Трагедија во Словенија: Татко загина обидувајќи се да го спаси својот седумгодишен син кој паднал во провалија
2Трагедија во Словенија: Татко загина обидувајќи се да го спаси својот седумгодишен син кој паднал во провалија
Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
2Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
РакометРаул Гонзалес нов тренер на РК ВардарШпанскиот стручњак Раул Гонзалес е промовиран во нов тренер на македонскиот ракометен шампион Вардар.Сопственикот и претседателот на клубот Сергеј Самсоненко на денешната прес-конференција рече дека Гонзалес бил прв негов „пик“ уште по разрешувањето на Зоран Кастратовиќ. Новиот тренер потпиша договор со „црвено-црните“ до 2016 година. - Благодарам за можноста да работам во клуб кој има големи планови за иднина. Не смеев да ја пропуштам оваа шанса да бидам дел од проектот Вардар кој има големи амбиции пред се на меѓународната сцена. Ќе дадам се од себе да на ја изневерам укажаната доверба и заедно со играчите и раководството да ја исполниме зацртаната цел, истакна Гонзалес. Шпанецот кој во 1996 како играч е освојувач на бронзениот медал на Олимписките игри во Атланта, во својата тренерска кариера работел заедно со Талант Душебаев во Атлетико Мадрид. Освен машкиот од денеска и женскиот клуб Вардар доби ново има во организациската структура. Поранешната ракометарка на Кометал Тања Медвед ја доби функцијата спортски директор на женскиот ракометен колектив Вардар. Медвед им се приклучува на некогашните клупски другарки Гордана Нацева која ја извршува претседателската функција и Индира Кастратовиќ која е шеф на стручниот штаб. - Задоволство ми е да бидам во овој колектив. Не се чувствувам како странец. Знам дека Македонија го сака ракометот и затоа ќе се потрудам целото мое знаење да го пренесам и да помогнам, изјави Медвед.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаО. Карпош: Од рециклиран био отпад до поубави и позелени училишни дворовиОпштина Карпош продолжува со поддршка за реализација на активности и проекти со кои се унапредува грижата за здрава и чиста животна средина.Во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведен од Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ), во партнерство со Eco-Logic и Centar for Environmental Democracy- Florozon, учениците од ООУ „Аврам Писевски“ и ООУ „Јан Амос Коменски“, успешно ја реализираа акцијата за компостирање на собраниот органски отпад. Целта на овој проект беше добивање на природен и квалитетен компост преку правилен процес на третман на органскиот отпад. Произведениот компост, основците од „Јан Амос Коменски“ го употребија за уредување и раззеленување на училишниот двор, додека пак основците од „Аврам Писевски“, добиениот компост го искористија за уредување и збогатување на почвата во билната градина и целосно раззеленување на дворот на училиштето. Општина Карпош продолжува со поддршка за реализација на активности и проекти со кои се унапредува грижата за здрава и чиста животна средина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканТрагедија во Словенија: Татко загина обидувајќи се да го спаси својот седумгодишен син кој паднал во провалијаЧетириесет и четиригодишен маж трагично загина во близина на водопадот Савица во Словенија, откако паднал во провалија длабока 60 метри додека се обидуваше да го спаси својот седумгодишен син. Момчето, кое прво паднало во бездната, го преживеало падот, но се здобило со тешки физички повреди. Несреќата се случила во саботата навечер, а според информациите од Полициската управа во Крањ, странско четиричлено семејство го посетувало водопадот Савица. При враќањето, тие застанале на одморалиште со маса и клупи. Во тој момент, седумгодишното момче се оддалечило од семејството, а набрзо потоа се слушнале неговите повици. Таткото (44) веднаш потрчал во правецот од каде што доаѓале повиците за помош, но притоа и самиот паднал во страшната длабочина. Неговото тело подоцна било пронајдено во коритото на реката Савица, а на истото место било пронајдено и тешко повреденото момче. Акцијата за спасување ја спровеле припадници на Планинската спасувачка служба (GSS) од Бохињ, како и планинската полиција. Поради исклучително тешкиот и непристапен терен, телото на несреќниот човек било извлечено со помош на јажиња, додека момчето било пренесено во болница со хеликоптер на полицијата. Припадниците на Планинската спасувачка служба (GSS) од Бохињ објавија емотивна порака на Фејсбук, опишувајќи го страшниот повик што го добиле: „Дете падна во провалија. Дали постои пострашен повик за интервенција?“ Тие истакнаа дека на местото на несреќата пристигнале речиси веднаш, бидејќи дел од тимот веќе бил на теренска вежба во близина. „Се спуштивме до речното корито, кое беше речиси 60 метри под нас. Заедно со колегите од Брник, ги подготвивме момчето и неговиот татко за транспорт – едниот со хеликоптер до болница, а другиот за неговото последно патување. Често зборуваме за невидливи сили... Вчера тие очигледно ги насочија сите свои вештини кон спасување на младиот живот, додека снемаа сили за постариот“, опишаа спасувачите. Тие предупредија дека несреќите во планините ретко се резултат на една единствена грешка, туку на сплет од околности и одлуки што за неколку секунди водат кон трагедија. На крајот, тие упатија искрено сочувство до семејството и апелираа до јавноста да се воздржи од непотребни коментари, со длабока надеж дека момчето што поскоро ќе закрепне од повредите и траумата. Полицијата продолжува да собира информации, а надлежното државно обвинителство ќе извести за сите утврдени факти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУапсен 40 годишен кумановец поради напад на малолетничкаПолициски службеници од СВР Куманово упасиле 40 годишен жител од Куманово поради напад на малолетничка.-На 20.09.2026 во 02:50 часот полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода А.А. (40) од Куманово, затоа што на улицата „Тоде Мендол“ во Куманово физички нападнала малолетничка. По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава, стои во билтенот на МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16