Расте интересот за сместување во старски домови, потребен дополнителен простор и кадар - Канал 5

Расте интересот за сместување во старски домови, потребен дополнителен простор и кадар

Стареењето е природен процес. 

Расте интересот за сместување во старски домови, потребен дополнителен простор и кадар

Во услови кога младите имаат сѐ подинамичен живот и голем број обврски, а сѐ помалку слободно време, повозрасните имаат потреба од згрижување во старски домови. Но, иако во државата постојат државни и приватни установи, а во најава се и нови, расте интересот за сместување во старски домови - потребен е дополнителен простор и кадар.

- Во сите јавни и дел од приватните установи за сместување стари лица има листи на чекање, наведуваат од Министерството за социјална политика, демографија и млади, на прашање од МИА колку лица имаат потреба од старски домови, а нема можности да бидат сместени и има ли листи на чекање.

Оттаму потврдија дека има потреба од вработувања во старските домови.

- Има недостиг од соодветен стручен кадар за опслужување на постоечките установи за сместување на стари лица од социјални работници, медицински сестри и негуватели, истакнаа од Министерството.

Вкупниот сместувачки капацитет во јавните установи е 676 легла. Покрај сместување на старите лица во јавни установи, сместување обезбедуваат и 38 приватни домови. Вкупниот сместувачки капацитет во приватни установи изнесува 1.609 легла. Од постоечките приватни установи за сместување стари лица, најголем дел се во Скопје.

Од Министерството потсетија дека како држава, располагаме со пет јавни установи за сместување стари лица. ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември“, Оддел „Мајка Тереза“ - Скопје има капацитет од 111 легла, ЈОУ Дом за стари „Зафир Сајто“ - Куманово, 197 легла, а ЈОУ Дом за стари „Киро Крстески Платник“ - Прилеп, 150 легла. ЈОУ Дом за стари „Сју Рајдер“ - Битола располага со 150 легла, а Општинската Јавна установа за социјална заштита на стари лица „Д-р Иван Влашки“ - Берово, има 67 легла.

Изминатата 2025 година било направено проширување на сместувачкиот капацитет во Берово за уште 28 корисници.

- Министерството има склучени договори за соработка со Општина Пробиштип за адаптација и пренамена на крило на Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Дом за стари лица, 54 корисници и Општина Кавадарци за изградба на дом за стари лица, 57 корисници. Со Општина Крива Паланка во постапка е издавање на одобрение за реконструкција, пренамена и адаптација на Ученички дом „Боро Менков“ во дом за стари лица, 20 корисници, откако општината ќе ги обезбеди потребните документи. Со Општина Кратово - изготвен е нов идеен проект за реконструкција на постоечки објект во дома за стари лица, 35 корисници, доставен е до Министерството за разгледување, информираа од Министерството за МИА.

Оттаму нагласија дека секоја година, Министерството за социјална политика, демографија и млади објавува јавен повик на кој може да аплицираат сите заинтересирани општини што имаат потреба за изградба, доградба, реконструкција и адаптација на објекти за воспоставување на услуги и зголемување на капацитетите кај постоечките даватели, вклучително и капацитети за престој на стари лица.

На прашањето, има ли проблеми при функционирањето на старските домови, кои се тие проблеми и како се надминуваат, од Министерството посочуваат дека установите за сместување на стари лица - јавни и приватни, се соочуваат со предизвикот на обезбедување соодветен стручен кадар: социјални работници, медицински сестри и негуватели потребни за непречено функционирање на објектите.

Се интересиравме за тоа како се движат цените за сместување во старските домови.

- Цените за сместување во јавни установи за вонсемејна социјална заштита на стари лица се движат од 10.900 денари до 25.800 денари во зависност од здравствената состојба на корисникот, споделија од Министерството.

Прашавме, каде се наоѓа државава, споредбено со регионот и светот, кога е во прашање обезбедувањето услови за сместување стари лица во старски домови.

- Со институционалното сместување во Република Северна Македонија, опфатени се 0,5 проценти од вкупниот број стари лица, во однос на европските стандарди кои препорачуваат да бидат опфатени 3-5 отсто од старите лица, одговорија од Министерството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 9. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за понеделник, 9. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 9. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Би можеле да се најдете на малечка вага меѓу чувствата и должностите. За среќа, набргу ќе го препознаете вистинскиот пат.

