ЖивотРастение кое познатите личности го користат за да ја одржат младоликоста без ботоксПодемот на социјалните мрежи ја поттикна појавата на голем број „инфлуенсери“ и познати личности, а изгледот стана еден од главните фактори за успех. Поради сè поголемата желба за младешки изглед, расте интересот за естетските третмани, како и за природните методи кои можат да ги забават знаците на стареење. Растението Acmella oleracea, познато и како Spilanthes acmella, стекна популарност како „природен ботокс“. Содржи активна супстанца спилантол, која делува така што ги опушта мускулите на лицето, намалувајќи ја појавата на фини линии и правејќи ја кожата мазна. За разлика од ботоксот, оваа состојка се користи во форма на серуми, креми и маски. Некои познати личности, како што се Салма Хајек и Кејт Мидлтон, наводно користат козметика базирана на ова растение и ја фалат неговата ефикасност. Други билки кои исто така помагаат за младешки изглед Освен Acmelle oleracea, и други растенија се користат за нега на кожата. Едно од нив е мексиканското растение Тепескохуите, познато по своите регенеративни својства. Се вели дека ова растение помага кожата да се регенерира и да изгледа поздраво. Цвеклото се споменува како растение кое ја подобрува циркулацијата и го намалува воспалението, што исто така има позитивен ефект врз изгледот на кожата. Агавата, од друга страна, содржи биоплацентален протеин, кој, кога се нанесува на кожата, ја подобрува нејзината еластичност и делува подмладувачки. Природната нега не е доволна без здрави навики Иако овие природни состојки можат да помогнат кожата да изгледа подобро, дерматолозите нагласуваат дека вистинскиот ефект доаѓа само со здрави навики: редовна физичка активност, доволно спиење и балансирана исхрана богата со свежи и хранливи намирници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПриведени функционери и вработени во „Национални шуми“ поради шверц со дрваСерија акции за сузбивање на мрежа за нелегална трговија со дрва – Директор на подружницата „Црн бор“ во Прилеп, повикан на информиративен полициски разговор поради сериозни сомнежи за незаконско постапување со дрва.Серија акции за сузбивање на мрежа за нелегална трговија со дрва – Директор на подружницата „Црн бор“ во Прилеп, повикан на информиративен полициски разговор поради сериозни сомнежи за незаконско постапување со дрва, открива заменик директорот во национални шуми Кире Михаилов. Во изјава за Канал 5, Михаилов рече дека случајот во Прилеп е последен во низа – се превезувале дрва со фалсификувани испратници, а вмешани биле повеќе луѓе на ракодовни позиции во Македонски шуми. – Оној настан којшто се случуваше во изминативе ден, два во Прилеп, кадешто се одземени две патнички товарни моторни возила кои превезувале поголема количина дрва, за која МВР утврди дека испратниците со кои се превезувале дрвата биле со несоодветна содржина или условно кажано, најверојатно на некој начин биле фалсикувани. Покрај тоа бил одземен и чекан во сосптвеност на еден наш вработен, а поради целиот овој настан, повик нан слуќбен разговор беше и нашиот актуелен раководител во Прилеп,- изјави Кире Михаилов, заменик директор во ЈП „Национални шуми“. Од МВР за Канал 5 официјално не ја потврдуваат акцијата во Прилеп, но информираат дека пред три дена била приведена вработена во подружницата на Национални шуми во велес, и тоа поа токму поради индиции за кријинал со дрва за огрев. -При контрола на терен, кај место викано „Присој“, атар на село Теово, било затекнато товарно возило „ман“ со велешки регистарски ознаки, натоварено со огревни дрва, од кои дел биле без жиг, а дел со жиг. Б.Н. и С.К. не поседувале соодветна документација, а дрвата кои биле со жиг биле обележани со службен „чекан“ кој им го дала Б.К., вработена во ЈП „Национални Шуми“, подружница „Бабуна“ Велес. Известен бил јавен обвинител, дрвата и останати предмети биле одземени. – МВР. Покрај овие кации, Михаилов открива дека во изминатите неколку денови се конфискувале 400 кубика огревни дрва од правно лице во Скопје, како и дека е приведен 65-годишен дрвокрадец од Арачиново, кој превезувал огревни дрва без документација. Сепак, и покрај овие случаи Михаилов вели дека на правната рамка за дрвокрадците допрва треба да се работи, бидејќи објаснува дека најголемиот дел од овие случаи завршуваат без судски епилог. – Многу лесно МВР ќе дојде до она што го бара – значи еве ги обезбедило испратниците, дрвата чеканот и се она што пропратно го има таму и ја завршиле приказната - луѓето биле повикани на разговор или биле приведени неколку часа, некој ден и сега се пуштени. И токму затоа добар дел од криминалците, кои што се сериозни криминалци, токму се префрлија во бизнисот со дрва,- изјави Кире Михаилов, заменик директор во ЈП „Национални шуми“ . Според зборовите на Михаилов, во изминатите седум дена во соработка со МВР биле фатени и уште неколку камиони поврзани со лица за коишто тврди дека постои сомневање дека се дрвокрадци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАнкета на „Маркет Вижн“: ВМРО-ДПМНЕ со тројно поголема поддршка од СДСМВладејачката ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од трипати поголема поддршка од опозициската СДСМ, а разликата е уште поизразена кај нивните лидери, Христијан Мицкоски и Венко Филипче. Ваква слика за партиските рејтинзи покажува последната анкета објавена од порталот МКД.мк. Според истражувањето, на следните избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 проценти од испитаниците, наспроти 5,6 проценти за СДСМ. ДУИ и ВЛЕН имаат изедначена поддршка од по 4,2 проценти, Левица четири, а ЗНАМ еден процент. Но, анкетата покажува и висок процент граѓани без јасна определба за учество на изборите. Дури 41 процент од испитаниците изјавиле дека нема да гласаат, не знаат дали ќе излезат или не сакаат да одговорат на прашањето. Значителна разлика има и во довербата кон партиските лидери. Христијан Мицкоски има поддршка од 20,4 проценти, додека Венко Филипче од 3,8 отсто. Следуваат Али Ахмети со 3,7 проценти, Димитар Апасиев со 3,4 и Изет Меџити со 2,6 проценти. Истовремено, дури 44,1 процент од анкетираните немаат доверба во ниту еден политички лидер, додека 12,5 проценти не сакале да одговорат на прашањето. Од опозициската СДСМ го оспоруваат толкувањето за убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ, тврдејќи дека споредбата со изборните резултати покажува пад на поддршката за владејачката партија. -Поддршката за ВМРО-ДПМНЕ во анкетата изнесува 19,3 проценти. СДСМ ја спореди таа бројка со околу 32 проценти на изборите и оцени дека власта губи доверба.Зборуваат за убедливо водство, а бројките покажуваат пад на поддршката, порачаа од СДСМ. Премиерот Мицкоски, пак, коментирајќи ги ниските рејтинзи на опозициските партии, оцени дека тоа е лоша вест за политичарите кои, како што рече, водат политика со лаги, клевети и измислици. Според него, таквите партии ќе продолжат да ја губат поддршката од граѓаните. „Граѓаните се свесни за перфомансите на денешната наша опозиција. И оние кои што од страна седат и само клеветат без бритоа да понудат малку помош да понудат катастрофално завршува. И оние коишто имаа 7 години можност а ја ограбија и ја уништија државата и сега единственото нешто што им останува е да измислуваат, да лажат, да клеветат итн. И тие ќе продолжат да тонат до конешно дефакторизирање од политичката сцена – изјави – Христијан Мицкоски – премиер на Македонија. Инаку, анкетата е спроведена за порталот МКД.мк од агенцијата „Маркет вижн“, во периодот од 11 до 27 септември, преку телефонско анкетирање на 1.200 испитаници. Примерокот е репрезентативен според регион, пол, возраст и етничка припадност, согласно пописот од 2021 година. Статистичката грешка изнесува три проценти, со интервал на доверба од 95 проценти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
МакедонијаМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближатДијалогот со Бугарија за деблокада на евроинтеграциите ќе продолжи, и покрај тоа што немаше успех од првата средба меѓу шефовите на дипломатиите, најавува премиерот Христијан Мицкоски. Излезот од блокадата тој го гледа преку разговор, иако не сакаше да прецизира дали има иницијатива за нова средба со соседите до декемврискиот самит на ЕУ. За досегашниот тек на преговорите премиерот вели дека се запознаени и меѓународните партнери. „ Јас се радувам што тој дијалог почна, се радувам што за дијалогот се запознаени нашите партнери. Тоа е убавината во демократијата, да разговарате кога имате различни ставови, а умешноста во демократијата е кога тие различни ставови ќе ги приближите и на крај ќе дојдете до компромис. Очекувам дијалогот да продолжи да се води и во одреден момент ставовите да се приближат и да дојдеме до решение. “Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Решението за спорот меѓу Македонија и Бугарија е во директно учество на Европската Унија, оценува поранешниот грчки премиер и министер за надворешни работи Јоргос Папандреу во интервју за МРТ. Тој вели дека е вистинска трагедија процесот да трае волку долго и смета дека ЕУ треба активо да се вклучи и за Македонија и за другите балкански земји кои долги години стојат во место, во спротивно смета дека овие процеси може да станат внатрешни проблеми на унијата. Инаку, средбата Муцунски-Чамова во четвртокот поминала во конструктивна атмосфера, но без решение за суштинските прашања. И јавно беа повторени веќе познатите пораки од официјална Софија - дека очекуваат да се исполнат преземените обврски од 2022 година, меѓу кои и промена на Уставот. Покрај ова, шефицата на бугарската дипломатија соопшти дека тие се и категотично против уставни измени со одложено дејство, но и против идејата на Брисел за воведување на квалификувано мнозинство за одлучување за земјите – кандидатки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter