Расте бројот на заразени во Лос Анџелес,властите ги обвинуваат Лејкерси

Областа Лос Анџелес во последните неколку недели бележи зголемување на случаите на коронавирус, а локалните здравствени власти делумно ги обвинуваат ЛА Лејкерс.

Во округот Лос Анџелес на почетокот на месецот, просекот бил нешто помал од 1.000 нови случаи на ден, минатата недела се искачи на скоро 1.200, по што е заклучено дека е поврзано со крајот на сезоната во НБА и прославата на титулата на Лејкерс на улиците. Сезоната заврши на 11 октомври со победата на Лејкерс над Мајами Хит со 4-2 во балонот на Дизни Ворлд близу Орландо.

„Невозможно е да се утврди која точно изложеност придонесе за ова зголемување, но многу веројатно е дека е поврзана со собирите на кои луѓето ги гледаа натпреварите и оние на прославата на титулата пред неколку недели кога луѓето не носеа маски и кога беа во близок контакт“, стои во соопштението од Одделот пренесена од USA Today.

Одделот исто така изрази загриженост за крајот на сезоната во бејзбол. ЛА Доџерс водат со 3-2 во последната серија против Тампа Беј Рејс и вечерва може да стигнат до титулата, што ќе резултира со нови собири за славење и дополнително ширење на епидемијата.

Шпанскиот крал во самоизолација поради ризичен контакт

Шпанскиот крал Фелипе VI се самоизолирал откако стапил во контакт со лице кое имало позитивен тест на Ковид-19, објави палатата.

„Лицето со кои бил во контакт вчера денес е позитивно на Ковид-19“, се наведува во соопштението од кралската палата во кое се додава дека 52 годишниот крал ги суспендирал сите службени актривности на 10 дена.

„Согласно здравствените правила, тој 10 дена ќе помине во превентивен карантин“, се вели во сооштението, пренесе „АФП“.

Кралицата Летиција и ќерките на кралскиот пар Леонор и Софија ги продолжуваат своите активности.

Престолонаследничката Леонор (15) помина две недели во самоизолација во септември, откако беше откриена инфекција со Ковид-19 меѓу нејзините колеги. Подоцна таа била негативна.

Шпанија е меѓу најтешко погодените земји од пандемијата на коронавируси со повеќе од 1,5 милиони заразени и над 43.000 смртни случаи.

Трамп на кратко се појавил пред новинарите, не зборувал за изборите

Многу сум возбуден за тоа што се случува на полето на развојот на вакцината против Ковид-19, рекол Трамп.

Претседателот на САД Доналд Трамо денес на кратко се појави на конференција за новинари во Белата Куќа и не проговорел ниту збор за изборите, пренесе сајтот „ Politico“.

Индустрискиот индекс на Њујоршката берза Дау Џонс денес скокнал за повеќе од 500 поени, надминувајќи ја границата од 30.000 бодови, за што говорел и Трамп.

-Тоа се свети бројки. Никој не помисли дека некогаш ќе се видат тие бројки, рекол кратко Трамп, пренесе „Танјуг“.

Претседателот на САД не одговарал на новинарски прашања, а едиствено ја прокоментирал вакцината против Ковид-19.

- Многу сум возбуден за тоа што се случува на полето на развојот на вакцината против Ковид-19. Тоа е апсолутно неверојатно, рекол Трамп.

Видео: Младоженец случајно ја удри невестата и ја уништи венлавката

Еден младоженец случајно ја уништи сопствената венчавка кога ја удрил со нога својата сопруга директно во лице додека изведувал танц за неа.

Овој невообичаен танц кој младоженецот Адам Гаудет реши да и го приреди на неговата сопруга Микаела заврши неочекувано. Тој ја удри во лица и на тој начин ја уништи соспствената свадба.

Тие се решиле да го споделат видеото на социјалната мрежа Тик Ток под наслов „Како мојот сопруг ја уништи нашата венчавка“ каде што тоа стана вирално.

притисни ентер