Кариера

Денеска не влегувајте во расправии, а доколку може, ниту разговарајте со шефовите , зашто тие ќе мислат едно , а вие сосема друго.

Здравје и совет

Обидете се да бидете полежерни.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Некои денеска ќе ја покажат својата сентиментална нишка, а тоа малку ќе ја збуни личноста која ве сака. Таа ќе очекува да бидете поцврсти.

Кариера

Според вашите идеи би можело да се покрене еден проект , но во сето тоа има и доста заблуди.

Здравје и совет

Разделете ја реалноста од фантазијата.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Повторно ќе станете онаа позната заводлива личност , која предизвикува внимание каде и да се појави. Ќе проивлечете доста внимание на забавите што се пред вас.

Кариера

Ќе решавате мали финансиски проблеми и ќе најдете решение. Во нив ќе има и тактика и претприемништво во исто време.

Здравје и совет

Внимавајте на грлото.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Зближувањето со саканата личност дава резултати , па денеска ќе дадете се од себе така да остане.

Кариера

Малкумина ќе се решат да вложат средства во вашите напредни идеи , поради што се чувствувате по малку осамени.

Здравје и совет

Честопати сте пред своето време. Искористете ја предноста.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Колку ќе имате потреба за нежност, толку ќе имате и за грубости. Ќе бидете во подвоена состојба.

Кариера

Повеќето од работите што ќе ги преземете , ќе вродат со плод , а вие ќе имате многу причини за задоволство.

Здравје и совет

Бидете трпеливи во љубовта.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Поради празнината што ја чувствувате , ќе се трудите да бидете што пољубезни , но ќе се препознае дека тоа не е природно.

Кариера

Во договорите и преговорите ќе бидете склони на другите да им го препуштите главниот збор , дури и тогаш кога ќе бидете во право.

Здравје и совет

Искреноста е доблест.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Тешко денеска ќе го разберете партнерот зашто кон вас ќе се однесува на моменти мирно , а на моменти налутено. Подгответе се за тоа.

Кариера

Она што сте го замислиле нема да се развива според планот. Потребно е поголемо разбирање за другите и почеток на сериозна соработка.

Здравје и совет

Бидете искрени кон себеси и кон другите.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Пред вас е прекрасен ден за секој вид дружење , воспоставување на нови контакти и за ширење на хоризонтите. Искористете го тоа.

Кариера

Доколку имате работа што вклучува односи со луѓе , ќе ви биде убаво. Во другите дејности ќе барате друштво.

Здравје и совет

Почитувајте ги другите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе ги заборавите непотребните грижи и ќе се обидете да се концентрирате на она што мора да се решава во односите. Нема веќе да се збунувате.

Кариера

Вашиот позитивен став ќе ви донесе поен повеќе во договарањето на работите. Ќе го употребите и својот шарм.

Здравје и совет

Не сте на трка . Опуштете се.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Посветеноста кон љубовните тајни ќе доведе до едно интересно откритие , кое ќе ве заинтригира.

Кариера

Во предложената работа со пријателите немојте да бидете попустливи , зашто и покрај добрите намери , ќе бидете во загуба.

Здравје и совет

Утре ќе биде сосема поинаку. Бидете трпеливи.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе се потпирате на вашето шесто чуло. Тоа ќе ве поттикнува за подобро да соработувате со другата страна.

Кариера

Ништо нема да ви биде премногу, нити премалку. Токму вие ќе бидете онаа личност , која работите ќе ги доведете во рамнотежа.

Здравје и совет

Понекогаш ви е од се преку глава. Поминете го денот осамени.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Пред вас е квалитетен ден во кој ќе ги игнорирате повремените мали нервози и со љубов ќе ги победувате.

Кариера

На цврстите темели вие почнувате да развивате нов долгорочен план на дејности кои имаат иднина.

Здравје и совет

Ја одржувате добрата форма.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Љубомир Гајдов

 Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана Тасева

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер