До крајот на годината нема опасност за недостиг на дизел, можно е и реактивирање на ОКТА, најави Мицкоски
2До крајот на годината нема опасност за недостиг на дизел, можно е и реактивирање на ОКТА, најави Мицкоски
ЖивотРастот на трошоците на домаќинствата во ЕУ лани речиси четири пати поголем отколку во 2023 Трошоците за финална потрошувачка на домаќинствата во ЕУ минатата година се зголемиле за 1,5 отсто на годишно ниво, што претставува речиси четирипати поголем раст во однос на 2023-та, кога стапката на ова зголемување беше 0,4 проценти. &Како што соопшти Европската статистичка служба – Евростат, најголем раст на трошоците лани европските домаќинства имале за „информации и комуникации“ и тоа за 5,7 отсто, по што следуваат издатоците за „рекреација, спорт и култура“ и за „транспорт“ со по три проценти. Растот на трошоците за „ресторани и услуги за сместување“ на домаќинствата во ЕУ во 2024 бил 1,6 проценти и ова е единствената групација каде се бележи значително намалување на издвојувањата во споредба со претходната година, кога тие бележеа раст од речиси пет отсто. Намалување на трошоците лани се регистрирани само во секторот „алкохолни пијалаци, тутунот и наркотици“ и тоа за 2,2 отсто и кај „облеката и обувките“ за 0,6 проценти. Во овие две категории пад на трошоците, иако нешто помал, беше регистриран и во 2023 година. Според дефиницијата на ЕУ, „трошоците за финална потрошувачка на домаќинствата“ ги опфаќаат вкупните издатоци на домаќинствата за поединечни стоки и услуги. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПред Европскиот Совет предлогот за квалификувано мнозинство Предлогот за квалификувано мнозинство при одлучувањето во пристапниот процес на прв тест пред Европскиот Совет. И покрај евидентата поделеност околу прашањето кое треба во иднина драстично да го ограничи ветото, европските лидери во Брисел имаат два дена да ги доближат ставовите. Основната цел, како што најави шефицата на европската дипломатија е билатералните прашања да останат на страна. -Ќе дискутираме и за процесот на проширување. Навистина е важно да не го билатерализираме процесот на проширување. Ако го гледаме процесот на проширување како таков, Европа е многу мал континент. Всушност, треба да бидеме посилни заедно со оние земји што се во Европа. , изјави Каја Калас, висока претставничка за европска и безбедносна политика. Но, билатералните прашања во Брисел не останаа на страна. Хрватскиот премиер Пленковиќ излезе со список од осум услови за Црна Гора, кои Подгорица треба да ги исполни пред да стане полноправна членка, а се поврзани со хрватските бранители, со имотно-правниот статус на Хрватите во Црна гора и со процесуирање на воени злосторства. Пленковиќ вели досега Хрватска ja имала толеранцијата, што на пример, ја немале Грција и Бугарија кон Македонија. -Го имате примерот со Македонија, која во времето на Самитот во Загреб во 2000 година беше пред Хрватска од институционалниот аспект, пред Хрватска. Тие се уште не ги отвориле преговорите. Постојат две држави, кои од 2005-та до 2026-та ѝ зедоа 21 година иституционално приближување на Македонија во ЕУ. Хрватска не зазеде таков пристап. , изјави Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска. Црна Гора и денеска во Брисел беше посочена за најнапредна меѓу земјите – кандидатки, а по неа Албанија, Украина и Молдавија, кои наскоро ќе треба да добијат таканаречени патокази за забрзано членство. Унгарскиот премиер Маѓар порача Украина да не се става на брза лента. -Не постои таков датум (за Украина). Ако го погледнеме Западен Балкан, каде што земји чекаат по 15 години да ѝ се придужат на Унијата, така што, таа не е многу блиску до приклучување. Не веруваме во послаби или посилни членства, во пасивни или паралелни членства. Веруваме само во вистинско членство, кое (за Украина) може да потрае 15 или 20 години. , изјави Петер Маѓар, премиер на Унгарија. Еврокомесарката Марта Кос, која неодамна го презентираше предлогот за ограничување на ветото, пред два дена призна дека предлогот не е прифатен подеднакво од сите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаДо крајот на годината нема опасност за недостиг на дизел, можно е и реактивирање на ОКТА, најави МицкоскиРеактивирање на рафинеријата ОКТА е една од можностите што ја разгледува Владата во услови на глобални стравувања од недостиг на дизел.Рафинеријата не работи од 2012 година, а премиерот Христијан Мицкоски изјави дека на одржан состанок со најголемите трговци со нафтени деривати и горива, од раководството на ОКТА било побарано да ја разгледа можноста за нејзино повторно активирањее.во очекување на одговорот од ОКТА Мицкоски уверува дека снабдувањето со горива во земјава е стабилно и дека до крајот на годинава не постои опасност од недостиг на дизел. -Дадовме задача да се преразгледа можноста да се рестартира производниот процес на рафинеријата ОКТА, имајќи предвид дека продуктоводот сега е во функција, односно рафинеријата е физички поврзана со солунското пристаниште, така што може да се носи во иднина сурова нафта и во рафинеријата да се преработува и да се користи за дизел гориво. Инаку, од она кое што го имам од трговците како информација повратна е дека до крајот на годината ние немаме воопшто стравување за било какви недостатоци, напротив. Исто така, неофицијално во приватни разговори од нив ми беше потврдено дека немаат проблеми и за следната година,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Оваа изјава Мицкоски ја даде по најавата за нов инвестициски проект на германската компанија „Кромберт и Шуберт“, која во следните четири години најавУВА нови 2000 работни места во Битола. Во фабриката во индустриската зона Жабени, ќе се произведуваат делови за нов модел на „Ауди“. Со реализацијата на проектот компанијата очекува да достигне околу 10.000 вработени во Македонија, а идната година извозот од производните капацитети кај нас да надмине 400 милиони евра. Комерцијалниот директор Тренковски најави воедување на нови современи технологии, како и поголемо вклучување на домашни инженери во процесот. -Очекуваме дека ќе ги контактираме сите расположиви инженери, оператори, невработени лица коишто можеби сакаат да ја сменат работата. Доколку не можеме да ги пополниме сите работни места, во право сте дека се зголеми квотата за странци, внимателно ќе одиме и во таа насока. Значи, ние проектот веќе е одлуката падната, ќе биде во Македонија, ќе ги имаме тие работни места,- Ѓорѓи Тренковски – комерцијален директор на „Кромберт и Шуберт“. Според премиерот Мицкоски не се точни наводите дека во првите шест месеци од годинава имало намалување на странските инвестиции во споредба со истиот период лани. Повикувајки се на податоци од Народната Банка, посочува дека напротив тие се повисоки за над 50 милиони евра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрад Скопје: Новиот Луна парк ќе биде завршен до крајот на 2027 година, согласно ветениот рокСкопје ќе добие современ Луна парк, кој ќе ја врати детската смеа и ќе создаде ново место за забава и заеднички семејни моменти. По една деценија без еден од омилените простори на најмладите, Град Скопје останува посветен на реализацијата на проектот во рокот предвиден во програмата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски – до крајот на 2027 година. Новиот Луна парк е замислен како модерен забавен комплекс со разновидни содржини за различни возрасти. Покрај класичните забавни реквизити, предвидени се ролеркостер, панорамско тркало, водени атракции, интерактивни игри и зони за виртуелна реалност, кои ќе понудат целосно ново доживување за посетителите. Во однос на постапките за набавка и спогодбеното раскинување на договорот склучен по новиот тендер, Град Скопје ја информира јавноста дека станува збор за одлука со која се избегнува двојна набавка на исти реквизити и се обезбедува одговорно трошење на јавните средства. Имено, по раскинувањето на претходниот договор за набавка на реквизити, склучен во времето на градоначалникот Коце Трајановски, фирмата повела судска постапка против Град Скопје. Судската одлука во корист на фирмата, со која Градот има обврска да ги плати реквизитите, била донесена откако веќе бил склучен договорот по новиот тендер. Бидејќи новата набавка опфаќала и реквизити предвидени со претходниот договор, било решено новиот договор да се раскине спогодбено. Со тоа се спречува непотребно дуплирање на опремата и дополнително оптоварување на градскиот буџет. Оваа одлука не го менува рокот за изградба на новиот Луна парк. За еден месец ќе започне монтирањето на седумте реквизити набавени со претходниот договор, паралелно со уредувањето на просторот, за да се создадат услови овој дел од паркот да започне со работа. Со новиот тендер што дополнително ќе биде објавен ќе се набават дополнителни реквизити, меѓу кои ролеркостер и панорамско тркало, со кои ќе се заокружи понудата на забавни содржини. На овој начин, вредноста на новиот договор ќе биде помала од 10 милиони евра. Луна паркот ќе се простира на поголема површина од некогашниот, проширувајќи се и на просторот во Градскиот парк каде што се наоѓаа летните дискотеки, отстранети пред шест месеци. Ова ќе овозможи повеќе простор за нови атракции, подобра организација на содржините и попријатен престој за посетителите. Со реализацијата на овој проект, Скопје ќе добие современо место за забава, а децата простор во кој играта, радоста и фантазијата ќе бидат во центарот на вниманието. Простор за безгрижни детски доживувања, нови пријателства и спомени што ќе се прераскажуваат со години. Град СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00