ЗдравјеРасте бројот на заразени од Ковид-19 во Косово, двајца починати и 177 нови случаи од 14-19 авгуСпоред Институтот, од 14 до 19 август 177 лица резултирале позитивни, додека двајца починале.Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК) објави денеска дека, врз основа на анализата на епидемиолошката состојба во земјата, има зголемување на случаите на КОВИД-19 во примероците тестирани во последните денови, со доминација на респираторните симптоми меѓу заразените, јави дописникот на МИА од Приштина. Според Институтот, од 14 до 19 август 177 лица резултирале позитивни, додека двајца починале. „Во периодот од 14 до 19 август 2024 година, во ИКШПК се пријавени 400 тестови за САРС КОВ-2, од кои 177 случаи биле позитивни, додека Инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косоцо (ЌКУК) во овој период пријавила 2 смртни случаи од КОВИД-19. ИКШПК повторува дека вакцинацијата продолжува да биде ефикасна заштитна мерка, особено од најтешките облици на болеста и поради слабеењето на имунитетот со текот на времето, се препорачува да се вакцинираат лицата со поголем ризик и хронични заболувања, се вели во соопштението на ИКШПК. ИКШПК препорача одржување на хигиената, особено на рацете, избегнување контакт со заразени лица, избегнување големи собири и особено оние во затворени простории. Исто така, побарано е да се зголеми внимателноста од страна на здравствените работници, со цел да се заштити здравјето на граѓаните и да се спречат инфекциите. ИКШПК побара да се почитува носењето маски и друга заштитна опрема, како и намалување на посетите на членовите на семејството во здравствените установи кои се занимаваат со третман на случаи со КОВИД-19. Амбулантските и хоспитализираните случаи на ШСКУК се препорачуваат да бидат анализирани од лекарскиот совет. Се препорачува луѓето со симптоми да се тестираат и лицата со намален имунитет да се ревакцинираат. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
МакедонијаПретседателот Гаши на Европска конференција на претседатели на парламенти во РимПретседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, ќе учествува на Европската конференција на претседатели на парламенти, која на 15 и 16 октомври 2026 година ќе се одржи во Рим, Италија. Конференцијата се одржува под покровителство на Парламентарното собрание на Советот на Европа и одбележува 50 години од одржувањето на првиот ваков собир во Рим, во 1975 година. На овој форум на високо ниво, претседателите на парламентите ќе разменат мислења за предизвиците со кои се соочуваат демократските институции, влијанието на технолошкиот развој врз општествата и пазарите на трудот, како и за улогата на парламентите во зајакнувањето на меѓународната соработка и изнаоѓањето одговори на современите кризи. Во рамките на Конференцијата ќе се одржи и посебен состанок на генералните секретари на парламентите, на кој ќе учествува и Марина Димовска, генерална секретарка на Собранието. Дневниот ред на состанокот предвидува дискусија за транспарентноста, интегритетот и етиката како клучни предуслови за обновување и зајакнување на довербата на граѓаните во парламентите. Европската конференција на претседатели на парламенти се одржува на секои две години и на неа учествуваат претседатели на парламентите од 46-те земји членки на Советот на Европа, како и делегации од државите со статус на партнери и набљудувачи, како и претставници на меѓународните парламентарни собранија. Педесет години по првиот собир во Рим, Конференцијата ќе биде можност повторно да се потврди суштинската улога на парламентите во зачувувањето на демократијата, обезбедувањето отчетност, справувањето со новите предизвици и зајакнувањето на меѓународната соработка од која зависат мирот, стабилноста и владеењето на правото.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Ламин Јамал коментираше слика на својата девојка и го збуни светот!Светската фудбалска ѕвезда, младиот ас на Барселона, Ламин Јамал, веќе неколку месеци е во врска со шпанската инфлуенсерка Инес Гарсија.Светската фудбалска ѕвезда, младиот ас на Барселона, Ламин Јамал, веќе неколку месеци е во врска со шпанската инфлуенсерка Инес Гарсија, па покрај тоа што е во центарот на вниманието поради успесите на теренот, тој редовно е и предмет на јавни коментари поради својот љубовен живот. Сега, коментарот што тој ѝ го остави на девојката под нејзината објава привлече уште поголемо внимание, а пораката набрзо стана тема на разговор меѓу неговите фанови. „Мојата сопруга, мојата ѕвезда“, напиша Јамал, а фановите различно ги протолкуваа неговите зборови. Додека некои сметаат дека неговата врска со Инес станала посериозна, вниманието на другите го привлече мистериозниот збор „жена“ и тие се прашуваат што сакал да каже со тоа – дали најавува скорешна свршувачка или свадба? Сепак, нема одговор ниту од фудбалерот, ниту од инфлуенсерката, па очигледно е дека Џамал едноставно сакал да биде романтичен и да му покаже на светот колку Инес му значи. Тагови: Ламин Јамал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАХВ: Запленети два тони храна на зелениот пазар во ЧентоПри контролата било утврдено дека храната се продавала надвор од местата предвидени за таа намена во рамки на пазарот, во нехигиенски услови, со што се зголемува ризикот за нејзината безбедност и за здравјето на потрошувачите. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во соработка со Комуналната инспекција на Град Скопје и Државниот пазарен инспекторат, денес спроведе вонредна инспекциска контрола на зелениот пазар во скопската населба Ченто, при што запленети се околу два тони небезбедна храна од различен вид. Контролата беше насочена кон проверка на условите под кои се продава храната, како и почитувањето на законските прописи за нејзино безбедно складирање и промет. При контролата било утврдено дека храната се продавала надвор од местата предвидени за таа намена во рамки на пазарот, во нехигиенски услови, со што се зголемува ризикот за нејзината безбедност и за здравјето на потрошувачите. Запленетата храна е отстранета од промет и нештетно уништена, а надлежните инспекциски служби ќе продолжат со преземање мерки во согласност со своите законски надлежности. Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжи со спроведување на засилени инспекциски контроли, самостојно и во координација со другите надлежни институции, со цел заштита на здравјето на граѓаните и обезбедување безбедна храна на пазарот. АХВ апелира до сите оператори со храна да ги почитуваат законските обврски и да обезбедат соодветни хигиенски услови при ракувањето, чувањето и продажбата на храната. Безбедноста на храната и заштитата на здравјето на потрошувачите остануваат приоритет во работењето на Агенцијата за храна и ветеринарство.Тагови: АХВ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook