Раул Гонзалез: Лесно е кога ги имаш најдобрите играчи - Канал 5

Раул Гонзалез: Лесно е кога ги имаш најдобрите играчи

Вардар на Ф4 турнирот во Келн веќе ги доби првите признанија, а меѓу нив е и она на тренерот Раул Гонзалез. Тој е избран за најдобар во Лигата на шампионите за сезоната 2016/2017.

Раул Гонзалез: Лесно е кога ги имаш најдобрите играчи
Шпанецот во четвртиот обид како тренер на Вардар конечно стигна до најдобрите четири екипи во Европа. Колку што неговото диригирање беше важно за постигнување на успехот, уште повеќе се заслужни ракометарите.

- Јас имам најдобри играчи, па можам да кажам дека јас сум најдобар тренер оваа сезона затоа што ги имам најдобрите играчи, вели Раул Гонзалес.
Во полуфиналето утре Вардар ќе игра против повеќекратниот европски првак Барселона. Шпанците се фаворити, имаат и подобар меѓусебен биланс на дуелите со Вардар. Сепак, „црвено-црните" доаѓаат во Келн со единствена цел, да се борат и да покажат дека заслужуваат и повеќе од овој пласман во ТОП 4.

- Барселона е одлична екипа, имаат одлични играчи и одличен тренер. Играле многу пати Ф4 и освојувале титули. Ние имавме доволно време да се подготвиме. Треба да бидеме спремни на се, имаат добра одбрана и можат да комбинираат. Ќе видиме како ќе се одвива натпреварот. првите 15 минути треба да бидеме внимателни, можеби ќе не изненадат со нешто ново. Атмосферата е одлична, работевме цела сезона напорно и сега треба да уживаме. Треба да се фокусираме на дуелт со Барса, за нас најважен, сакаме да играме финале, знаеме дека ќе биде тешко. Вардар и Барселона имаат одлични голмани, но не треба да се очекува дека тие ќе бранат се, треба да се има добра одбрана пред. Борко и Кире се одлични играчи и ќе биде многу тешко да се игра против нив, но ние сакаме Вардар да победи, истакнува Раул.

Натпреварот меѓу Вардар и Барселона се игра утре во „Ланксес Арена" со почеток во 18 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Арамијата Мицкоски најавува поскапување на струјата, вели за три години ќе биде подобро, иста бајка - стап и морков

Прво рече: нема поскапување на струјата. Тој е „институција“ и гарантира. Штом зине - лаже.

СДСМ: Арамијата Мицкоски најавува поскапување на струјата, вели за три години ќе биде подобро, иста бајка - стап и морков

Сега цената останува иста до крајот на годината. Нема промени во тарифните блокови.

Претходно рече: бараме модел. Еве го моделот. Ќе биде поскапо после Нова година.

Денеска самиот рече: за тоа што ќе се случува од 1 јануари, да почекаме што ќе кажат енергетските компании. Не може да ја прејудицира Регулаторната, а он ги постави луѓето, он управува со нив. Значи, најава и лажна изјава. Како и секогаш.

Сите знаеме кој ја сака увозот на струја. Кој става броила. Мицкоски–Адамовиќ–Божиновска–Лазаревиќ. Истиот круг. Истите провизии. Истите паметни броила што не се по закон. Народот плаќа. Бандата заработува.

Како и сè што Мицкоски ќе каже, секогаш спротивно.

Секоја најава на поевтинување резултираше со скок на цените до плафон. Гориво. Храна. Парно греење. Струја. Сега гарантира: за три години ќе се живее подобро. Исти копи-пејст реченици од Вучиќ. Човекот нема ништо свое. Менторот управува со него.

Три години по скоро три години мандат. Значи уште една најава за избори. Само уште да најде сателит што ќе фрли ракавица и ќе даде алиби за немање пари во буџетот.

Светска банка вели имаме третина од стандардот на ЕУ. Не трета економија. Третина. Минималната плата закована на 26.000 денари. Кошничката со кирија за стан околу 90.000 денари. Три минимални не ја покриваат. А арамијата црта илјада евра и стабилност.

Струјата останува иста - додека не поскапи. Животот ќе биде подобар - за три години. Истите бајки. Истиот метод.

Цената не се држи со изјави, се држи со производство. Не се задржува цената со увоз, ама арамијата го сака увозот. Цената се задржува реформи, не со изолација.

Без ЕУ нема ни зголемување на стандардот ни економска сигурност. Тоа е единствениот пат. Ама Мицкоски не сака ЕУ. ЕУ бара соработка со европското обвинителство, и тоа веднаш.

Затоа постојани конфликти. Секогаш некој друг крив, а реформите што се услов за ЕУ не ги споменува уште од 1 јуни кога вети.

Додека арамијата бара модел, граѓаните плаќаат поскапи сметки.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје

Директорот Јанев ја нагласи потребата од преземање конкретни мерки за подобрување на материјално-техничките услови за работа, зајакнување на човечките ресурси и унапредување на оперативната функционалност на единицата.

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје

Денеска (16.10.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, заедно со началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, оствари работна посета на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, каде што разговараше со полициските службеници за актуелните состојби, предизвиците во работењето и можностите за унапредување на сообраќајната безбедност.

На средбата се разговараше за расположливите човечки и технички капацитети, сообраќајните предизвици во главниот град, примената на системот „Безбеден град“, како и за потребата од засилени превентивни активности, особено во однос на небезбедното управување со тротинети и мотоцикли.

Беше посочено дека бројот на изречени санкции на територијата на Скопје, во периодот од 1 јануари 2026 година до денес, е намален за 33,5 проценти, при што беше нагласена потребата од континуирано следење и анализа на овој показател.

Директорот Јанев ја нагласи потребата од преземање конкретни мерки за подобрување на материјално-техничките услови за работа, зајакнување на човечките ресурси и унапредување на оперативната функционалност на единицата.

Притоа, истакна дека приоритет остануваат намалувањето на сообраќајните прекршувања, подигнувањето на сообраќајната култура и обезбедувањето побезбедни улици, како и создавањето соодветни услови за професионално и ефикасно извршување на полициските задачи.

Во рамки на посетата, директорот Јанев оддаде почит на загинатите полициски службеници Атанас Јанев и Ацо Ангеловски, кои ги загубија животите при извршување на службената должност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Децентрализација на терапијата за мултиплекс склероза

Здравствените власти започнуваат децентрализација на терапијата за мултиплекс склероза.

Децентрализација на терапијата за мултиплекс склероза

Здравствените власти започнуваат децентрализација на терапијата за мултиплекс склероза, со што околу половина од пациентите кои живеат надвор од Скопје повеќе нема да мора секој месец да патуваат до главниот град.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер