Расте бројот на заразените од грип - Канал 5

Расте бројот на заразените од грип

Расте бројот на болни од грип. За една недела потврдени се нови 1.412 случаи заболени со грип и заболувања слинчни на грипот.

Расте бројот на заразените од грип

За 34 проценти повеќе во однос на претходната недела. Но во однос на минатата година бројот на болни од грип е пониска оваа година.

Од новозаболените, 848 лица се на возраст од 15 до 64 години. Во 251 случај станува збор за деца на возраст од пет до 14 години. Најмногу болни има во Скопје, Кавадарци и Куманово. Засега нема посебни мерки за заштита од грипот. Болните да останат да домашно лекување, и да носат маска кога одат во јавни установи. Во сезоната 2024/2025 вкупниот број на случаи на грип – заболувања слични на грипот изнесува 3.820“, појаснија од Институтот.

Во најновиот извештај на ИЈЗ во делот на пренесливи болести има 381 со цревени заболувања, седум случаи со сифилис, а само во декември бил потврден вирусот на ХИВ кај двајца. Еден починал од СИДА кој бил потврден дека е носител на ХИВ/СИДА во Ноември.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Најубавата жена на светот го покажа своето лице без шминка

Манекенката Бела Хадид уште еднаш покажа дека нема проблем да се покаже во целосно природно издание пред своите следбеници. 

Фото: Најубавата жена на светот го покажа своето лице без шминка

Таа објави фотографија без шминка на социјалните мрежи, а нејзиниот опуштен изглед ги воодушеви многумина – можеби се обиде да го сврти вниманието од приказната за нејзиното наводно ново момче.

Сепак, не е само лицето без шминка она што привлекува внимание.

Во последните месеци, Бела очигледно експериментира со својот моден израз и сè повеќе се оддалечува од препознатливиот каубојски или вестерн-стил, кој долго време беше нејзин заштитен знак.

Бела беше синоним за каубојски шапки, кожни парчиња, реси, широки ремени, тексас и чизми инспирирани од Дивиот Запад.

Нејзиниот стил особено се промени откако стапи во врска со професионалниот каубој Адан Бануелос, а вестерн-естетиката стана речиси нејзин моден заштитен знак.

Сега, со фотографија без шминка и сè поизразено враќање кон поедноставни модни парчиња, се чини дека Бела е подготвена да ја остави зад себе својата „каубојска ера“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Серафимовски оствари средба амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра Дрекслер

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денес се сретна со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра Дрекслер.

Министерот Серафимовски оствари средба амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра Дрекслер

Во фокусот на разговорот беа модернизацијата на земјоделското производство, примената на современи технологии, приспособувањето кон климатските промени и усогласувањето со европските стандарди. Од двете страни беше истакната важноста на размената на знаење и искуства како основа за зголемување на конкурентноста на земјоделство.

„Германското искуство покажува дека продуктивноста и одговорниот однос кон природните ресурси можат да се развиваат компатибилно, односно унапредувањето на земјоделството не мора нужно да биде на штета на природата. Овие искуства се корисни и затоа нашата намера е да ги преточиме во практични решенија што ќе донесат повисок квалитет, поголема отпорност на производството на климатските промени и конкретна корист за земјоделците“, истакна министерот Серафимовски.

Министерот Серафимовски ги претстави приоритетите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои се насочени кон зголемување на домашното производство, подобрување на квалитетот и пласманот на земјоделските производи, порационално користење на водните и шумските ресурси и создавање поодржлива економска перспектива за руралните средини.

На средбата посебно внимание беше посветено на можностите за експертска и институционална соработка, поврзување на релевантните институции и стопански субјекти, како и отворање простор за идни иницијативи во областа на иновациите, преработувачката индустрија, развојот на руралната економија и извозот на македонско вино.

Од страна на министерот Серафимовски и амбасадорката Дрекслер беше потврден заедничкиот интерес за продолжување на дијалогот и за препознавање на нови конкретни области во кои македонско-германската соработка може да добие дополнителна развојна содржина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Борозан: Власта под радарот турка дата центри за профит - ги става во ризик водата, струјата и земјоделството

Власта на Мицкоски и ВМРО-ОКГ под радарот и зад грбот на народот турка проекти за дата-центри кои можат директно да ги загрозат водата, струјата и македонското земјоделство.

Борозан: Власта под радарот турка дата центри за профит - ги става во ризик водата, струјата и земјоделството

Освен во Пехчево, веќе објавивме дека компанија соопштила јавно дека за дата центри во Македонија добила капацитет на струја од 100 мегавати и директен пристап до реката Вардар за ладење од страна на Владата.

За ова владата нема ништо нема соопштено.

Се прават дилови за профити додека се крие од јавноста какви обврски се преземаат и како овие проекти ќе влијаат врз природните, енергетските ресурси во државата и земјоделието.

Овие дата-центри трошат огромен капацитет на струја.

Поради тоа што струјата ќе се троши повеќе, ќе има поголем увоз од странство.

А сите знаеме кој профитира од зголемениот увоз на струја.

Што ќе значи ваквата потрошувачка за цената на струјата за граѓаните? Колку ќе ги чини?

Кој гарантира дека граѓаните нема да плаќаат повисока цена за струјата за некој друг да прави огромни профити?

Понатаму, прашањето е и за огромната количина на вода која што ќе ја користат дата-центрите, кои што Организираната криминална група на ВМРО ги турка под радар за профит.

Кој гарантира дека земјоделците нема да останат без вода за наводнување заради дата-центрите?

Земјоделскиот сектор и земјоделците се целосно запоставени, сега им следи нов удар поради тоа што водата ќе биде пренасочена за ладење на дата-центри?

Штом сето ова се турка без отворена и транспарентна постапка пред граѓаните јасно е дека целта е дебели профити за Организираната криминална група, врз грбот на народот.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Маја Борозан

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер