3По моштите на Самоил, во Бугарија пристигна и чесната глава на Св. Климент – коинциденција или тенденција?
Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството
2Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството
СветРасте бројот на загинати во Непал- најмалку 98 загинати и над 400 исчезнати, меѓу кои најмногу странци (ВИДЕО)Во катастрофалните поплави на границата меѓу Непал и Кина загинаа најмалку 98 лица, а стотици се водат како исчезнати, соопшти непалската влада .Непалските власти пријавија најмалку 95 смртни случаи и 403 исчезнати, вклучувајќи 341 странци, според францускиот „Ле Монд“. Кинеските власти соопштија дека прелиминарните бројки покажуваат дека бројот на жртви е три, а 265 се водат како исчезнати, објавија кинеските државни медиуми. Спасувачките операции се во тек од двете страни на границата. „Во овој момент, потврдени се 95 смртни случаи“, изјави портпаролот на непалската полиција, Аби Нарајан Кафле. Првичниот извештај го објави бројот на жртви на 19. Непалскиот туристички одбор соопшти дека 384 патници се водат како исчезнати, вклучувајќи 93 Непалци и 291 странски државјани. Националноста на 111 странци сè уште не е утврдена. Од преостанатите 180 исчезнати, 142 се Индијци, 17 Малезијци, 12 Британци, четворица Јужноафриканци, тројца Американци, еден Австралиец и еден Холанѓанец. Непал, сместен во срцето на Хималаите, е популарна туристичка дестинација за планинари и алпинисти од целиот свет. „Ве молам за трпение. Владата е целосно посветена на спасувачките операции, медицинската помош, како и на вашиот сместување и храна. Соочени со ваква катастрофа, сите мора да останеме обединети“, изјави непалскиот премиер Балендра Шах во соопштение објавено на социјалните мрежи. ЕУ го активира сателитскиот систем за следење Европската унија го активираше својот сателитски систем за следење Коперник за да помогне во мапирањето на погодените области во Непал и да ги поддржи спасувачките операции, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. „Подготвени сме да обезбедиме дополнителна европска помош“, додаде таа. Снимките објавени од непалската полиција покажаа огромни количини вода како течат низ речното корито и ги однесуваат куќите. Фотографиите од агенцијата Франс-прес покажаа само горниот кат од една куќа како штрчи од калта. Полицијата, исто така, објави снимки на социјалните мрежи од огромен бран што се урива низ долина на Хималаите, во област што се граничи со Кина. Поплавите го погодија Сијабрубеси, почетната точка на познатото патување Лангтанг, како и други области што ги посетуваат патниците на хиндуистичкото поклонение на Каилаш Мансаровар. Непалската армија соопшти дека испратила војници и хеликоптери во областа. A horrific scene of severe flooding at the Rasuwagadhi border point on the Nepal-Tibet border. The strong currents wreaked havoc across the area, leaving 400 pilgrims and 105 Indian tourists also missing in the Nepal floods.#NepalFloods #Nepal #Rasuwa #FlashFlood #Floods pic.twitter.com/dwAX12Gj7l — Ravi Pandey🇮🇳 (@ravipandey2643) August 26, 2026 Кинеската новинска агенција Синхуа претходно објави „бројни жртви и исчезнати лица“ на граничниот премин Гиронг во кинескиот регион Тибет. Тоа е голем копнен премин меѓу двете земји. Снимките од кинеската државна телевизија CCTV покажаа надојдени води што носеа гранки и остатоци, како и поплавен пат. „Апсолутен приоритет е да се мобилизираат сите ресурси за пронаоѓање и спасување на исчезнати лица, евакуирање и преместување на населението во опасност, брзо лекување на повредените и намалување на бројот на жртви“, рече кинескиот претседател Си Џинпинг, објави Синхуа.Тагови: Непал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОЈО: Истрага за проневера во службата против финансиски раководителки во АД Државна лотаријаОЈО донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршителки сториле кривично дело- Проневера во службата од член 354 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршителки сториле кривично дело- Проневера во службата од член 354 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Во текот на цела 2024 година, првоосомничената на позиција директор на Секторот за финансии и сметководство и второосомничената како шеф на финансиски работи во АД за приредување игри на среќа Државна Лотарија на Република Македонија, вршејќи ги нивните посебни овластувања и должности определени со закон, заедно учествувале во дејствија на извршување на кривичното дело проневера со намера да прибават за себе противправна имотна корист. Тие присвоиле пари доверени во службата во значителен износ од 79.989.444 денари. Како овластени лица за подигнување на готовински средства наменети за исплата на мали добивки и лица задолжени за прием и уплата на дневниот промет остварен од сопствени продажни места на друштвото, тие целокупниот дневен промет за 2024 година кој им бил доверен од продажните места на АД Државна Лотарија на РМ, не го уплатиле и не го депонирале на трансакциските сметки на друштвото во деловните банки, туку го присвоиле за себе. Дополнително, од банкарските сметки на АД Државна Лотарија на РСМ подигале парични средства кои исто така ги присвојувале за себе. Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од криење и бегство, постои основан страв дека осомничените ќе ае обидат да ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело, како и особени околности кои укажуваат дека ќе ја попречуваат кривичната постапка со влијание врз сведоците, вештаците, соучесниците или прикривачите, но и околности што упатуваат на можноста да го повторат кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двете осомничени.Тагови: ОЈО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСо градежна механизација урнати дел од тезгите на Бит пазар Неполн ден откако се промени описот на скопски Бит-пазар, местото кадешто се урнаа објекти и тезги е веќе ограден со тараби и подготвен за нова градба.На терен има тешка механизација, но засега нема официјални информации кој ги урнал објектите и дали на нивно место ќе се гради нешто, како што се шпекулира во јавноста.Станува збор за првите тезги долж булеварот „Цветан Димов“, на потегот од Центар кон Чаир. Земјиштето е во приватна сопственост, а засега не се соопштува причината за отстранувањето на тезгите. Од Општина Чаир најавуваат повеќе информации, додека Град Скопје посочува дека случајот не е во нивна надлежност. Во меѓувреме, останатиот дел од Бит-пазар функционира непречено. Меѓу вработените на пазарот има незадоволство и револт, а дел од нив не сакаат јавно да ја коментираат ситуацијата. Дополнително, само неколку дена претходно, во непосредна близина, Град Скопје со повеќе институции спроведе акција за отстранување на дивите тезги на потегот од Бит-пазар кон „Мавровка“. Тогаш беа запленети околу 500 килограми храна, а за нелегалните препродавачи беа најавени и казни. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПо моштите на Самоил, во Бугарија пристигна и чесната глава на Св. Климент – коинциденција или тенденција?Со литиска поворка и црковни почести, во катедралниот храм „Св. Николај“ во Стара Загора свечено беа пречекани дел од моштите за кои од Софија се тврди дека се дел од чесната глава на свети Климент Охридски.Според бугарските медиуми, реликвијата пристигнала од грчкиот манастир „Св. Јован Крстител“ во близина на Верија, како дел од меморандумот за разбирање меѓу Бугарија и Грција за взаемно предавање историски предмети од значење. Настанот доаѓа само еден ден по трансферот од Грција во Бугарија на останките за кои бугарската страна тврди дека му припаѓаат на цар Самуил. Но, во период кога историското и црковното наследство повторно стануваат дел од регионалната дипломатија, се отвора прашањето дали овие два настани треба да се гледаат изолирано или како дел од бугарската црковна историографија која со децении се обидува да го присвои наследството на средновековната Охридска црковна традиција. За професорката Наташа Котлар не е случајно што теми поврзани со личности длабоко втемелени во македонската историска и духовна традиција повторно се отвораат од страна на Софија. -Ако се тангира историјата, бидејќи историјата е еден од најважните моменти во градењето на еден народен па и национален идентетите, покрај религијата и културата тоа значи директна негација на македонскиот целокупен идентитет, историскиот а посебно културниот. Ако тоа негирање е во функција тоа значи дека ништо не е случајно, и дека на просторот сме исправени пред сериозен офанезивен фронт, отворен за негација пред се за македонскиот целокупен идентитет и ние треба да ги градиме постапките во таа насока – вели - Наташа Котлар – Професорка. Охридската Архиепископија претставува клучен дел од историскиот идентитет врз кој се повикува и денешната МПЦ-ОА а најголемиот дел од неговите мошти се чуваат во манастирот „Св. Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, каде што се наоѓа и неговиот гроб. И свети Климент Охридски и цар Самуил се дел од веќе усогласените препораки на Заедничката македонско-бугарска историска комисија за заедничко чествување. Комисијата препорача двете држави заеднички да го негуваат споменот на свети Климент, а и чествувањето на цар Самуил да се одвива во духот на добрососедството. Такво заедничко одбележување на свети Климент веќе имаше во декември 2022 година каде тогашниот македонски министер за надворешни работи Бујар Османи и неговиот бугарски колега Николај Милков заеднички положија цвеќе пред споменикот на свети Климент Охридски во Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00