Расте притисокот врз родителите на малата Тијана собраните пари да се донираат на други болни деца - Канал 5

Расте притисокот врз родителите на малата Тијана собраните пари да се донираат на други болни деца

По веста дека родителите на Тијана Огњеновиќ која почина пред три и пол месеци, ги зеле донираните 2 милиони евра за себе, расте притисокот парите да се донираат за други болни деца. Нејзиниот татко тврди дека сметката е во постапка на гасење, а прашањето за преостанатите пари ќе го реши судот во рамките на оставинска расправа.

Расте притисокот врз родителите на малата Тијана собраните пари да се донираат на други болни деца

- Дури тогаш можеме да станеме сопственици на парите и да решиме што ќе правиме со нив - вели Небојша Огњеновиќ, пишува Телеграф.рс.

Во меѓувреме, републичкото јавно обвинителство се вклучи во случајот. Ивор од обвинителството изјавил дека е покрената истрага по службена должност, за да се проверат пишувањата во медиумите. Отворањето на истрагата не се базира врз сомнеж или располагање со конкретни податоци, туку за да се проверат медиумските написи - пренесува српски Телеграф.

Во лавината негативни реакции на веста дека парите кои беа донирани за болното дете, ги зеле родителите за себе, се приклучи пеачката Сека Алексиќ, која со своите постови на Твитер ја повикува државата да реагира.

- Не сакам да верувам во оваа афера околу Тијана. Не сакам. Некој ако побара помош, луѓето треба да веруваат . Е тешко - беше првиот твит на Алексиќ.


Printskrin: Twitter/@poslednjilet
Во изјава за Курир извор од банката каде беше отворена сметката за Тијана неофицијално потврди дека парите се подигнати.

- Тие пари, околу два милиони евра, ги подигнаа Јелена и Небојша Огњановиќ пред неколку дена.Бевме изненадени од нивната постапка но не можевме да ги спречиме да ги подигнат парите од хуманитарната сметка која гласи на нивно име - рече изворот од Комерцијална банка за српски Курир.

Но таткото на Тијана тврди дека сметката е во фаза на гасење,а прашањето за преостанатите пари ќе го реши судот во рамките на оставинска расправа.

Семејството на Тијана ги негира написите дека ги зеле парите наменети за лекување на нивната ќерка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Дамата со камелии“ – раскошна балетска приказна за љубовта на 28 ноември

Изведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев.

„Дамата со камелии“ – раскошна балетска приказна за љубовта на 28 ноември

На 28 ноември со почеток во 19.30 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ – емотивна сценска приказна за љубовта, страста и жртвата, раскажана преку моќта на танцот и музиката на Џузепе Верди.

Инспирирана од познатата приказна за Маргарита и Арман, претставата ја пренесува на балетската сцена љубовната судбина на двајцата главни ликови. Музиката на Верди, препознатлива по својата мелодиска убавина и силен емоционален набој, ја надополнува драматургијата и ја продлабочува приказната за љубовта, личните жртви и општествените ограничувања.

Изведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев, еден од истакнатите руски кореографи, кој соработува со водечките балетски театри, меѓу кои „Бољшој“ во Москва и „Марински“ во Санкт Петербург. Сценографијата и костимографијата се дело на Павол Јураш од Словачка, а концерт-мајстор е Јане Бакевски.

Во главните улоги на Маргарита и Арман ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз од Шпанија, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Со раскошна сценографија, впечатливи костими, музиката на Верди и кореографијата на Василиј Медведев, „Дамата со камелии“ ја оживува безвременската љубовна приказна преку елеганцијата на балетскиот израз и силата на сценските емоции.

Национална опера и балет

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска  престојува во Атина, каде ќе учествува на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“.

Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина

Учеството на Муцунски е на покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, а состанокот ќе биде посветен на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и можностите за забрзување на нивниот пристапен процес кон Европската унија. Во Атина е Афродита Рамос.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Конституирање и прв состанок на Националниот комитет за заштита и безбедност на новинари

Искра Хаџи Василева рече дека со Здружението на новинари пред неколку години издејствувале евиднеција на предмети со новинари која претходно била отежната.

Конституирање и прв состанок на Националниот комитет за заштита и безбедност на новинари

Формирање на националниот комитет за заштита и безбедност на новинари е со цел системско унапредување на правата на новинарите и нивна безбедност, ова утринава го изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски , на првиот состанок на Националниот комитет. Споед него обврска на државата е де се обезбедат услови за работа на новинарите , без страв од закани. Јавната обвинителка за гонење организиран криминал и корупција Искра Хаџи Василева рече дека со Здружението на новинари пред неколку години издејствувале евиднеција на предмети со новинари која претходно била отежната

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер