СветРасте бројот на загинати и повредени, повеќе од 29.000 загинати, нови земјотресиСе зголемува бројот на жртвите од катастрофалниот земјотрес што во понеделникот ги погоди јужните делови на Турција и Сирија.Турскиот потпретседател Фуат Октај на прес-конференција изјави дека во таа земја загинале 24.617 лица. Досега е потврдена смртта на 3.575 луѓе во Сирија, од кои 2.167 се во областите под контрола на бунтовниците во северозападниот дел на земјата, покажуваат податоците на невладината организација Бели шлемови. Според сириските медиуми, повикувајќи се на сириското Министерство за здравство, уште 1.408 лица загинале во областите под контрола на владата. Десетина земјотреси се регистрирани синоќа и ноќеска во Турција и на границата меѓу Турција и Сирија, од кои најсилниот бил со јачина од 4,3 степени. Бројот на загинати во Турција се искачи на 24.617 во неделата, додека повеќе од 4.500 луѓе загинаа во Сирија. Вкупниот број на загинати во Турција и Сирија на тој начин надмина 29.000.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветБројот на загинати во земјотресот во Јапонија се искачи на 28 Бројот на жртвите од земјотресот со јачина од 7,1 степен, што ја погоди јапонската префектура Кумамото на островот Кјушу, достигна 28, соопшти денеска портпарол на јапонската влада.„Активностите за пребарување и спасување по земјотресот со јачина од 7,1 степен, што се случи во вторникот вечерта, навистина претставуваат трка со времето“, изјави главниот секретар на кабинетот, Минору Кихара, на прес-конференција во Токио, пренесе Кјодо. Локалните власти соопштија дека денеска продолжиле напорите за пребарување и спасување во урнатиот трговски центар и оштетената фабрика за хартија. Од префектурата соопштија дека шест лица биле без свест и не покажувале витални знаци. Меѓу жртвите, пет лица се наоѓале во трговскиот центар „Еон“ во Кашима, кој претрпе експлозија по земјотресот, а осум биле во фабриката на „Нипон пејпер индустрис“ во Јацуширо, каде што неколку оџаци претрпеле сериозни оштетувања. Железничката линија „Кјушу Шинкансен“ меѓу станиците Кумамото и Кагошима-чуо сè уште не е во функција, бидејќи операторот врши проценка на штетите. Заклучно со среда навечер, илјадници домаќинства биле без струја или вода, што предизвикало загриженост за состојбата на евакуираните лица. Според податоците од утринава, повеќе од 10.000 луѓе престојуваат во центри за евакуација, соопштија властите на префектурата Кумамото. Префектурата Кумамото беше погодена и од разорен земјотрес во 2016 година, кога загинаа најмалку 50 лица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГрад Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33
ЗдравјеМЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 73 пациентиВо јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 73 пациенти кои побарале лекарска помош, информира преку соопштение министерството за здравство. Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад" Гостивар се регистрирани вкупно 45 нови прегледи, од кои 26 на инфективно (со две нови хоспитализации) и 18 на педијатриското одделение. Во моментот се хоспитализирани по двајца пациенти на инфективно и на одделението за педијатрија. Во Здравствени дом Гостивар се регистрирани 28 нови прегледи во дежурната служба.Тагови: Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГрад Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 10Утрово, во раните утрински часови, беше спроведена десеттата фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје.Активностите продолжуваат и утре, согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје - Скопје. Во изминатиот период беа реализирани повеќе третмани за сузбивање на ларвите и возрасните форми на комарци: Дезинсекција против ларви: 7 мај - авионска дезинсекција; 11 јуни - авионска дезинсекција; 26 јуни - теренска дезинсекција; 10 јули - авионска дезинсекција; 23 јули - теренска дезинсекција. Дезинсекција против возрасни комарци: 1 и 2 јуни - авионска дезинсекција; 18 и 20 јуни - теренска дезинсекција; 27 и 28 јуни - авионска дезинсекција; 13 и 15 јули - теренска дезинсекција. Наредната недела ќе се спроведе и теренска дезинсекција од земја, со цел дополнително сузбивање на комарците и заштита на здравјето и благосостојбата на граѓаните. Продолжуваме одговорно, навремено и системски да работиме на заштита на јавното здравје и подобар квалитет на живот за граѓаните. https://www.facebook.com/reel/2110716592811003Тагови: комарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook