од основните причини за појава на бранови на топлина и ноќно потење; елинзанетант (elinzanetant) делува на сличен начин. Одредени антидепресиви, исто така, можат да помогнат во ублажувањето на брановите на топлина и депресијата. Од ACOG напоменуваат дека постојат и докази што ги поддржуваат нефармаколошките пристапи за справување со брановите на топлина, ноќното потење, како и проблемите поврзани со спиењето и расположението. Тука спаѓаат когнитивно-бихевиоралната терапија, свесното присуство (mindfulness), физичката активност, клиничката хипноза и акупунктурата, кои можат да се користат самостојно или во комбинација со лекови. Д-р Клер предупредува и на присуството на дезинформации за третманот на менопаузата на интернет и ги повика жените сите свои прашања да ги упатат до лекар. „Жените имаат избор – многу опции, како хормонски, така и нехормонски. Не смее да им се вели дека ништо не може да се преземе во врска со нивните симптоми“, изјави Фобион.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
БизарноКрилесто чудовиште се појави на небото над Мексико- луѓе веруваат дека е праисториски предатор (ВИДЕО)Невообичаен летачки објект кој личи на „медуза“ и суштество „слично на птеродактил“ – летачки влекачи од ерата на диносаурусите – го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи во последниве денови.На интернет се појавуваат сè повеќе снимки за кои некои веруваат дека прикажуваат „непознати суштества“ или „летачки објекти“ на небото над различни делови од светот. Сепак, нивната автентичност не е потврдена и досега нема сигурни докази дека е снимено нешто „непознато“. Alleged pterodactyl filmed in Mexico A large dark-winged creature flapping across the daytime sky over Mexico recently went viral on TikTok Many now claim it's a flying dinosaur, though local officials dismissed the claims, saying it's likely a large bird https://t.co/xYVNOvFPZw — RT (@RT_com) November 16, 2026 Откако Сара Џејн Осборн снимала НЛО на небото над Алјаска кое изгледа како „медуза“, сега има вирално видео од Мексико кое прикажува суштество кое изгледа како „праисториски птеродактил“. „Заборавете го НЛО слично на медуза, птеродактил се појави во Мексико“, напиша еден корисник на платформата X, заедно со видео од наводното „суштество“. Снимката покажува „голема, темна силуета со раширени крилја“, наводно снимена во близина на далноводи, дрвја, градски светла и планина што доминира во позадината. Сепак, врз основа на вакви слики, тешко е да се утврди за каков феномен всушност станува збор, објавува WIO News. ¿Acaso criatura recientemente grabada en el Valle de Juárez, es evidencia de que ahí se encuentra un portal dimensional? https://t.co/8nXKKkannU — Jaime Maussan (@jaimemaussan1) November 11, 2026 Објавата на истражувачкиот новинар Хаиме Масан привлече посебно внимание, кој сподели видео од наводното суштество и праша дали тоа може да биде „доказ за постоење на димензионален портал во долината Хуарез“ на далечниот север од Мексико. Сепак, ваквите претпоставки не се поткрепени со научни докази. Експертите ја отфрлија можноста за сигурна идентификација врз основа на кратки клипови. Aqui está uma compilação com três mais novos vídeos de alegados pterodáctilos no México. https://t.co/1aSlLHh4NV — Ovniologia 🛸 (@Ovniologia01) November 16, 2026 Не треба да се исклучува можноста снимката на крилест предатор да е создадена со употреба на вештачка интелигенција (ВИ). Со оглед на тоа што дигитално обработените и генерираните видеа сè повеќе се појавуваат на социјалните мрежи, што може да изгледа многу убедливо, не е исклучено дека ваквите сцени се и резултат на напредна технологија. Без независна анализа и верификација на потеклото, невозможно е со сигурност да се утврди дали станува збор за реални феномени, оптички илузии, монтажи или содржина создадена со употреба на ВИ.Тагови: Мексико предатор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаГерманските шпиони добиваат многу поголеми надлежности: Вакво нешто не е видено 100 години!Германскиот парламент усвои пакет законски мерки со кои се прошируваат овластувањата на разузнавачките служби, во време кога Русија води хибридна војна насочена, меѓу другото, и кон Германија.Законот што го усвои Бундестагот во петокот им дава зелено светло и на домашните и на странските разузнавачки служби да вршат надзор со значително помалку ограничувања, како и, за прв пат во повоената историја, да преземаат операции насочени кон спречување, заведување и манипулирање на противниците, пишува „Фајненшл тајмс“. „Германија е секојдневно нападната: зборуваме за сајбер напади, саботажи, шпионажа и беспилотни летала што летаат над нашите воени објекти и аеродроми“, рече Марк Хајнрихман, претседател на парламентарниот комитет одговорен за надзор на разузнавачките служби. „Досега, разузнавачките служби можеа да ги детектираат и следат овие закани. Сега тие ќе можат и да интервенираат.“ На конечното гласање во петок, 13 ноември, 309 пратеници гласаа за законот, 190 против, а 71 воздржани. Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (AfD), која веќе е под надзор на разузнавачките агенции, и крајнолевичарската партија Ди Линке гласаа против неа. Иако германската служба за надворешно разузнавање е најголема во Европа, нејзините операции честопати беа ограничени со рестриктивно законодавство поради историјата на Германија. Правните предизвици и реформите усвоени во текот на изминатата деценија, по откритијата што ги разоткрија врските на Германската федерална разузнавачка служба (BND) со американските разузнавачки агенции, доведоа до сè посложена бирократија која стана сè потешка за управување. Како резултат на тоа, германските разузнавачки служби заостануваат зад оние на другите европски земји. Затоа, законот за проширување на овластувањата на разузнавачките служби беше неопходен во време кога Кремљ ја засили својата агресивна кампања на хибридно војување и шпионажа. Во текот на 2025 година, беа регистрирани 474 случаи на политичка и технолошка шпионажа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00