Расте бројот на загинати во бомбашкиот напад во џамија во Сирија, напаѓачите во бегство (ВИДЕО) - Канал 5

Расте бројот на загинати во бомбашкиот напад во џамија во Сирија, напаѓачите во бегство (ВИДЕО)

Во бомбашки напад врз џамија во сирискиот град Хомс за време на петочната молитва загинаа најмалку шест лица, а 21 се повредени, соопштија властите.

Расте бројот на загинати во бомбашкиот напад во џамија во Сирија, напаѓачите во бегство (ВИДЕО)

Сириската државна новинска агенција SANA објави фотографии на кои се гледа крв на теписите на џамијата, дупки во ѕидовите, скршени прозорци и штети од пожар, пренесува ABC News. Џамијата „Имам Али ибн Аби Талиб“ се наоѓа во претежно алавитската област во населбата Вади ал-Дахаб во Хомс, третиот по големина град во Сирија.

SANA, повикувајќи се на безбедносен извор, соопшти дека прелиминарните истраги покажале дека во џамијата биле поставени експлозивни направи. Властите трагаат по напаѓачите, а околу џамијата е поставен безбедносен кордон, соопшти сириското Министерство за внатрешни работи.

Растечки тензии во земјата

Тензиите се зголемија во неколку делови од Сирија во последните недели, бидејќи долгогодишните секташки, етнички и политички поделби продолжуваат да ја дестабилизираат земјата дури и откако се смирија борбите од голем обем.

Земјата доживеа неколку бранови на секташки конфликти откако претседателот Башар Асад беше соборен минатата година од бунтовниците предводени од исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам, предводена од сегашниот привремен претседател Ахмад ал-Шара.

Асад, и самиот алавит, избега од земјата за Русија. Членовите на неговата секта се соочија со прогон. Во март, заседа од страна на поддржувачите на Асад врз безбедносните сили предизвика денови на секташки напади во кои загинаа стотици луѓе, претежно алавити.

Судирите избувнаа спорадично во понеделникот меѓу сириските владини сили и борците предводени од Курдите, Сириските демократски сили, во мешани населби во северниот град Алепо, принудувајќи привремено затворање на училиштата и јавните објекти и испраќајќи ги цивилите да бараат засолниште. Доцна навечер, двете страни објавија прекин на огнот поради напорите за деескалација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанската енклава Сеута преплавена од илјадници мигранти

Новиот бран мигранти од Мароко ја стави Шпанија пред една од најголемите гранични кризи во последните години. 

Шпанската енклава Сеута преплавена од илјадници мигранти

Околу 49 илјади луѓе за само 24 часа ја преминале границата кон шпанската северноафриканска енклава Сеута, соопшти шпанското Министерство за внатрешни работи. Најмалку 18 лица го загубија животот при обидот да стигнат до шпанскиот брег, најголем дел од нив по давење во морските води.

Сцените од Сеута прикажуваат илјадници мигранти кои пливаат кон брегот, пеш се движат покрај граничната линија или се обидуваат да ги заобиколат заштитните огради. Масовните преминувања продолжиле и во текот на ноќта, создавајќи силен притисок врз градот со околу 85 илјади жители, каде бројот на новопристигнати за само еден ден надмина половина од локалното население.

-На почетокот на Кастиљехос поминав низ песоток, а потоа се искачив преку ѕид што и припаѓа на мароканската полиција. Потоа ја поминав границата пливајќи. Испливав околу 200 метри во морето и тоа беше се,- изјави - Мигрант од Мароко кој стигнал во Шпанија.

Шпанските власти испратија дополнителни полициски и воени сили за обезбедување на граничниот појас, а премиерот Педро Санчез најави посета на Сеута за да ја координира состојбата на терен.

-Ова е срамота, навистина. Едноставното решение што го гледаме е Шпанија да го направи она што го прави Доналд Трамп и да започне со депортирање на луѓето. Пред се, треба да ја распореди морнарицата на границата за да спречи кој било да помине. Ако ова вше срамота во 2021 година, сега е уште полошо. Те молам, Санчез, преземи нешто. Ако не можеш, поднеси оставка,- изјави –Мигрант од Мароко.

Мигрантската криза предизвика и политички реакции во Европа. Највисоки италијански функционери побараа Шпанија да биде суспендирана од Шенген-зоната, оценувајќи дека не успева ефикасно да ја заштити надворешната граница на Европската Унија. Според европските медиуми, ваквото барање на Рим доаѓа во момент кога европските земји повторно ја отвораат дебатата за заедничката миграциска политика и контролата на надворешните граници.

Сепак, Мадрид го одби барањето за прогласување национална вонредна состојба.

Европската Унија понуди поддршка на Шпанија. Комесарот за миграција Магнус Брунер на платформата Џ соопшти дека ја изразил „подготвеноста на ЕУ дополнително да ја поддржи Шпанија, меѓу другото и преку Фронтекс, за ситуацијата да биде ставена под контрола“.

Тој нагласи дека заштитата на надворешните граници на ЕУ е „суштински дел од нашите напори во борбата против илегалната миграција“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЖСПП: Првичните резултати за пената во Вардар се во границите на дозволеното

Првичните резултати за пената во Вардар, доставени до МЖСПП од Град Скопје, се во границите на дозволеното, конечните анализи се очекуваат на 4 август.

МЖСПП: Првичните резултати за пената во Вардар се во границите на дозволеното

Во врска со регистрираната појава на бела отпадна пена во реката Вардар кај вливот на реката Лепенец на 24 јули 2026 година, Државниот инспекторат за животна средина, во координација со сите надлежни институции, веднаш презеде серија вонредни теренски и лабораториски активности.

Инспекторите на ДИЖС спроведоа вонредни инспекциски надзори кај индустриските субјекти во зоната кои се под државна надлежност. При надзорите не беа евидентирани законски нерегуларности, односно субјектите постапувале согласно пропишаните услови во еколошките дозволи за управување со отпадните води. Важно е да се напомене дека квалитетот на водите во овој појас е под влијание на повеќе различни фактори, вклучувајќи ги комуналните и атмосферските води, како и активноста на бројните деловни субјекти во околината, поради што сите надлежни органи дејствуваат координирано.

Со цел прецизно утврдување на состојбата, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје изврши земање мостри од водата на спорната локација и до Министерството за животна средина и просторно планирање го достави прелиминарниот извештај од 29 јули, според кој анализираните физичко-хемиски параметри на примерокот не ги надминуваат граничните вредности за испуштање во површински води.

Дополнително, по барање на ДИЖС, земени се мостри и од акредитирана лабораторија, чиј финализиран извештај ќе биде доставен до Инспекторатот и до Министерството за животна средина и просторно планирање во вторник, 4 август 2026 година, по што јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана за конечните резултати.

ДИЖС и понатаму ќе дејствува бескомпромисно преку редовни и вонредни надзори, со цел да се обезбеди целосна заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

Министерство за животна средина и просторно планирање

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Промовирани нови 53 офицери на воената академија

На свеченоста се обрати министерот за одбрана Владо Мисајловски кој на новите офицери во армијата им порача дека нивната промоција е нова дополнителна енергија и инвестиција во иднината на македонската армија и во безбедноста на државата.

Промовирани нови 53 офицери на воената академија

Во воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ денеска се одржа свеченост на која беа промовирани 36 питомци од 26. класа и 1 питомец кој дипломираше на воената академија „Вест Поинт“ во САД, во прв офицерски чин – потпоручник и 16 слушатели од курсот за стручно оспособување и усовршување за офицери за службите на армијата во чин –поручник.

На свеченоста се обрати министерот за одбрана Владо Мисајловски кој на новите офицери во армијата им порача дека нивната промоција е нова дополнителна енергија и инвестиција во иднината на македонската армија и во безбедноста на државата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер